Friday, October 18, 2013

Твитер Прашалник @podzemjeto


Твитер Прашалник @podzemjeto 


1.Име (ник ово оно)?
Бо-бан. Брчка и неговите мутации (Брки, Брк, Брци)

2.Висина и тежина?
Надпросечен кинез кој не би можел да скокне на Месечината.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Проќелав со црно бели ефекти на влакната.  Девојчиња од средно ме викаат чичко.

4.Убав? (одговори со да или не)
На мајка. Ако се земе средна вредност, не не.

5.Зошто си на твитер?
Да го спасам светов па после многу години да се слави името мое насушно, да се носи на маички и да се изработат беџови со мојот надимак.  Ништо посебно, како и останатите на твитер, да ставам фејв и РТ на све живо и диво.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Настинат дечко, седнат на цименто (не ја слушав баба ми кога збореше) кој гледа како две мравки се парат.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?

Вук Самотњак.


8.Вашето прво искуство?
Ја чекав пред семкарницата 157 минути, кога дојде ми рече ајде да ме носиш на Кале. Нит кола имав нити она. Искачувајќи се нагоре она ми настина.  На седмиот километар не фати дожд. Такви наврнати, влажни, сензуални, добивме пневмонија. Посебно искуство...

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Да бидам искрен не сакам многу ама на месец би идел до Нгорогоро, Танзанија. На меден ништо посебно евентуално до Геирангерфјорд & Нæројфјорд, Норвешка.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?


11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Кромид. Сите потајно би ме јаделе по дома.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би иделе до Дестан на 15ка со кромид и по три пива и би му рекол кога ќе се врати назад да им пренесе на сите топли поздрави од земјата. Или треба да се сретнам со жива историска личност?

Прашања од @voyoob2 
1.Се наоѓаш на пуст остров, на 300м од тебе гледаш брод. Пред да почнеш да пливаш накај бродот, лево од тебе здогледуеш порција ќебапи. Како ќе се сокриеш од бродот?
Седнуем, позади една палма ја јадем едната порција ќебапи и на претпоследниот ќебап праем нова нарачка. Бродот и да ме види, негов проблем. Не мрдам никаде! 

2.Јога у природа или точак у планина?


3.Имаш 4 пива, ама само 20 мин. за пиење на истите. Како ќе го пополниш времето за преостанатите 7 мин.?
Значи у просек сум пиел по 3 минути едно пиво, тоа ако се одземе од вкупните 20 минути и се квадратира со степенот на алкохол присутен во пивото и на него се направи куб односно на трета, ти остануваат уште три пива за преостанато време. Конобар, пиво!

4.Мора да бираш помеѓу кафана со екипата или кафе со школски од средно. Колку време ќе ти треба да одлучиш што ќе пиеш вечерта у кафана?
Со помош на моќта на сивиот череп и брзината на мислата во моментот на изустување на судбоносното ДА, знам дека ќе пијам жолта...и пиво.

5.Поздрав до Твитер со твојата омилена песна