Wednesday, June 12, 2013

Т.П @flooooorian

Твитер Прашалник  @flooooorian

1. Име (ник, кој ти го стави)?
Името ми е Флоријан, исто како и никот flooooorian. Да, со пет О, бидејќи седруго е зафатено. Името никој не ми го дал. Мое си е ама би го делел со тебе.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Јас сум како времево, или врнам или греам.
Крајни граници на social butterfly и мизантроп истовремено.

3. Зошто си на твитер?
На почетокот од авто-индуцирана досада.
Понатаму за само-промоција на работите кои ги правам во слободно време.
(
http://awramoski.com/  / http://dijazepam.tumblr.com/ /http://www.mixcloud.com/flooooorian/
http://mavramoski.wordpress.com/  )
 И на крај за да ги ставам случајните мисли на оваа виртуелна дебитна картичка.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Meне.  #богдачува

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сам се донесов. Не се заебав во никој случај чисто поради фактот дека во ниеден момент не се препуштив на толпата што ги следи тотално небитните социјални трендови од типот на #вчерајадевпиздазадоручек #цицки #глупитвитови

Да нагласам дека си создавам пара-интернет-психологии каде што можам да приметам кој се „труди“ кој лаже, кој краде и кој спие на таванот на твитер.
#заебано #замногугодини #македонецсуперхерој

+  си следам актуелни светски вести и да се пофалам дека веќе неколку месеци избегнувам тајмланј на твитер и си пишувам за себеси и читам само одбрани т.е пријатели или луѓе со слични интереси на моите.
6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Дечки дојдов овде со надеж дека ќе следам и гледам љубов и разбирање, не вицови со IQ на риба од преспанско, говор на омраза по било кој основ и карактер. (ама еве чисто сумљам дека овој твит ќе го собере у облачено)

7. Каде сте родени?
Во земјата што уште се обидува да ме проголта ама не успева да ме дигестира.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден, еве сега за сега би отишол повторно во Љубљана чисто затоа што сум сеуште под импресии од општествената уредност, зеленило, урбаност, култура.
Меден месец со љубовта е било каде. Само да има цвеќиња или вода, музика и голотија. 

9. Брак?
Мрак.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?

Не знам навистина. Во опасност сум мачка, во ноќта сум волк, на сонце птица.
А изгледа сум само еден Човек од зоолошката „Македонија“
#Хаику #цепам #брате

Дополнителни прашања
 1.Најдобар кафич у Скопје?
... л о л ... #утепалисебато

2.Каде се гледаш за 10 години?
На обуки низ светот. Урбан номад во метрополите со многу галерии, музеи, театри, библиотеки и последно но не и помалку битно, #лудило клубови.


 3.Најдобар Македонски филм?
Имам неколку ама ќе ги нагласам следните:
„Како полицијата убива и поминува неказнето.“
„ Како преку фашистички владини регулативи да го држиме народот во раце“
„ Ајде да ја укинеме секоја можна граѓанска иницијатива.“


4.Омилена храна?
Зелени салати и некои цвеќиња што обожавам да ги јадам. + нови јазици, видови пијалаци што ги немам пробано. Cигари чии кутии се скроз црни, скроз бели или шарени.
И најбитно,  мозоци и луѓе.




5.Колку твитерџии познаваш лично ?
Уф... само со Zachary Quinto изгледа...  #љољ. Со доволно т.е оние со кои ме гледате дека комуницирам на твитер.

Плус прашања од @endorfinik
1.Омилен дел од денот?
Утро на планина и навечер во градот. Ама од искуство еве секој дел од денот поминат со #дкск кланот знае да биде екстра, ултра, убер забавен и незаборавен. Небитно дали се тетовираме заедно, праиме растур, или дремеме во непознат стан. Ете една поука.

2. Што сакаш најмногу да јадеш со мене,
 каде, и што да пиеш?
Знаеш дека со тебе си имам најдобри јадења чии видови  уште не постојат. Да образложам, јас и @ендорфиник можеме да се направиме лом и да правиме јадења со состојки кои што не постојат, да јадеме во делови од денот за кои ни англичаните сеуште немаат збор.

3. Што мислиш за Линдзи Лохан?
Дека е пример за младината. Сигурно зимала ептен квалитетна кокса пошо изгледа ко божица.  (лол)


4. Црна или бела боја (образложи зошто)?

Црна и бела ми се истото. Љубов, чистина, минимализам, контраст, одлика, карактер, двополовост, сеопфатноста на двете страни од Мене.   + црно/бела боја, минимал
и клин кат се предиспозиции за убавина.  ( google: Comme des Garcons, Isabel Marant, Jill Sander, Yohi Y. )
Ипак јас си цепам ултра гето-стрит стил.


5. Ако би те викнале да изиграш партија крикет, со кого би било и зошто?
Со #Ж можеби... Да го прашам како од боксер се станува премиер. Се зезам, би играл крикет со кој било што ќе ми покаже како се игра.