Твитер Прашалник @endorfinik
1.Име
(ник, кој ти го стави)?
- Со се презиме, ми
го ставија по дедо ми. А никот, веќе не бев во пелени па сама си го ставив.
2.Опишете
се (макс 140 нели)?
- Јас сум мојата
коса кога на неа можеш да ги видиш сите нијанси, од изгрев до самрак. Сакам
кога ме лаат кучиња.
3.Зошто
си на твитер?
- За да пишувам
работи за кои луѓето не ме прашуваат. Најверојатно.
4.Шо
преставува вашиот аватар?
- Малите језиви
близначки од The Shining , само нацртани во помека верзија. Двете во мене.
5.Кој
ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
- Се донесов сама,
па се избркав сама, па пак се вратив сама. Нема заебување, кад је бал нек је
маскенбал.
6.Ова
ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
- Тргни го рачето,
нема да боли.
7.Каде
сте родени?
- Во градот за кој
еднаш е испеано:
„ Сонцето се зад
облаци скрило,
да не гледа жални
настани.
Тогај рипнат сиот
ле ми народ
грмна песна, народ
прозбори,
над урнатини
палати да дига,
место жалој, живот да гори. “
Милото ни Скопје J
8.Каде
би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-На еден месец
било каде поред тиркиз море. А на меден, во житно село кај што нема ниедна
сенка.
9.Брак?
Рефренот на
песнава вика ‘оди
си лепотице бубамаро, деца и старци, јас не сум за мажење!’ Барем не у скоро време.
10.Ако
реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
- Не знам точно,
ама сигурно нешто морско, или у најмала рука приморско.
Дополнителни прашања
1.Најубав Македонски споменик?
-МОБ. Тектонски
монумент, а лебди. Остриците на белата
боја.
2. Некогаш и негде....?
- Е увек боље од
секогаш и сегде. Ќе се сретнеме пак.
3. Омилен твитерџија?
-
Немам еден. Моиве #дкск. И уште пар други.
4.Нели е малку казна од 75е за шверц у
гратски?
-
Апсолутно! Треба и да ја дуплираат.
5.Зошто беше на концерт на Аца Лукас?
- Затоа што не бев ☺ Ама ветувам дека ќе отидам. Некогаш.
Прашања од
@shekerovah
1.АнастАсија или АнастасИја?
- Кога ќе ги чуеш
нема ни да е битно. Од грчки значи ‘воскресение’, тие го изговараат со акцент на И.
2. Како надежна архитектка, што најмногу ти
се допаѓа од СК14, ама најсериозно?
- Прашањево не ти
е сериозно ☺ Ако памтам добро, Македонската
Филхармонија. Ама таа уште не е
изградена нали.
3.Зошто не dopaminik?
- Затоа
што ова моево се буди на помали, а послатки нешта ☺
4.
Омилен архаичен збор?
- Дамар, севда,
ачлак, јад. Многу, сите!
5. Магритт или Дали? (образложи)
- Двајцата имаат
сличен пристап према епохата во која творат, ама техника ги дели - Магрит е
поконцизен и почист, што е исто супер, за разлика од Дали. Инаку Дали ми е мене
лично опиплив и ја имаа таа топла темна страна што за се’ ме осваја.