Твитер прашалник @nikolastrez
1.Име (ник ово оно)?
@nikolastrez
(затоа што @strezovski беше зафатено)
2.Висина и тежина?
Погрешно
прашање. Имам само низина и леснина.
А во преносна
смисла, 2 кила од пред некој ден. Си уплаќаш 200че во Краснојарск, оп 500 нови
фолоерс, оп релевантност, оп менчан, оп фејв, оп ретвит. Твитајте вие.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
CMYK 0 20 20 40
4.Убав? (одговори со да или не)
Зошто на
претходното да може, а овде не може да оставам празно?
5.Зошто си на твитер?
За ако падне атомска
бомба и никој не твита, да излезам и да проверам надвор. #foreveralone А последно време зошто има многу феминистки.
6.Шо преставува вашиот аватар?
(позади мене е
плафонот од Yale
University Art Gallery на Louis Kahn. Сакав аватар на кој има контраст светло-сенка, полно-празно,
паметно-глупаво...)
7.Дали сте во врска(и дали е карирана)?
Види фотос.
8.Вашето прво искуство?
ок, и ќе
напишеш нешто. И? Кој ќе прочита? А зошто само 140 знаци? Глупаво бе ова, зошто
висат луѓево тука? Нормални ли се?
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на
меден?
Сакам дома. И
за еден и за меден и за беден. Дома.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го затворат
твитер јас ќе страдам. Ама ќе се тешам со @necovski, зошто тој ќе страда далеку повеќе.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук ,кој би сакале да е?
Јаболко. Зошто
зеленчук реално и не постои. Не постои професија што одгледува зеленчук. Овошје
– овоштар. Зеленчук – зеленчукар? Значи, јаболко.
12.Ако би се сретнале со историска личност,што би порачале?
Дали му одело
историја. Како успевал да ги запамти сите години и имиња, дали користел финти -
1235та година на пример 1+2=3, 3+2=5 значи 1235. Или за имиња Блаже Конески –
БЛАг ЖЕден КОНЕчно СКресен Идадија магаш.
Исто, би му
рекол, Љубиша, се каеш ли за некој твит во животот?
13.Се збори дека си најинтелигентно копиле на твитер, сакаш
ли да ти ги искршам зубите?
Како прво.
Љубиша ми го извади тој муабет и не можам да се ослободам од тоа бреме на
најинтелигентно копиле. Еве како се преправам цело време дека сум таков, ама
кога не оди – не оди. Како второ, забите веќе ми се скршени. Да. Двата ќеца. И
ми ги поправаат во аеродром. Кај бисер. Д-р Елена. 223305. Толку од приказната дека
во аеродром се кршеле заби. Овде гарант веќе и не читаш, пошто повеќе од 140
знаци не ни знаеш да прочиташ. А не па да запамтиш што бил муабетот. А штета, баш сакав да ти ја пратам „неке птице
никад не полете“ по повод утакмицата од пред некој ден.
14.Што мислиш за Сулимановиќ и неговото справување со
стресот?
Па видете. На
Сулимановиќ му ги припишувам втора светска војна, тркалото, огнот, пирамидите,
вонземјаните, Преспанско Езеро, овошните насади и Рики Мартин и Драган
Каранфиловски Бојс. За сите овие работи – тој е виновен.
И Сулимановиќ
се справува со стрезот. Не со стресот. Нека не крие. Па видовте.
15.Доколку би бил праска, сакаш да си со влакна или без?
Јаболко со влакно
> праска без влакна
16.Како ја направи таква сина сликата на аватарот?
ODI NA WWW.FACEINHOLE.KOM STEGNI NA AVATAR
PROFILOD I KETI NAPISI KLAJA OVDE SLIKATA OTEBE I POSLE AFTOMACKI SE PRAVI SAMO
OK POZZ ????
17.Како ја изразуваш својата граѓанска непослушност овие
денови?
Ауу, граѓанска
бе. Јас од ајродром, ти од Ресен? селанец? Тоа? Е Нечовски беее. Те знам пеач кога беше
уште. Кога пееше аџанак баџанак. Куќа кога имаше на Пелистер.
18.Омилена планета? Зашто?
Па видете. Уран.
Зошто е во трета куќа. Мда.
19.Освен твитер, фејсбук, мајспејс, линкдИн, Гугл Плус и
форсквер, користиш ли други социјални мрежи?
Ги слушам
комшиите со чаша преку ѕид навечер. Друго од асоцијалниве мрежи... тоа.
213.Кој следен да го малтретираме со глупави прашања?
Историската
личност @Sulimanovic