Thursday, July 4, 2013

Т.П @FStojanovski1

Твитер Прашалник  @FStojanovski1 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Како мислиш кој ми го стави? Аааа никот. Јас си го ставив. Никот. Еднаш рандом ми текна и така се пишав. Подоцна и виц измислија за Ф или П.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Убав, згоден и неопходен. Имам прилично карактеристична смеа со прилично многу децибели. Ги смеам луѓето околу мене, а и сам себеси.

3. Зошто си на твитер?
Искрено, на твитер сум заради луѓето. Ова е еден вид природна селекција; кој знае да користи твитер, заслужува да го користи. ВЕ САКАМ, МВАХ.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот сум јас како се смеам, зашто СЕКОГАШ се смеам. И кога многу се напнувам имам громче на челото, па и тоа е прикажано на сликата.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Јас се донесов, значи се самоза*бав? Првично дојдов за да следам селебритис и научни списанија за да бидам во тек со настаните во светот. Yeah right. Подоцна се’ тоа одследив и сега е топ. А воопшто не жалам што сум на твитер, иако голем дел од времето го поминувам без везе.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
#Како #оди #ова #со #хаштагот?

7. Каде сте родени?
Крива Паланка, затоа цел живот се чувствувам криво.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец (или до крајот на животот) било каде освен тука. Пожелно Швајцарија. А чекај, за меден не треба да имам жена?

9. Брак?
Пожелно.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачка (иако сум алергичен на нив). Само ќе лежам и ќе бидам како “HUMAN, BRING ME SOME FOOD.”

Прашања од @Art1ficialB 
1.Дали ти се допадна престојот во Кичево и зошто да? И што ти се свиде најмногу?
Кичео е чуден град. Никого не разбираш во кое време и лице ти зборува, ама само климаш со главата и океј е. Кафичите ви се топ (како и девојчињата #хехе). Во Гравити толку се препотив како да сум бил на пул парти.

2.Дали е вистина дека те бркаат од кафиќи зошто си им ги прснувал тапанчињата од смеење?
НЕ, ГО ДЕМАНТИРАМ ОВА, уствари да. Кого лажам. Глувите прослушуваат, а тие што слушаат оглувуваат заради мене. Другарите оштета ќе бараат од мене на стари години, сериозно.

3.Ми кажаа сте преговарале да ставиш mute на смеењето. До кај си со планот?
Тешко. Јас планирам смеењето да си го заштитам како национално богатство. Ако се трудам да не се смеам, ќе експлодирам. Не би сакале да се случи тоа. Плус, ги смеам луѓето околу мене и секој сака да ме снима.

4.Кој ја искриви Паланка? Миси вика Жерновски ја искривил. Ти што ќе кажеш на ова прашање?
Прво Бранко ја кривеше, па Жерновски, следен не знам кој е. Не е точно. Паланка е крива заради луѓето, сите подгрбавени одиме. И реката ни е крива.

5.Со колку базуки и тенкови одиш на увид?
Со цела артилерија! До сега супер функционираше, секогаш ми давале плус поени. Убедлив сум, а и срцка.

6.Зошто цел семестар го помина во читална, не те збираше дома да учиш?
Цел семестар бев во читална зашто таму немам интернет, ПА НЕМА ДА СЕДАМ НА ТВИТЕР ЦЕЛО ВРЕМЕ. Да имаше интернет ќе ми беше твитална, а не читална.

7.И за крај што имате да изјавите за нашата и за вашата телевизија?
НА ХАВАЈСКИТЕ ОСТРОВИ МАДАМ. ЧАО.