1.Име
(ник ово оно)?
Кратенка од име и
презиме
2.Висина
и тежина?
Висока висина и тешка
тежина
3.Боја
на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава, најдосадната
4.Убав?
(одговори со да или не)
Чек да го прашам син ми.
Вика да, најубава. Ако
се важи...
5.Зошто
си на твитер?
За да си го задржам и ова малку здрав разум, заради контакти со здраворазумни.
За да си го задржам и ова малку здрав разум, заради контакти со здраворазумни.
6.Шо
преставува вашиот аватар?
Светлина која влегува во
темна просторија низ отворена врата. Мене накај надеж ми врти. Tолкувај по желба.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Врски имав порано и тоа
јаки. Со реалноста, со се и сешто. Се повеќе слабеат.
8.Вашето
прво искуство?
Највистински искуства
кои ги имам доживеано се емоции при искусување на раѓање и смрт. Пред тоа
мислев дека све знам и дека вљубување е најсилна од нив. Ама животот е тука за
да те негира.
9.Каде
би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец сама у Охрид
(вон сезона). Три медени месеци на пат околу свет. Европа не мора. Остатокот од
светот е сосем доволно.
10.Ако
го затворат твитер...шо понатаму?
Нека. Ќе твитам на ѕид у
кујна. Имам и броеви од сите што ми требаат. А и знам кај живеат, нема бегање.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој
би сакале да е?
Блитва
со ориз.
12.Ако би се сретнале со историска
личност, што би порачале?
Жено, остај јаболкото!!
Прашања од @momichet0
1. Книги. Уметност. Ракија. Музика. Која е идеалната комбинација од се'
ова?
Е па тоа е идеалната комбинација де! Куќиче во мрачна, ладна норвешка
шума, завеано во снег, со мало оганче на среде. И Мураками, да го опијанам и да
збори за книгите негови. Све да каже. И Томас Ман имам да го прашам неколку
работи.
2. Вчера, си седам така и си викам ми се јадит нешто благо. После 15
минути ми ѕвона ти на телефон и ми донесе торта. Да знаеш дека светот стално
функционираат така, што ќе си посакаш?
Покрај неколку приземни и практични работи за олеснување на
секојдневието, ептен-цел-живот-нај-желба ми е: една година со трејлер низ
Америка (САД), секоја држава по една недела, големите градови не мора, само
прериите, пустиништана, планините, чакнатине у Луизијана, и што е можно повеќе
мали гратчиња. Многу амерички филмови гледам.
3.Зошто толку многу ти се свиѓат живеачката во Македонија, кој споменик
ти е омилен и кога планираш да ни признаеш дека премиерот ти е симпатија?
Ми се свиѓаше живеачката во Македонија и тоа многу. Кога ми фалеа само
пари. Сега ми фали воздух, чисти луѓе, чиста мисла. А симпатиите одма си ги
признавам, без да ме прашаат. Исто и антипатиите. Споменик најомилен ми е оној
до влада, пошто ко мали таму возевме точаци. После ко поголеми пиевме вино на
камените клупи, некогаш заедно со полицајците од ЦК. (Влада порано ја викаа ЦК
– Централен Комитет. Ова е за помаленките објаснение.)
4.Од денес си министер за образование. Шо прво ќе смениш?
Прво,
повеќе нови училишта. Со помалку деца во одделение. Автоматски - работа за
повеќе наставници, кои ќе работат со помалку деца и ќе можат да им посветат
повеќе време. И предмети како етика и психологија од прво одделение.
Адаптирано, се разбира. За да научат од мали дека од внатре сме сите исти.
5.Што и кој најмногу сакаш да читаш на тајмлајн? (освен мене и
господинот сопруг (ова за да не ти ја скриет ракијата) )
Тебе
да, многу. Сопругиштено нејќе да го следам ама ја го следам за инат. И така
пишува само за точаци, а не ме ни следи. Многугугу сакам поетични душички, а тука
фала богу, многу ги има. А за ракијата – имам две дилерки од Кавадарци, on speed dial J
6.Како главен мачкар на твитер, дали постои твитерџија шо твита за
мачки, а не го следиш? Зошто мачки? Кога ќе организираш мачкап?
Ако има
некој што твита за мачки, а не го следам, ОДМА да се пријави. Зашто мачки - не
знам, ама погледот на мачка, нивните движења, звуци, се тоа ме допира до
центарот на ја. Би работела било што со мачки, за беспари, од сабајле до вечер.
Ама алергично сум. Така да ништо од мачкап...