Wednesday, July 31, 2013

Т.П @safarafov

Твитер Прашалник  @safarafov


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Ник:Слотер, Корисник(чат-пат) @safarafov е од Бал Кан Кан Докторот,ако добро се сеќавам никој ми го нема стаено до сеа,башка со тапа шетам.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Прав другар сум,цело маало ко помал ми викашеДруже,ај по цигари,еве како да ги одбиеш?

3. Зошто си на твитер?
Некои работи не сакам да му ги кажам на мозокот.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Зар треба да се одговори и дали некој не ја знае таа легенда?

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Штркот ме донесе на твитер,@mikithemaus знаеше дека сум болесник и запна ај бе дојди,ајде ќе се заебааме и iOстанав.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Диџеи има,пари нема.

7. Каде сте родени?
Во една држава со 20 милиона која со јака диета ослабе на 2 милиона,роден град Скопје-небарокно

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец а и поќе на Мадагаскар,а на меден со медената,да мекнееме на Бали.

9. Брак?
Чекај не требаше првин за врска да прашаш?Одма со пушки,а?Ќе биде,најдена е уште да ја земеме.

10.Со која историска личност би се мењал?
Наполеон Жбонапарта. (Ж-то е намерно)



Прашања од @j_romanova
1.Што се случи со југото на сервис?
Мајсторот крена раце и рече АБЕ АЈДЕ!!!-до тој степен заебано.

2.Во Богомила се фалеа дека си бил одличен DJ. Пред колкава публика настапуваше?
Уф,пред 4-5 души кои имаа душа да ме слушаат,после малце се испразни и распукав.Ме викаа дури и на бис,чуда прави сожалувањето,како човечка особина.

3.Дали ти се има случено кога поминуваш со кола некој да ти фрли диплома низ прозор?
Да,така си завршив на ФОН,можев и на Европски,ама тој ден јадев у Дромска 7-ца.

4.Зошто колата ја паркираш во Србија, а работиш во Капиштец?
Ја мислам да о Томе го прашаме Друже Градоначалниче ЖИрИновски,пошто Тинекс не може веќе да се такмичи на Тур Де Центрас,дигнал килажа.

5.Дали е можно апаратот за алкохол да не покажува ништо, дури ни по испиени 10 пива?
Има финта,џандарот те држи за јајца,а ти искашлуваш на лево.

6.Имаш ли Твитер симпатија?
Имам

7.Слушнав  дека во Богомила си и пеел на некоја слика. Вистина ли е?

Има видео запис од тоа,али ко што рече Владо,некогаш и негде.Не бев ја крив,сликата не беше крстена,мораше да се напраи адетот.