Thursday, July 18, 2013

Т.П @zocikubanac

Твитер Прашалник  @zocikubanac 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Значи вака, увек коа ке ми светне дм сијаличето знам дека некој ме прашува што значи "Rorschach".Значи еовака, Роршах е психијтаратска техника (роршахова техника) и воедно името на еден стрип јунак од Watchmen.  Иначе сам си го стаив, пошто нели тоа е името на мојот омилен лик и јас сакам да сум како него!

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Лабав! Фин! Ако смеам да кажам хумористичен (на нивоу) ! Обожавам амерички серии!Сезнајко! Дебатирач!Гомнојадач! Марчело, Еминем, Екс ју рок.  И да, обожавам да оставам три точки после реченица...

3. Зошто си на твитер?
Е сеа, на твитер сум заради луѓето! Пошто сакам креативни луѓенца, а тука има многу такви...

4. Шо преставува вашиот аватар?
Наравно дека на мојот аватар е ликот на роршах, и сцени од филмот Watchmen! (да го глеате, мн е добар)  ...

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сам се донесов на твитер далечна двехиљадудевета година, али тогаш не се задржав многу. Сега скоро пак се логирав на профилот, и еве уште неможам да се одлогирам... Иначе мислам дека не се заебав. Мислам!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ја батка највише се плашам од пајаци, али не оние со осум ноѕи, него оние со осум тркала!

7. Каде сте родени?
Роџен под сретном ѕвездом магичном, али над овом земљом генерално трагичном - Балашевиќ ! (да не кажете после дека никој више не го цитира) ...

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би идел сегде, само да ми даат одмор од работа... значи буквално сегде... А за меден папучарски, кај што сака она бе батка!

9. Брак?
Бракот е љубов, љубовта е слепа! Значи бракот е за слепци... Шала на страна... Ваљда... некад...

10.Со која историска личност би се мењал?
Со Тесла ! 10/10 пати!

11.Кого би лустрирал од твитер?
Море сите ке ве лустрирам и право кај Евтов у емисија би ве пратил!

12.Омилен филм?
Watchmen (Duhhhh)


Прашања од @IbraimZekir1 
1 .Избери едно :
a). Да можеш да го збориш секој јазик течно
б) Да можеш да збориш со животни
Зошто? 
Со карактерот мој кога би го зборел течно секој јазик, нема кај не би изел ќутек!
Значи дефинитивно со животни би сакал да зборам, башка сакам животни! Имам и мачка (мрзлива исто ко мене) и баш би сакал да се изнамуабетиме...

2. Има ли некои твитерџии со кои цел ден би го поминал денот? Кои се тие и зошто?
Со сите мои хиљаду и кусур фолоуерса , прибидејќи сите си ги сакам...

3. Кое е најглупото нешто што си го направил во животот?
Можам цела листа да ти приложам, али мн матерјал за чешлање... Вака најглупото нешто у животов ми е што сум се родил 20 години покасно...

4. Каков си кога ќе се начукаш? Ова од последниот твитап информација, викаат дека многу незгодно беше.
Хехе... што си ти... Баш си беше згодно...  а тоа што алфите ме нејќат не е до мене до нив е ... ја сум си баш кул!

5. Кога веќе еднаш ќе се решиш да одиш во теретана и зошто никогаш?
ааа дираш у болни рани... Батка ја сум цело време решен да појдам у теретана ако ме веруеш...  И ако некој ти каже супротно да знаеш дека лаже и дека е курва...

6. Може ли да споделиш со нас каде работиш и зошто не?
Батка сите што ме знаат, знаат и дека без 7 текили ја не кажуем кај работам. Неможам да ви кажам оти знам кој ремет ке падне на тл... Ке ви наговестам дека под мене има хиљаду и кусур души...