Сакав да твитам
со име и презиме.Ми кажаа дека тука сите се со прекарчиња.Професијата беше
пресудна.Професор и преведувач по италијански јазик
2.Висина
и тежина?
Во границите на
нормалата.
3.Боја
на коса (остај празно ако си ќелаф)
Костенлива,со
примеси на виолетово.(Оти имав мерак за нијанси,а со виолетово на сонце ми е
прекрасна)
4.Убав?
(одговори со да или не)
Ми имаат речено
ciao bellezza.Си го сметам за најубав комплимент.
5.Зошто
си на твитер?
Затоа што сметам
дека има фантастични луѓе со интересни мислења.Го сметам како добар извор на
информации и споделување на фини содржини.Има и брутално искрени личности кои
не се плашат да ти кажат дека нешто не чини или чини. И да споделам по нешто за
Италија,за културата,тамошната реалност,пиците итн.итн.итн.
6.Шо
преставува вашиот аватар?
Елеганција во
движење.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Не ме нашол тој
вистинскиот уште и во оваа прилика сакам да му порачам:Еве бре,што чекаш!!!
Не сакам баш
карирани работи,ама за комбинација се одлични.
8.Вашето
прво искуство?
Пакетче за Нова
година.Зелено со Дедо Мраз.Вриштев од среќа.
9.Каде
би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Малку ми е еден
месец за пат околу светот.За меден месец со тегла нутела и љубениот(ако се
најде некој таков) на Капри.Во Италија постои изрека:Vedi Napoli e poi muori(Види го Неапол и потоа умри)Јас велам
види го Капри и продолжи кон Малта.
10.Ако
го затворат твитер...шо понатаму?
Скраја да е.Пу
пу пу.Ако сепак тоа се случи Гугл +.Никако ЛинкедИн оти ми е троа глупичко за
користење.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој
би сакале да е?
Јаболко
12.Ако би се сретнале со историска
личност, што би порачале?
Тешко прашање.Ваљда Тесла.Ќе дрпнеме проект од владиниве за да
направиме машина за патување низ времето и сите ќе ги запознаам.
13.Шо мобилен телефон користиш?
Алкател One touch Idol.Што и да зборите за Алкателиве,најубај се!
Прашања
од @elena_tekinec
1.Ако треба да бираш кој
би го одбрала за животен ментор?
Марија Монтезори
или Ориана Фалачи.Инспиративни и енергични личности.
2.Вреди ли слика 1000
збора?
Апсолутно.Една
слика доловува повеќе отколку што со збор може да се опише.Вреди зајдисонцето во
Венеција гледано од мостот Риалто.Вреди сликата во Рим кога чекаш изгрејсонце
на Шпанските скали.
3.Ако љубовта е слепа,
како не наоѓа?
Да
се надеваме дека има вграден навигатор.Ама на мојава или ѝ откажал апаратот или има трајно слепило.Да се
надеваме дека ќе се излечи поскоро.
4.Каде во Италија би
сакала да живееш?
3 месеци во
Торино (секој ден ќе одам на стадионот на Јувентус и ќе навивам од срце) По 3
месеци во Фиренца и Рим,оти се одлични за шетање.3 месеци во Верона или Милано.
5.Пица или тестенини?
TuttoJ
Pizza: prosciutto e funghi.
Pasta:Tagliatelle golose con il prosciutto.
Gelato: Bacio
За крај мојата омилена со најубав текст: