Thursday, August 29, 2013

Т.П @mashna_321

Твитер Прашалник @mashna_321 


1.Име (ник ово оно)?
Име.. по двете баби. Среќна коенциденција, во спротивност ден денес ќе слушав  ТРЕБАШЕ ПО ДРУГАТА БАБА. Никот.. машна, зошто шнола машна, ташна машна, папуча машна. Да, малце сум опседната со нив.

2.Висина и тежина?
Метро и желба за раст. Ми рекоа дека се растело до 21 година па сее тешам дека за една година можам да стигнам до 175, неколку сантима плус што се, ништо. Тежина... ме имате видено ај.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава, од оние типови на коса што со солзи е проследено чешлањето.

4.Убав? (одговори со да или не)
Убава ама лоша. Така вика мајка ми.

5.Зошто си на твитер?
Некако бев заробена со мисливе, па морав да се искажам некаде. А баш и не е секоја мисла погодна да биде кажана на некој друг пар очи. За големи последици се работи.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ми видоа сплет од чуства, премногу бурно извирале на површина. Па ете, ајде нека бидат оковечени.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Нешто како ѓезве и ѓезве и пример за нивно совршено поклапање. Бели. Значи карирана не, па и онака карираните кошули не ми ги дава.

8.Вашето прво искуство?
Го чекам вистинскиот што ќе дојде со новите кочии низ градов.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Нема да спомнувам камп, да не бидам досадна.
Еден месец, пат околу светов, на меден Индија. Тотално клише.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Рехабилитација. Сигурна сум дека оценките до плафон ќе ми скокнат. Само твитер одбојката нека не ми ја зимаат! Никас кис маче :*

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Модар патлиџан. Тука сме негде со тенот.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Се дур не почне да ми се плетка јазикот, у локалната биртија ќе сме. После тоа, се само си доаѓа.  

Прашања за @Ratkonakratko
1. Бас или секси глас?
Адреналин. Ќис.

2. Влажни соништа за некој твитерџија?
Прилично си ги остварувам тие соништа.

3. Фетиш?
Ќе бидам искрена. Добар саат.

4. Што треба да се случи за да играш на маса, облечена у минич, со Чаше ломим руке ми крваре во позадина и мирис на кромид и ќебапи во воздухот?
Види, минич и на твитаопот носев, кој виде виде, така да тоа е е проблем. За ова другово ми треба алкохол, МНОГУ, и добар партнер. За пиење алкохол мислев, таков партнер.

5. Омилена книга? J
Биохемиски методи – Ленинџер. J Се шалам. Срам ми да се погледнам колку не читам во последно време, само поради купот книги со тематика биолошки науки. Би ги издвоила сите од Антони ди Мело. Ај фил ју бро ми е со неговите мисли.

Прашања од @MarincePink
1. Дали и кога спиеш си насмеана?
Сигурно. Ама кој да види па да докаже хехе

Прашања од @Makalovski
1. Дали ја најде поентата или можеби не постои?
Уште талкам по патот на неиновативноста. Оптимист форева. Кис.
2. Дали конечно умре твојата желба за пеење?
Се дур не почнам да користам стик за под мишка, ќе пеам со дезодорансот.
3. Што мислиш за новиот албум на Селена Гомез?
Јако пиче. Убер кул, луда, бунтовна откаченка музика.
4. 10ка на факултет или 10 нови женски глупости со машни?
Пошо очајно сакам да исположам се во сесијава.. бирам 10ка. Машните ќе почекаат, и онака имам нови папучи со машна. Значи низ град таа сум, со жолтите.
5. Каква е ситуацијата во родно с. Карпош 4?
Поубаво амин. Владата ќе ни даела можност за отплаќање на трактор на рати. Стефче рулз, Каролинче ни пееше пред некоја веќер. Почна јунска сесија, траеше, заврши, отидов на одмор, се вратив од одмор, септемвриска сесија почна, овие уште реновираат над мене. Баба Нојче уште е шпиун, комшијата си го смени репертоарот од Цеца на Сека. Мајка ми уште се дере од балкон, куката и јажето алијас лифт сеуште ги имам ( пак ќе ти симињам нешто ако си забораиш ). А, да и бандерата у 4 саат сабајле пред зграда сеуште не ми работи.
 
Прашања од @itsabass
1. Омилен артист и зошто?
The Killers. Не знам ни самата зошто, ама не можам да ги тргнам од срце.
Френк Синатра, зошто мафија си е мафија бе. Можам вака и до утре со артистиве. J 
2. Дали како мала исто си сакала да бидеш тоа што сакаш да бидеш и денес?
И тогаш и денес, исто.
3. Дали цедевита пиеш со 3 лажици и ако не зошто не?

Строго ептен разредена. Немам мерено во лажица, од око.