Твитер Прашалник @RubinBt
1.Име
(ник ово оно)?
@rubinbt од почеток до
сега. Едно време сакав да го сменам, да си ставам некое поуметничко ама пошо
сум патриот: ИМЕ НЕ МЕНУВАМ! Патриот ли
сум даае или шо сум.
2.Висина
и тежина?
175
сантиметри со 59 килограми пред излегување, а после излегување 2-3 литри повеќе*.
*забелешка:
во случај да не сум отидол во вц за да испразнам резервоарот.
3.Боја на коса (остај празно ако си
ќелаф)
Црна.
Едно време сакав да ја фарбам да ми биди зелена ама поради притисок од луѓето
шо ми даваат пари за јадење и пиење, ( мајка ми и татко ми), морав да попуштам
и да се откажам од идејата.
4.Убав?
(одговори со да или не)
Дури е
мајка ми, ке има кој да ми кажува дека сум убав. А да и комшивката ми вика дека
сум убав.. Стара жена е недогледува ко шо треба.
5.Зошто
си на твитер?
За да
бистрам политика. Јбг, нема веќе коперации и нема кај да се бистри политика
појќе. Отидоја коперациите заедно со комунизмот и Тито. Во последнава година
дена, освен политика, Твитер го користам и за да си најдам друштво за пиење. Пивопијци
на ттвитер, колку ти душа сака. Секогаш има некој жеден за пиво.
П.С.
Ја користам оваа прилика за да упатам хејт кон владата шо не не остава да
купуваме пиво после 21 часот.
6.Шо
преставува вашиот аватар?
Имитација на Мет Смит од Doctor
Who, со лептир машна, трегери, кошула и фризура како неговата.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Немам врска, само лептир
машни. (Bow ties are cool). Среќен волк самотњак.
8.Вашето прво искуство?
Си
седиме така во штаб пред 2 и пол години и Филип Петровски вика, мора да пробаш,
многу јака работа е, ич не боли. Јас ке ти покажам се шо треба. Ме убеди чоеко
и пробав. Стварно јака работа бил твитеров. Голема иронија е шо човекот шо ме
донесе на Твитер, прв ме блокираше. Да си напраев премин со него, кој знај уште
колку социјални мрежи ке ми препорачаше ама ете, младост лудост, не го
послушав. Shit happends.
9.Каде би сакале да отидете на еден
месец? А каде на меден?
Месец
дена би поминал во некоја куќичка на некоја планина, кај шо нема ни луѓе ни
интернет. Би издржал некако без твитер. Да се одморам малку од светот и
оправање на државата. Не се издржува ова лудило во државава. Меден месец:
Кингстон, Јамајка. Да го почувствувам духот на Боб Марли. Да го осетам мирисот
на јамајканскиот “воздух”.
10.Ако
го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го
затворат твитер, одма на протест. Влада или Собрание, не е битно. Стевчо рече:
Неможе нам нико ништа и нико не сме да нас дира. Ке бараме да ни го вратат
твитер. А дури не ни го вратат, ке шетам со мегафон низ град и ке твитам
гласно.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој
би сакале да е?
Во
морков пошо обожавам моркови.
12.Ако би се сретнале со историска
личност, што би порачале?
Би се
сретнал со Фројд и би го замолил да дојди во 2010 и да проба да ги излечи сексуалните
фрустрации на владата оти мајката му ја ебаја на Скопје и на државата. Колку
ние и да ја оправаме, тие уште толку ја дозаебуваат. Не можиме да ги стигниме.
Дополнителни
прашања
1.ФЕИТ или ФИНКИ?
ФЕИТ.
Таму сум а и ке бидам уште неколку години. Појке сакам автоматика и хардвер
отколку софтвер. Поинтересно ми е да си играм со ПЛУ отколку куцање код.
2.Шо би сменил во Скопје?
Во
Скопје би ги сменил возачите на автомобили и би ги заменил со некои покултурни.
Не знам колку пати досега, дури возам опасно со БМХ-от, ке загинев на зелено на
пешачки. Лудило е собраќајот во Скопје. Поголеми се шансите да загиниш во
Скопје на пешачки, од шо да се бориш месец дена во Сирија.
3.Омилен филм?
Форест
Гамп. Ко ке се осеќам ретардирано(во духот!), обожавам да го имитирам Форест.
Том Хенкс беше маестрално добар во тој филм. А ако зборуваме за серии, тогаш ке
кажам дека сум фан на Доктор Ху. Ја гледам некаде од 2006 или 2007. Последните
7 сезони ми се гледани по 3-4 пати а ги имам и гледано и класиците од 1953
наваму. Жал ми е шо Мет Смит ке ја напушта серијата на 25 декември ( Мофат, ѓубре едно!)
4.Каде здравје нека е за Нова година?
Јас
сум од тие луѓе шо не планираат пред време. Јас плановите ги правам ден-два
пред нова година и редовно си поминувам убо. Која е смислата да планираш кај ке
одиш, ко и онака сите ке завршат пијани и ке повраќаат?
5.Како
тоа Рубин у Битола?
Рубин
е дојден од Прилеп во Битола за да шпиунира. Го издови патот на еволуцијата. За
мене е пишувана песната Шпиуни су меџу нама. Дојдов за да ја стекнам довербата
на битолчани и да им ги откријам тајните за то како успеваат да пијат кафе
преку цела година на широк сокак. Уште не сум успеал во тоа ама кај и да е ке
успеам. Пред година дена добив прекоманда и сега сум во Скопје.