Wednesday, January 30, 2013

Твитер прашалник @jovanatozija

Твитер прашалник @jovanatozija



1.Име (ник ово оно)?
Шукар Чавела, во народот позната како Јована Тозија
2.Висина и тежина?
Не се поставува вакво прашање после новогодишни празници, имај милост, ниедни панталони не ме собираат.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Темно кафеава, ама пошто во последно време се фарбам со кна – црна. Ќутук црна.
4.Убав? (одговори со да или не)
УбавА. Јас сум женско. Иначе, да. Многу.
5.Зошто си на твитер?
Да тепам време, прибирам информации, читам вести, интеракции, да се праам важна, да се дружам, да се истурам кога ми е тешко, да се пофалам кога имам нов фустан или кондури и сл.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Шукар Чавела.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Најн. Веќе година и пол сум скроз без врска.
8.Вашето прво искуство?
Прекрасно беше J
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Мексико, да го прошетам надолж и попреку, а на меден месец во Куба, да пијам мохитца и играм салса на улица.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ми биде малку чудно секој пат кога се будам да не е првото нешто по што посегнувам, ама што се не ни ускратиле нас во државава па сме се навикнале, та за еден твитер...
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Нејќам да се реинкарнирам во зеленчук. 
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Со Хитлер би се сретнала. И би му рекла: Слушај, не почнувај џабе. Ќе изгубиш на крај. Ќе се самоубиеш, ќе исчезнеш засекогаш, ни гроб ќе имаш кај шо ќе може да те плачат ни ништо. А ќе оставиш еден куп срања позади тебе.
И со Џенис Џоплин би се сретнала исто така, да и порачам дека дрогата убива. И би ја замолила да ја отпееме еднаш заедно A woman left lonely. И би акнала флаша од ѕид кога ќе го пееме стихот she’ll do crazy things, on lonely occasions


 Прашања од Сокаровски
1. Дали имаш чувства за мене или само ме користиш за банери?
Строго за банери. Јас сум користољубиво суштество, и ти тоа го знаеш. :*  

2. Ерик Клептон или Блех Оркестар?
На звучници Ерик Клептон, во живо Блех Оркестар.

3. Што имаш лично против Тримческа?
Ништо. Апсолутно ништо. Само што уште имам трауми од нашето прво запознавање кога ми рече: Може да ти ги фатам цицките?

4. Зoшто веќе не си политички активна и кај се парите што ги зема од сорос за #живаограда?
Политички сум неактивна токму од тие причини, ни сендвич ни сокче не ни дадоа за #живаограда, за пари муабет да не праиме. Што знам, политика је курва, извините ме што пцујем...

5. Зoшто би останала во Македонија ако имаш можност да се вратиш во Германија?
Џигерот во љуц, гадната веце шоља во Балет, фурнарините во Менада, шемското кафе во Излет, чувството кога ќе видиш еден куп луѓе заедно #NaTochak секоја последна среда во месецот, изгрејсонцето со кое си одиш во петок вечер дома и наведнувањето глава дур се разминуваш со комшиите кои купуваат леб и слични мали животни радости

6. Што би направила доколку завршиш со @Necovski на пуст остров?
Веројатно ќе го поделиме остовот на пола и ќе одиме секој во својата половина во потрага по вифи мрежа за да твитнеме дека сме на пуст остров.

7. Колку битови има во еден бајт
бит и пол - кило и пол, три бита колку се?

8. На кој Македонски шлагер би снимала дует со Боби?
На овој!!!

9. Уствари, со кој твитерџија би снимала дует?
Многу ќеиф имам раперка да бидам, така да веројатно би израпувала нешто со некој од рапериве... ги има доста. Ама они да ми напишат текст. Ја дудук сум.

Дополнителни прашања!
1.Познат хејтер на шабанајзери,зошто?
Неописливо е грдо чувството кога заспиваш со такви радиоактивни звуци.
2.На ѓермански, кој е вашиот избот на жртва за испрашување
Die nächste ist meine sekica @LittleLadyIda