Wednesday, October 16, 2013

Твитер Прашалник @irenska_madness

Твитер Прашалник  @irenska_madness 



1.Име (ник ово оно)?

микс од име, презиме и состојба на зеленото во главата
Madness - Madness


2.Висина и тежина?

мала и голема, значи наопаку од бошко смаќоски
Super s karamelom – Ja sam debela djevojka


3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

неприродна, со сила убава, како клинт иствуд во добар, грд и лош
Blondie – One way or another

4.Убав? (одговори со да или не)

да
Dectiny’s child feat. Wyclef Jean – No, no, no (part 2)

5.Зошто си на твитер?

со мисија да тропам глупости и да го претркам е-радио ботот и да победам
Bill Conti – Gonna fly now
6.Шо преставува вашиот аватар?

ирена ’не знам ни да свирам ни да глумам дека свирам, ама леле леле ја имам трубата од диме-труба од хикси при рака брзо брзо напрајте ми фото сесија’ атковска
Elly Rasta Girl – Kraj na se’

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?

да, да, сум, карирана не е, ама мрсничка, заради кикириките, мислам, тоа. за сникерс сладолед зборам
Mr. T-Bone - I'm peanut butter, you're my jelly
8.Вашето прво искуство?

касета, од таа музичката продавница кај буњаковец позади (ако некој знае како беше името, кажувајте, не ми кријте другари, не можам да спијам!), 1996та, со мои пари (и #исповед – се мислев меѓу ова и cd од east17)
The Fugees – Ready or not

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

на сонце
The Beach boys - Kokomo

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

епа ќе си станам пожарникар, тоа ми останува
Nina Simone – Feeling good

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?

не е зеленчук, ама на сонце си е нон-стоп, оп, топ!
Frank Sinatra – The Coffee song

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?

скарана сум сеа малку со терминов ’историска личност’ – жива или мртва? позната во минатото? кому позната? личност што имала влијание на текот на настаните сега, ама па уствари сите сме имале, на пример јас од пред пет минути сум си историска личност на сама себе? или како сеа? aj ќе ви пуштам ја песна, а вие не ми давајте појше од 140 карактери
Kansas - Dust in the wind

Дополнителни Прашања
1. Најдобра група на сите времиња

#ДаВеЗбунам
Garbage – When I grow up

2. Ти годи ли кога те нарекуваат диџеј на тл

искрено сум се радувала гласно понекогаш коа сте ми рекле дека сум ви погодила песна ^^ ама не сум ни д од диџеј, јутјубар евентуално, гулаб таванар, самтинг лајк дет. тејк дет.
The Ting Tings – Great DJ

3. Најдобар концерт на кој си била?

повеќе се, не двојам, сите се различни а сепак добри (на пример у топ10 ми се ману чао и моно, ју гет д поинт) па ќе го кажам последниот најдобар
Foo Fighters - The Pretender - Live in Prague 2012

4. Би свирела ли во група?

она ко на утакмица? J)))
The Presidents of the United States of America – We’re not going to make it


5. Моментална Македонска рок сцена?

убави ентузијасти се сите. а им се дешава баш она што проповедаше поранешната македонска рок сцена
Лева патика - Неправда