Friday, January 25, 2013

Твитер прашалник @BatmanSaysT

Твитер прашалник @BatmanSaysT



1.Име (ник ово оно)?
Име Здраво, презиме Боби. Знајш дека на фејс чат-пат ќе се најт некој да пишит „Господине Велит...“. Освен Јани Макрадули кој е апсолутна срцка кога е во прашање ословувањето и при една прозивка на твитер ми напиша „Господине Бетмен...“. Инаку Богдан. БОГ. ДА.н. Сериозно, шо „ник ово оно“ ко сум најавен во прашалников со ник. Чорбаџи Теодос ебате. Никола Бадев. Френк Дребин.  ФРЕНК СИНАТРА! Да. Здраво, зборувате со Френк Синатра. Родум сум од Ивањевци, Мариовско и маќедонија цела да је. Да ви отпеам еден именик?

2.Висина и тежина?
Ко на систематски преглед во основно се осеќам. Шо е наредно, ќе требит да ми ги пофатиш мадињава да провериш дали клацкет ко клик-клак? Така не` лажеше еден доктор ко мали на систематски: „ела пиле сега чичко дкотор да видит нешто“ L Еј, а која хипокризија е во прашање: да беше католички свештеник, одма ќе креневме галама. За докториве, кур. (хмм... глуп идиот упомребив). А инаку Ози Озборн имат еден генијален закључок за мадињата изваено, зш едното било подолу од другото: пошо ако биле еднакви ко ќе сме оделе по улица ќе се чукале едно со едно и ко камбана звук ќе праеле и то би било глупо.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Теѓет металик / (                         ) еве празно за ко ќе имам 116 години.

4.Убав? (одговори со да или не) 
Да, многу. Во Струга виќет „абе брат, како си, убав?“ Супер форма на изразување. Значит, да, многу сум убав. А убавината идат од внатрешноста. Исто така и други работи идет од внатрешноста, ама по себична логика убај ни се само нашите (рецимо прдеж). Зато убавината е крајно субјективна и прашањето е беспредметно. Не сакав да пишам глупо пошо те поштовам и сакам да ти ја пијам ракијата и во иднина. Ама размисли за прдежот.

5.Зошто си на твитер?
Знајш ли какви ти се прашањава? Не дека не ги прочитав истиве кај колегите испрашани досеа, ама сасвим другачије е ко ќе ти е упатено тебе. Ова е бе невероватноќа. Ко на твитер ко ќе имат некој напишано „Фашистичка Шпанија барала апологети во Дали и Веласкез“ и ти ко ќе пишиш „Шо е ваа даае“. Така сосеќам. На твитер сум за да лапам фоловерки и тие да ме лапет мене на секаков начин. Плус за другарување. Озбилно, супер место е за да најдиш асал љуѓе со кои шо ти лежит муабетот и би одел на риби дури и да не знајш да ловиш риби. А за скара да не прајме муабет. Значит, на твитер сум за да ме лапет твитерџики дури спремам скара за другари. Ето.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Неам појма. Го претставува поранешниот генерален секретар на Генералното Собрание на ООН Кофи Анан... (??). Мене, плава пеесседмица, бркој. Требит да претставвит уствари дека јас сум кул лик ко енглески навивач и убо све другарување ама ќе ти ебем матер ако се испонашаш ко кретен. Хм. Или пак требит да претставуват дек ко ќе ти влезит чад во очи ти се збирет ко да какаш. Ма не знам.


7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска сум само на свадба и тоа првите 50 минути. После сум без врска.

8.Вашето прво искуство?
Се согласувам.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еј, ова е веќе коректно прашање. На еден месец би одел во Буенос Аирес. Имам пријателчиња во Аргентина, едниот од нив имат ресторан и слаткара (значит јадење обезбедено), другиот навиват за Бока и ќе ме носит на утакмици. Во меѓувреме ак се оженам, боже мој. Прадедо ми бил и се вратил. Будала чоек.

А на меден месец... види, ти си женет чоек. Николич е женет чоек. Прајте си бе вие вакви муабети. За пегли, колачи, чизкејм мизкејк. Шо е наредно, ќе ме прашаш и која мајца би ја носел на свадбата, јели? Нема меден месец пиле, ќе и речам на невестата, СОМЕНЕ СЕКОЈ ДЕН ЌЕТИ Е МЕДЕН ПОЗЗ. Меден месец. Муден месец. 

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Алкохол, лесни дроги. Или шо би рекол великиот македонски поет Владо Јаневски: „Се ми е музика и вино, лесни девојки блабла...и тогаш некоја будала ќе се логира ко на шала“. Зашто да го затворат твитер стоп. Нема никогаш да го затворат стоп. Ноукендусвил бејби стоп. А вакво прашање чоек растен со мајспејс да прашат ми е нелогично. Како мислиш тоа да го затворат? Твитер не е Велија и Љубе, бидејќи јас и ти не сме А1, но сме твитер. Е сеа Боко шо ќе речит на ова не знам, тој е и двете. Ваљда да не беше твитер ќе го затвореа?! J А ако еден ден некој го затворит твитер, ќе го отвориме, шо да прајме? Нов и поубав со 145! карактери освен за битолчани кои ќе имет 127 и Влатко Васиљ шо ќе имат 88. А јас 2000 пошо никако бе да скратам со јадењево бабури. Сеа и заборајв шо ме праша искрено.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Колен Колен, сакам да сум Љута пиперка Гасеница. Стално да имат од мене, кој и да се ољутит.

12. Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Ако би се сретнале насабајле, би порачале сирење, пинџур и бокалче, па телешка и лута пиперка кај „Чамо“. Ако е околу пладне би порачале мешана сезонска и мастика во ДМ. Ако е ручек време, би порачале шо дават кафана па би рекле е не то туку друго пошо кафана нудит шо им е постаро да се продајт. Не паѓајте на та финта никојпат освен ак не ојте кај ептен проверени. Значит во принцип би порачале све шо е убо. И да ти го одговорам прашањево во (верувам) оригиналната конотација: Ако бирам историска личност со која ќе се сретнам за да и порачам нешто, ќе се сретнам со Александар и ќе му порачам „Индија не е крај на светот Царе. Небото е.“

ПРАШАЊА ОД ВАСИЉ
13.Ти навистина си Бетмен. Еве и Трендо ми е сведок дека те имаме видено како стоиш и спиеш. Исто како љиљаците. Како ти успева, КОЈ ТИ ЈА ДАДЕ ТАА СУПЕР МОЌ?
Прашања од Васиљ. СО КАПС ЛОК НАПИШАНО. Глупо е да одговарам на прашања од Васиљ ко самиот тој би ги одговорил подобро од мене - наместо мене. А за спиењето стоечки, чисто за младите да знает, е важно едно, а то се две работи: ред, работа и дисциплина. Или Каролина. Ти, си спиел ли со Каролина бе батка? (јбг, ова требаше Николич да го прашам...)

14. Како ти е полесно да збориш/пишуваш? На охридски или на македонски?
На јазикот на делфините. Миииимимимидмидмидиииии циииии јииииииии. Најлесно е! И Охридски се пишит со Т. Тохрицки.

15.Он или офф нет?
Офф нет, во кафана.

16. Два пати те вадам од станица, а никогаш не сум прашал зашто те привеле. Еве сеа те прашувам, зашто?
Ако ти кажам, ќе мора друг да ме вади од станица.

17. Да беше жена, кој тип од твитер ќе го мањачење у ДМ?
Да бев жена немаше да сум на твитер. Ќе бев во кујна.

18. Што мислиш за Маите?
Првата женска ми беше Маја. Нема што јас да им мислам што Кортез не им смислил пред мене.

19.Дали Бетмен да имаше толку пари ќе беше Бетмен или ќе си останеше само на збор ко што Велит?
Ова ко да ме прашал некој Are you a doer, or a talker, а јас ќе одберам да не одговорам L Walk the walk, talk the talk.

20.Да не беше Бетмен кој херој ќе беше?
Бунармен. Човекот со црна дупка наместо желудник. Или Авиолетмен, човек кој може да лета додека се наоѓа во авион во лет. Или Панцир13-мен. Чоек шо е отпорен на тринаесеттиот куршум испукан во него. Ама зошто да не би бил Бетмен?

21.Што ти е полесно, да твиташ или да наздравуваш?
Здравица. Секој ден. Цел ден. Твитањето не е лесно! Оваа држава нема да се изгради без напор. Секој твит е премногу значаен. Замисли си претседател на држава, се будиш насабајле и немаш апсолутно идеја што да правиш со себе, па отвораш твитер во надеж дека ќе најдеш некоја корисна информација, а таму Временска прогноза, информација дека некоја добила, некој српски ретвит од типот „Ах живот. Животе, ах“ или краден маџрски твит „Дунавеее, Дуу-наа-веее...“. Ниту дневни новости, ниту вести од светот, ниту DIY упатство за државници... Не е убаво, слушај ме. Затоа, внимателно и поангажирано. Македонија чека на нашите твитови.

22.Опиши го нашето општество.
Општество со многу слабо развиено чувство за здрав хумор. Општество со тумор. Две реченици се доволно, за повеќе нема потреба тука. Доволно го дрвиме секој ден кај ќе стигнеме. Дај за музика да зборвиме или за паљото во Битола или за сарми од лозов лист. Остај го општеството сега батка, ќе преживее и без нас вечерва J

23.Скопје или Охрид?
Нема „или“. Ги сакам и двата градови. Вториот е градот во кој сум проодел, првиот е градот во кој повторно учам да одам во друг период од животот. Секој со својата убавина, а ја има, специфична. Мили места. Каде и да одам, ќе си ги сметам за свој дом. Инаку, по лична карта, сеуште Охриѓанец.

24.Вики, Кристина или Барселона?
Па, ако Вики и Кристина се Ребека Хол и Скарлет Јохансон, од Кристина би се симнал само во Барселона, пошо стварно го обожавам градот. Би тркнал до едно мало продавниче и аптека во близина на Олимписко Село (кое е во близина на фонтаните), да купам пиво, вода, нешто благо за јадење, инхалатор и дефибрилатор. И после ќе си правиме самите фонтани. Магични, нормално.

25.  Да посветиш песна за Твитер која ќе да е?
Ако ја поздравам целата твитер заедница со песна, ќе биде некој паушален свадбарски хит ко „All You Need is Love“ или „Let’s Get Drunk and Screw“. Ако ја поздравам екипата ќе е со „Can’t get enough of your love“ на Бер и Вајт. Стварно имат љуѓе шо многу си ги сакам, Љуѓишта! Со големо Љ!

26.  Кого го имаш блокирано на Твитер?
„Ај тејк д фифт“, шо би рекол Гас_Маска.

27.  Раскажи го твојот ден. Оној обичниот, коа не мора да спасуваш чуда, врагови...
Обичен бе. Будење во 06 наутро. Проверувам дали да облечам ѕиври или апостолки, пукам туш и се цртам на работа во 07:00. Поради спецификата на работата (работа со мајстори и опасност од отупување) барем 5 минути во 1 час си посветувам на вас, штовани публикуме и колеги соборци. Да не испаднам Мравка наместо штурец, ама стварно во последно време после „ортодоксната“ работа, имам и магистериум на факс, имам приватни проекти (ама стварно проекти, не „јебе ми се за ваше проекте“ проекти) па измеѓу барам време за 15-ка во дестан и две пива, или ако имам повеќе време некоја ДМ или Канцеларија на најубавото нешто што дошло на овие простори – МЕЗЕ: комбинација на гурмански и душевен мелем. Боцкање во убаво друштво. Не такво боцкање безобразен еден. Онака, со чечкалица боцкаш пилешко крилце, па ти паѓа, па го фаќаш ко кременко и го решаваш шампионски дури не останет моштите од пилето. Навечер кога сум во ваква мирна фаза, сакам уба серија или тренинг на карактер со две пива, па кревет. Ангажмани брат, сакам ангажмани. Си создавам ангажмани. На многу полиња. Така функционирам најдобро. Самоубиство ми е да седам и „да не знам шо да правам“.

Значит, денот е ист ко и твојот братко. Борба и уживање во паузите J Така треба секој обичен човек како нас да постапува.

28.Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
Доволно големо дете.

29.Пари или слава?
Ми бараш или ми нудиш? Ако нудиш, дај пари батка. За слава, ќе се снајдеме...

30.И како се викаш? Правото име? Име и презиме!
Стана Трпеска ебате J

Дополнителни прашања
1. Зошто баш Бетмен?
Зошто баш вакво прашање? Зошто баш долга коса? Да не си металец ИЏИ?!

2.Дали би оженил твитерџика, по можност не многу ретвитана?
Пак тој со женачка. Што бе си запнал да ме жениш? Бреееј... Иџи, ако дајш ти ракија за гостите, да, би оженил, само да пораснеме. Хепи? J

** Праштафеталникот сакав да и` го предам на Ина Многуфина, пошо е брилијантна, ама ќе му го предам на НИкче (@rnixn) пошо знам дека е џентлмен со вкус и тој ќе и го предајт. Ако не, ќе те спљујам, слушаш?