Sunday, October 20, 2013

Твитер Прашалник @marijanaj


Твитер Прашалник @marijanaj


1.Име (ник ово оно)?
Маријана со големо М..инаку @marijanaj..

2.Висина и тежина?
Мало пакување..

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Без вештачки бои и адитиви...

4.Убав? (одговори со да или не)
Да..(убава на тато)..

5.Зошто си на твитер?
За да кажам нешто или ништо..

6.Шо преставува вашиот аватар?
Битлси..лав из ол ју нид..ко воли нек изволи!!

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да,во црвено-карирана врска..ѓаволот е во детаљите,нели?!

8.Вашето прво искуство?
Не верувам во прво искуство..

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Зашто само на еден меден?? Може на повеќе??

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе си глумиме лудило по дома..

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Кромид..

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Никола, што ти требаше струја да пушташ?!

13.Шо мобилен телефон користиш?
Јаболкото на раздорот..



Прашања од @Ce_ne
1.Дали ќе им кажеш на свите дека плачев на првиот час у прво одделение?
Не,тоа го знаат само учениците на едно далечно I-4..

2.Од 1 до Што ви е проблемов?, кое ти е мислењето за феминизмот?
Убиство на женственоста..

3.Дали ти фали утринскиот мирис на тазе ѓубре у Тетово?
Млада заминав во дијаспора,а во мое време Тетово мирисаше на Шара..мх мх мхх (Алачки)..

4.Колку се пронајде у Волтер Вајт?
Многу, инаку В.В. е жив!!

5.Што ќе им порачаш на тазе твитерџии, Шопска или Мешана?
Сезонска...