Monday, July 8, 2013

Т.П @Y2KBIOHAZARD

Твитер Прашалник  @Y2KBIOHAZARD 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Машинецот – по тоа шо студирам на Машински. А бројките и буквите од username-то не се рандом. Еве што значат: Y2K компјутерски вирус, BIOHAZARD – (Biological hazards) биолошки опасно. Со еден збор “заразно“. Ааа да, сам си го ставив, инаку сум го ставал на други, ама не давам никој да ми го става.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Креативен, со идеи (не идеален), #лажам кога морам, искрен, лојален, двосмислен, брзо размислувам и бавно пишувам, и чувам пајаци по дома.

3. Зошто си на твитер?
Дојдов на твитер бидејќи има луѓе на кои можам експериментирам, за да им го менувам начинот на размислување. Да донесам мир во светот и да научам морзеова... Се зае*авам... Тука сум за да видам како размислува светот со здрав разум, да бидам мудар, да тролам политичари и славни личности, да се “едуцирам“ и информирам, да силувам конекти, да ве насмеам, и најважно да помагам при управување на државата... А тоа шо пингам за крадени твитови, шо правам #FF во било кој ден кога видам дека некои си прават муабет, и шо пишувам глупави риплеи е бонус.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот ми претставува дека сите будно ги следам од сенка, со црвени (крвави) очи и подочњаци.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Ми беше твитнато ама помина незабележано. Главен виновник е @KrisGorgieva  ме праша “имаш твитер?“. А инаку сам се за*бав кога си направив твитер бидејќи не твитав. Потоа сфатив зошто сум имал твитер и се осетив за*бано.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
1. Направив твитер.
2. Го скршив јајцето (сменив аватар).
3. Заследив 100 твитерџии.
4. Е сега идам да му кажам “чао“ на психологот.

7. Каде сте родени?
Мислам во Штип, така ми пишува во изводот, а јас не се сеќавам бев мал и збунет. Ааа да, и ова морам да ви го кажам, сум почнал да лазам на 4 мецеци.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ми се иде на Ибица месец дена... или било каде, само што подалеку од Македонија и земјите како Македонија. А ми се иде и на повеќе од месец. А за на меден треба да сум женет, така? Епааа, тогаш со идната ми жена ќе одлучиме, инаку ми се иде у Парис. А кој ги финансира овие патувања?

9. Брак?
Не, уште не сум женет, јас сум Твитераш. Do I really look like a guy with a plan? ... добро де планирам, кога ќе го фатам бидермаерот.

10.Со која историска личност би се мењал?
Мислам дека сум доволно оригинален, не би се мењал со никој. Ако би морал да одговорам тоа би бил Никола Тесла, зошто имам големи идеи за човечтвото.


Прашања од @FStojanovski1 
1. Колку сакаш математика и зошто не?
Од нула до бесконечност... со предзнак минус 0 → - ∞. Оти сфатив како треба ја користам во РЛ и дека е како смртта. Никој не избегал од неа (освен бессмртните - боговите)

2. Колку е извод од е^х и зошто?
Извод од (ex)=ex, а од (неопределен) интеграл ex =ex+C
Објаснување зошто:
Се шета една функција и ја здогледува извод и, изводот ѝ вика “Ќе ми дадеш ли едно јако да те издиференцирам?“. Оваа се согласила и идат завршуваат работа. Функцијата повторно излегува на улица и ја пресретнува интегралот и ѝ вели “Маче дај да те интегрирам“ и оваа му вика “Прееска ме диференцираа и џабе ти е да ме интегрираш кога јас сум Е на икста (ex)“.

3. Имаш место да ги пишеш на лист сите што те фејваат и ретвитаат или се откажа?
Не верував дека твитот ќе стаса до фавстарот, а инаку скоро го започнав “проектот“ го направив првиот чекор, изгледа ќе започнам да пишувам на хамер. Еве ви и доказ

4. Не знам што е прашањето, ама одговори го на дијалект.
Шом вија не о знаате прашајнето, јас го знам. Шо значи и одговоро сто посто ќе е точен. И ќе одговорам со “Да“. П.С. ваа прашајне ми е еднό од потешките појма немаах как да го одговорам.

5. Колку плата ти даваат од твитер? (Знаеме дека ти даваат плата штом 24/7 си онлајн)
Штоо? плата? Знам дека знаете дека сум присутен во сите 3 смени, ама не сум 24/7... е добро де 16/7 сум... Каде треба да оставам документи? Ако треба и 24/7 ќе сум онлајн!

6. Ако имаш три пенкала, и две отидат на Марс, колку ќе биде центрипеталната сила на моторот на роверот доколку пенкалата се црни?
Немам учено за “центрипетална сила“, ама можам да го одговорам прашањето, иако не знам шо е “центрипетална сила“,најверојатно ќе треба да се изрази во Њутни (N).
Имаме 3 пенкала, штом се црни апсорбират повеќе енергија од белите, имаме 3 пенкала и плус константа во зависност од абсорцијата на енергија (3P+C = [kg]). Доколку роверот тргне од земјата, за да стигне до безвоздушниот простор треба да ја совлада силата на гравитацијата (земјиното забрзување) (g=9.81[m/s2]). Треба да отпатува на оддалеченост (приближно) 77 940 000 [km]. Марс е приближно двапати помал од земјата, значи забрзувањето на Марс ќе биде gm≈g/2 [m/s2]. А центрипеталната сила сила на роверот треба да го совлада земјиното забрзување. Центрипеталната сила (F) треба да е Fcz≥(MR+2P+C1)*g= [N]. А за роверот да слета на Марс потребната центрипетална сила треба да е Fcm≤ (MR+2P+C1)*g/2= [N]. (не ми е дадена масата на роверот и пенкалата, заменете ги вредностите (во kg) и ќе добиете резултат) ОК?

7. Омилен твит. (твој или нечиј друг)?
Не сум нарцис, ама ќе ставам мој твит. Штом  мора да ставам еден омилен твит е тој е овој твит.