Твитер Прашалник @My_Vezilka
1.Име
(ник ово оно)?
Калеш
Анѓа. Од таму се роди феминистката во мене. И оти природно сум калеша и името
ми е блиску до Анѓа. Одберете си толкување по желба.
2.Висина
и тежина?
Уште не нè однеле на систематски годинава. Повеќе
од лани, сигурно.
3.Боја
на коса (остај празно ако си ќелаф)
Неприродна црвенокоса.
4.Убав?
(одговори со да или не)
Да. Какви се овие прашања?
5.Зошто
си на твитер?
Ми
кажаа имало таму модни блогерки. И си реков „јее не сум сама“. После останав за
гратис рекламите и пцуењето без цензура.
6.Шо
преставува вашиот аватар?
Ова ми е првиот обид за keep calm постерче што си го направив
за блогот. Винтиџ дете, ама ич не сакам скокање, уште помалку паѓање во базени.
Ми се истура пијачката.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Да, (не)совршено ни се
вклопува шарата на карираното.
8.Вашето
прво искуство?
Како и за сè друго, сакав пак!
9.Каде
би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во Барселона,
да навежбам шпански имам за полагање. А меден нема, не им следува на тие што не
се мажат.
10.Ако
го затворат твитер...шо понатаму?
Прво,
шуќур ќе може пак да бидам повлијателна по дома. После, здравје (што би рекла
баба ми), ќе пишуваме графити по ѕидови.
11.Ако
реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Овојпат
изгледа се реинкарнирав од мачка, а следниот пат во модар патлиџан, да задржам
форма.
12.Ако
би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Уф,
ова ми е омилено прашање. Секогаш мислев дека би сакала да се сретнам со Кочо
Рацин, ама знам дека пред него само би ќутела ко шестооделенка пред
симпатијата. А на Крсте Петков Мисирков би му рекла „Немој Крсте, брат, не си ја
давај младоста за џабе, секако грешно ќе те толкуваат експертите во
Маќедонија.“
Прашања од @Toshevska
1.Од каде таа желба за модата?
Не е толку за
модата колку што е за стилот. Стилот на облекување за мене е еден од начините
за изразување на креативноста и индивидуалноста.
2.Зошто имаш токму црвена боја за коса?
Природната боја на косата ми е
досадна. Ич не сакам да сум досадна. Плус прочитав некаде дека црвенокосите
имале најдобар секс, во квантитет и квалитет. Није тачно, уште не сум била
плавуша за да споредам.
3.Кој ти омилен писател?
Немам омилен писател. Перфекционист
сум и скоро сите некаде ја промашиле со некоја книга. Го сакам Мураками, да
речеме. Имам омилен поет. Се важи? Радован Павловски.
4.Дали препрочитуваш книги?
Какво е тоа читање книги без
препрочитување? Може да се рече дека ми е мерило дали ми се бендисала книгата.
Прашања од @Gordievjazol
1. Kоја е цената на тоа
да се живее без заблудите на нашето општество?
Ќе те
отфрли добар дел од општеството што и онака не ти треба. Таа цена би ја платила
со бакшиш!