Wednesday, August 28, 2013

Т.П @Ratkonakratko

Твитер Прашалник  @Ratkonakratko


1.Име (ник ово оно)?
Ратко на кратко, затоа што сум Ратко и сум овде изложен во 140 карактери кратко издание.

2.Висина и тежина?
Имам комплекс со центиметрите, сакав да бидам 185 како мал, а имам 184. Тежина=одлична.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Темна. Јас сум спротивното од ќелав.

4.Убав? (одговори со да или не)
Задоволен. И упорен.

5.Зошто си на твитер?
Имам вишок мисли во главата, што мора да излезат некаде на прошетка.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас. (Сега по ново, јас според описот на твитерџиите, каков ме замислувале да им се појавам)

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Безврска. Се бара некоја да ме заврзе, па да лаам после по сите што поминуваат на улица.

8.Вашето прво искуство?
Јас сум млад и неискусен, немам искуство. :/

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месецот.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
На рехабилитација. Првиот месец ќе биде најтежок. И никако гледање со твитерџии.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Краставица. Селските девојки знаат зошто.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Виски со лед. И за пиќку један ѓус.

Прашања од @RubinBt
1. Шо мислиш колку од твитерџиите се членови на партии?
Но ме интереса.
2. Дали вистински ги поддржуваш дпмне или глумиш хипстер на тл?
Озбилен си? J А ја па те бранам, кога те хејтаат, викам остајте го Рубинчо добар е. Не сум член, ни симпатизер, ни на куќниов совет у зграда.
3. Дали твитерџијките се срамежливи( искуство од твитапот).
Твитерџиките се најдобри жени што постојат.
4. Зошто се срамеше досега и некни ја изгуби твитап невиноста?
Всушност одамна сакав да дојдам, ама ако тоа било губење невиност, тогаш ќе почнам со други очи да го гледам @NikasInParis J
5. Ке ја искористиш влијателноста на твитер за да ми местиш некоја?
Маж на кој му треба друг за да му мести девојка, најверојатно ќе му треба друг и за у кревет со девојката.

Екстра прашања од други твитерџии

Прашања од @Estavrevska
1) што толку згреши на твитап што реши да си го заклучиш профилот?
Имав твитови што не требаше да бидат ретвитнати. J
2) колку си навлечен на твитер од нула до за да останеш, ќе мора да се согласиш со политичкиот став на мнозинството?
Колку и да сум навлечен, став на мнозинство можам само да почитувам, а никогаш без моја волја да се согласам со него.
3) кога би морал да избираш меѓу двете, што би избрал, жена или пиво?
Паааа идеално, жена со пиво. Вака само жена. Една. Добра. За век и веков. Амин. (insert крст here).

Прашања од @MilaShila
1) Со колкава брзина ти поминува лутината коа си напизден?
*му покажуваат #цицки – “Која лутина?” J
2) Опиши ми ја твојата среќа накратко кога се олеснуваш во природа?
Frank Sinatra – Fly me to the moon
3) На маичка или на фаца?
Фаца. Цела кофа.

Прашања од @mashna_321
1) Од прв впечаток, каков препорачуваш?
Таков што остава место за втор,трет итн. впечатоци. J
2) Фетиш?
E..ње у мозок.
3) Од каде таква љубопитност за твитер?
Долго го одлагав и по правило кога нешто долго одлагаш следи масивна експлозија. J
4) Влажни соништа за твитерџика?
Имам тенденција да си ги остварувам соништата.
5) Стана ДЈ. До кај си со манекенките ?
Чекам Мики Црнокрак да ме земе, манекенка да будем.
6) Кога каде и до кај си со љубовта ?
Знае да наврати понекогаш, стари другари сме, ама одамна ја немам видено, се плашам да не и се случило нешто.

Прашања од @mikimladenov
1) Попрво би ги смирил Скипи и Тајзи или Том и Џери?
Знам кого никогаш не би смирил. @mikimladenov vs. @pavlovik . Том и Џери гушнати би следеле тл и би го гледале дуелот уз пуканки.

Прашања од @mackodetegradsk
1) Кога се реши за @ratkonakratko на колку кратко мислеше?
Ако го одговорам прашањево, никогаш повеќе нема да имам девојка.
2) Кај би сакал да пушташ музика/пијачки на девојки?
Повеќе би сакал менe да ми пуштаат музика, пијачки и девојки, на Бора Бора на пример. Ок, не мора девојки, ако не сум сам таму. J
3) Кога те пука манчис што ти е омилено за конзумирање?
Пиво. И поховани лигњи пржени со него.
4) Кој е рецептот за психичката спремност?
Кога ќе се видиш у огледало кажи си “говедо едно, како не ти е срам, види се на што личиш, која жена би те сакала ваков”. Другото само по себе си доаѓа.

Прашања од @ana_od_vtori
1. Дали си најде девојка на твитер или се приклучи кон forever alone групата?
Твојот твит дека сум дошол на твитер да си фатам девојка, ми ги уништи шансите за првото и сега сум засекогаш сам. ТИ СИ КРИВА ЗА СЕ!!!

Прашања од @skopski_peder
1. Дефинирај твитер геј и твитер педер.
Твитер геј е @skopski_peder. Твитер педер е твитерџија што неосновано кака други твитерџии, за да стекне поголем број на фоловери. Значи сите сме помалку или повеќе твитер педери. J
2. Ако имитацијата е најискрена форма на ласкање, кој најчесто ти краде твитови?
Не ми ласкаат мене. Јас кога ќе ме украдат одам и настапувам директно резилејќи го лоповот.
3. Која твоја #Исповед е најискрена?
Сите. Никогаш не лажам дур се исповедам. Кај че ми ојт душана да знам?
4. Навикант си на 140 карактери муабет. Како планираш да се објасниш со идната невеста?
Со стап. У која смисла сакаш. J

Прашања од @toni_dimitroff
1) Зашто толку касно се приклучи на твитер заедницата? Дали само за да ги нервираш опозициски ориентираните твитерџии со твоите про-македонски политички коментари? Дали е сето тоа намерно и тенденциозно?
Твитам тоа што мислам. А сакам разумност, ако на некого тоа му пречи, нека ми каже, ќе престанам да твитам така. Или не беше така... J
2) Иако рече не сакаш, ама јас стварно незнам што да те прашам освен политички прашања... кога би си поставил прашање сам на себе, ете што би се прашал?

Ако светот е бесконечност и ништо во исто време, зошто си поставувам вакво прашање?