Твитер прашалник @____Angie
Инспириран од баба ми
Анџелина. Ова столче ми е спомен на неа, инаку мое „уметничко“ дело. (а кујзнае, може и античко да е).
2.
Опишете се (макс 140 нели)?
3.
Зошто си на твитер?
Премногу „бројки“ ми се
собраа во РЛ, па дојдов овде да одморам очи со букви.
4.
Шо преставува вашиот аватар?
Црвено – омилено.
Лижавката – дека и зборам и твитам со „усул“
заедно. Значи не:
24/7.
5.
Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Јас сè сама си правам, а понекогаш и си
купувам. Дојдов пред 38 месеци, а во МК Твитер пред 6 месеци. Порано бев
„воркахолик“, немав многу, многу време за твитање.
6.
Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
#шомие?
7.
Каде сте родени?
Јас сум „слетана“, сигурна
сум.
8.
Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Малку е месец, а меден ми
е секој. Каде би сакала до крајот - го
преформулирам одма прашањево. Куќичка, шанкче, сонце, песок, рибички, море...и
ќе ве чекам на твитап. Ете некаде во овој „круг“:
Иам и многу е убо, ако
знаеш како. #Iykwim
10.
Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Птицата Аљаска, дека
најдолго лета, без прекин (до 11.500 км). Ама имам некое претчувство дека во
пеперутка ќе се реинкарнирам.
Дополнителни
прашања
1.Каде би живееле во
Македонија?
Ја имам цела прошетано,
еден период и работата ми беше таква, секој ден си патував во различни места.
Цела си ја сакам, а мој избор е Гевгелија – заради топлината на луѓето. Да
додадам дека и сите дијалекти ги сакам и разбирам.
2.Најдобро
нешто што ти се има случено во животот?
Уф, многу убајни. Како лични, така и професионални. Но, сепак најбитно е:
Уф, многу убајни. Како лични, така и професионални. Но, сепак најбитно е:
3.Најдобар
Македонски филм?
Секогаш ми е тешко да
одберам омилено или најдобро, дека ги има многу. А си сакам сè што е создадено во Македонија. Еве
сепак „Пред дождот“.
4.Најчуден
ручек?
Јас што сум направила:
свински шницли со портокали; мусака од модри патлиџани со цимет; чоколаден
десерт со чили. Преживеани се сите што јадеа, а и репете бараа.
#СамоКажувам
5.Кај
се гледаш за 10 години ?
Ако не на
Кариби, некаде по светот како женска верзија на Тони Борден, или асистент на
Феран Адриа. Имам многу опции.
6.Омилена
песна?
Како и во
трето прашање. Си имам многу за во различни периоди. Ај сепак би ја издвоила
(дека е за мене):
7.Што
те нервира кај твитерџиите?
Усилено а неискрено
твитање, опсесијата со броеви, квантитет пред квалитет. Истово и за во РЛ важи.