Friday, June 28, 2013

Т.П @m1ssy_

Твитер Прашалник  @m1ssy_ 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
-Ников као ник ми го стави...ЈА школските на времето. Од само-ним-познати причини. Сеа малку се засрамив што сите ми го ставија, а многу школски имав.
Додека пак, името(вистинското), ми го ставила мама. Ме крстила по некоја нејзина омилена странска пеачка од тоа време. Среќа што слушала и странска музика, замисли да се викав Петранка, Јорданка, Стаменка...? о.О

2. Опишете се (макс 140 нели)?
- Да пишеше „во кратки црти“ ќе се опишев вака: „- - - - - - - - - - - - - - - - - -“ и решен проблем. Ама, затоа што си паметен и ме зезна, еве ќе се обидам:
(од тука почнува одбројување до 140, нАли?) Скромна, друштвена, по моите – ненормална, по друштвото – луда. Значи, едно е сигурно – мозок немам. Инаку, многу сакам да се смеам на своја сметка, али пошто ми се испразни, сеа се смеам на сметка на политичариве. Нивната не се празни! ОКПОЗЗ

3. Зошто си на твитер?
-Пошто професорката по македонски нема твитер и не ме следи/чита, па слободно можам да си го употребувам „ПОШТО“. И ПОШТО ми се допаѓа тоа што читам различни ставови, дискусии, мислења од достра бистроумни лица.

4. Шо преставува вашиот аватар?
-Го ставив за да ве лажам дека сум убава ко таа на аватарот. #хехе

Според мене, претставува мистичност, таинственост, личност која се крие, но внимателно набљудува сè околу неа.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
-Ме донесе таман пред последнава Нова Година @NochnoyOkhtonik, НО после ден-два, ТОА што врска немав за што се работи на твитеров ме однесе со виорот и ми го деактивира профилот. И на крај пак ме донесоа изборите. Море, му ебав матер после тоа од твитање.
И не, не ме заеба. Еве, јавно му се заблагодарувам, иако тој се спаси, си твита поретко, а јас се искривив - ни Космодиск не ме спасува.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
-Мама се породи, врпцата е исечена, енд ам вери БЛАДИ МИСИ. А ви како те?

7. Каде сте родени?
-Како тоа каде сме родени? Мене штркот ме донесе. МАМОООО, ВИДИ ШТО ВИКА ИЏИ !!
(контрадикторна сум во однос на претходното прашање... и убаво ми е!)

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-За еден месец ќе го прошетам цел свет, ама сигурно ќе ја скокнам Грчка додека скролам со маусот по ГУГЛ ’РТ-от. А, на меден месец, негде кај што нема комарци, зашто ако некогаш имам маж, не сакам месецот да „плеска“ комарци, туку нешто друго.

9. Брак?
-Обама? Ааааа, брак... Ништо чудно, во некој нареден живот. Или и во овој, ако најдам некој што ќе ме трпи ваква каква што сум. Воедно паметен, бистар, мил и да не хрчи. Ок, ќе останам сама, знам.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?

Еве, ова. Ама, со мал пропуст – некој мелез е од еднорог и... ок, признавам, ЈУЖНОСОСЕДСКО-митолошкиот Пегаз.
Ќе летам, ќе лумпувам, рог ќе си имам, нема потреба да ми ги набиваат и пЉус, убава ќе бидам. Ако не во овој, барем во тој – наредниот живот.
Пази, чак што више, коњ си е коњ, може некад ќе ме стават и на плоштад, па ќе ме хејтате. #хехе

Дополнителни прашања:
1.Омилена турска серија?
-СИТЕ. Како можам да издвојам? Срцево ќе ми се откорне ако ги делам. Ко деца свои ги сакам. Омилен лик – Али со Ризлата. Ииии... оној убавион... упс, немаше таков.

2.Кој е најсмешен твитерџија?
-Што сеа, сакаш да ме раскараш со сите? Ок, ама ако е на српски.
Нема смешни твитерџии, има смешни твитови!

3.Кај на зимовање?
-Како што можеме да забележиме, тоа е врло скоро. После есен иде зима, така да, се спремам да отпатувам во МАЛТА. Пошто оваа ГОЛЕМ’ТА потешко се загрева зимно време.

4.Зошто пилето ја помина улицата?
-Зашто начека зелено, СРЕЌНОТО КОПИЛЕ!

5.Треба ли Македонија да има крал?
-Кралица имаме – ЕСМА. И да, треба да се омужи, па да добиеме и крал. Патем и крал имаме, ама не се важи, без круна бил(читај: Миле Кузманоски).

Прашања од @ElComdandante 
1.Кога би можела годината да ја скратиш на 6 месеци, кои би ги одбрала?
-Јууууунииии, Јулииииииии, Авгууууууст, Ноемврииии(ради песнана Новембр рејн да имаТ кога да се објавиТ на фб). Ај, нека има и Јануари, ради празници, оти вернициве ќе се налутат. И ај, рецимо Март, ради двете цицки - 8-ми Март.
Р.Ѕ. Месецот со мојот роџенд’н намерно го изоставив, за да не стареам. #КажиФинта,А?

2.Омилена книга?
-Море чоек, ти личам јас на некој што чита книги? Единствено нешто што во животов го имам прочитано е содржина на детергентите при долготрајна посета на ВЦ-то. Откако отворив твитер, ни нив не ги читам, само вас!
Инаку, ми рекле дека Иван Исцелител има добра книга напишано. Еве не знам, прочитајте, па кажете.

3.Колку ги мразиш грците?
-Во мерна единица ВЕТО – 1325352312184192758136742912 ВЕТА на ТРЕТА.

4.Свесна ли си дека за ваква иронија се добива ќелија до Бошковски?

 5.Врне истура....сама во кола...двосед...проѓаш покрај автобуска, тамо чекаат...
Хирургот кој ти го спасил животот
Мало дете
Стара баба
Бремена жена
            Кого ќе земеш со себе и зошто?
-Хирургот не го земам, пошто ВОЛКАВА рана ми остави. Малото дете нема пошто сигурно има и топка, па ќе ми ја пукне главата додека тропка. Бремената жена, такоџе - НЕ, затоа што подобро на дожд да ѝ пукне водењакот, отколку кај мене во кола.
Ќе си ја земам бабата. Ем бабата - среќна, ем јас - сита и облечена.
ДОБРООО, ќе им пратам после такси на другиве тројца. Барем таксистот ќе им каже дека времето не чини и не се излегува надвор, зашто колената ќе ги вртат и се нема пари!

6.Кога би можела да го запреш времето, во кој момент од животот би го направила тоа?

-Би го запрела времето кога е сончево. И нека ни седи такво дур не ни досади, после тоа би го запрела кога вие сакате, по договор... на нотар.