Твитер прашалник @LittleLadyIda
1.Име (ник ово оно)?
Литл Лејди Ида.
2.Висина и тежина?
1м55цм 47кг или што би рекол Васиљ на Дени и Кајли Миног помалата сестра.
(намиг)
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафена. Ама таква нема во природата,само јас ја имам.
4.Убав? (одговори со да или не)
Најмалото,најубавото!!! – мајка ми.
5.Зошто си на твитер?
Влијателна да бидам (клик Follow), да ќарам клиентела за психотерапија (ping ако си заинтересиран/а), сречно да
се удам (Harry Winston round brilliant solitaire 3.01 carat on a platinum setting ако си богат, убав, висок и анатомски правилен) (намиг)
6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас на кафе во Излет со цвикери или на англиски piche from Center in her natural habitat.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Јас сум карирана. (намиг)
8.Вашето прво искуство?
Му бегав, му бегав, трчав најбрзо што можам и се сопнав...
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во Њу Јорк, меден месец на Бора Бора.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се убијам!
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Брокула.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
1. Лобутинки.
2. Hermes Birkin bag.
3. Ф’стан од McQueen, Oscar de la Renta, Vivienne Westwood, Elie Saab и Galliano (се враќа на сцената, пресреќна сум!!!)
4. Шампон од Herbal Essences. (lifetime
supply!!!)
5. Пудра немам, може и тоа да ми земе.
6. Авионска карта до дестинација каде температурата не мрда помалку од 25 и
повеќе од 30 степени.
7. Зоља, за некој кога ќе ме изнервира да го пукам.
8. Круна за принцеза да бидам.
9. Прстен и златни ланац.
10. И некое џиџе по негов избор (намиг).
Прашања од Јована
1.Како е една чка центарска да живее во Капиштец.
Центар е, ама не е центар, исто е ама не е исто.
Многу ми е тешко што морам да пешачам 10 минути до моите омилени центарски
дестинации.
2.Позната како љубител на Лобутинки. Каде би ги
носела во Скопјево, да имаш еден пар.
На нечии рамења (намиг).?
3.Како е да лапаш фолоуери?
Не е онака како што замислував. Очекував виножито, пеперутки, бели
гулаби,добив само меншн,а нема ни благодарам.
4.Немаш влакна на јазикот. Депилираш, бричиш или како?
Ни едно, ни друго. Така сум родена.
5.Замисли се на црвен тепих. Опиши си го аутфитот.
ЛЕЛЕ НЕ ЗНАМ ШТО ПОПРВО ДА ОБЛЕЧАМ!!!!!!!!
6. Ќе му се смири ли Лела некогаш? Има ли надеж
љубовта да победи?
И љубовта победи, а Лела уште му е скарана.
Дополнителни прашања!
1.Што пијачка ќе нарачаш да ти се пушти Џорџ Клуни?
Ќе нарачам соба во хотел.
2. Кој е следен?
@SkDeeyasporah