Твитер Прашалник @j_romanova
1.Име (ник, кој ти го
стави)?
Романова,
тоа е моето презиме. Потекнува од царството Романови. Да, изгубената принцеза
сум.
2.
Опишете се (макс 140 нели)?
Насмеана,
филмофил/филмоман, сериофил/сериоман (како сакате), #наточак, на пиво и на кино.
3. Зошто си на твитер?
Дојдов,
видов, паузирав, пак видов и останав. ''Имам твитер одамна, ама не го користев''.
4.
Шо преставува вашиот аватар?
Јас сум на аваторот, во
Градски парк.
5.
Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Дојдов
по препорака на @ivobosilkov.
И не, не ме зезна, напротив. Имам и аир видено од Твитер. Учествував во
натпревар за најдобро видео, па благодарение на Твитер и на баговите си го
споделував сама видеото и секое
споделување ми се броеше како глас. Среќа што имав двоцифрена бројка на следачи
тогаш... И освоив трето место (имаше гласање и од жири, не дека до толку си го
споделував видеото!)
6.
Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Веројатно би препорачала некој филм:
Гледајте европски филмови - Le Prenom (2012)
Веројатно би препорачала некој филм:
Гледајте европски филмови - Le Prenom (2012)
7.
Каде сте родени?
Во Скопје, Топанско Сити.
8.
Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би отишла до Италија на
еден месец, а на меден во Шпанија.
Којзнае!
10.Со
која историска личност би се мењал?
Хммм,
со никоја. Би се мењала само со талентот на Дејвид Силвијан за творење, за да
можам да си ги искажам чувствата на лист хартија.
Прашања
од @ivogievski
1.
Foo Fighters или Ramones и зошто не четка кога слушаш толку многу панк?
Прашањево
е исто како да си ме прашал Морисеј или Дејвид Силвијан. Различни се. Ramones
се најдобри #наточак. Foo Fighters ми се стара љубов.
Четка никако, косава ја пуштам од матура! J
Четка никако, косава ја пуштам од матура! J
2.
Челзи и Реал. Хмммм, знаеш кои се Торе Андре Фло и Мичел Салгадо (и не гуглај
за ова, нема смисла)? Ако не ги знаеш, навиваш за двата клуба откако купија се
живо (моја констатација ова). Објаснувај!
Корекција:
Челзи па Реал. За мадридистава немам слушнато. И не се вика Мичел Салгадо, туку
Miguel
Ángel "Míchel" Salgado Fernández J и викаат дека Реал освоиле Лига на шампиони во
негово време (два пати). Не
гуглав! И случајно видов дека Барселона биле толку тапа што само 4 титули имаат
во ЛШ, а Реал 8.
Челзи
ги поддржувам од времето на Мурињо до времето на Мурињо (сега).
3.
Од кога немаш гледано нормален филм, неврзан со тешки психологии? На пример
некоја епска приказна? Цртан? Го потисна детето во себе или?
Не гледам
само филмови врзани со тешки психологии. Гледам скоро се', ама мислам дека никогаш нема да го
гледам Хари Потер. Последни што ги имам гледано се Brave, Hobbit, а на времето омилен ми беше Gladiator.
4.
Лик од филм што го гледаш како идол? И зошто?
Немам
идол од филмовите. Имам идол кој е вистинска личност.
Ликови
кои го обожавам се Wolverine (Hugh Jackman), Batman (Christian Bale), Joel Barish (Jim Carrey),
Driss (Omar Sy), Abed од Community
како и Señor Chang во првите две сезони.
5.
Легендата вели дека си пиела преку 10 текили на излагање. Или вистина е ова?
Легенда
е. Ама знам една личност која може да испие 10+ текили, литро ракија, многу
пиво и вино и да си оди дома со кола разочаран дека не му делувал алкохолот.
6.
Се зборува дека го имаш најјаката задница на твитер. Кои аргументи имаш да го
потврдиш тоа?
Веднаш
после Гиевски, да. Аргументи немам, кој видел - знае!
7.
Помлад или постар дечко? И зошто помлад?
Постар
нормално, неjќам
да изигравам мајка :-)