Wednesday, August 7, 2013

Т.П @pechurkata

Твитер Прашалник @pechurkata 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Многу сакам печурки, а многу се сакам и самата себе.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Ентропијата и комуникативноста  владеат во мене.

3. Зошто си на твитер?
Од немаштија.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Слика во која се препознавам.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@safarafov е крив!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кога светот би бил коцка,  јас пак би пиела водка.                     

7. Каде сте родени?
Во Скопје, во едно старо скопско маало.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Месец на Сејшели, а меден засекогаш таму.

9. Брак?
...

10.Со која историска личност би се мењала?
Клеопатра.


Прашања од @safarafov
1.Како е да возиш со скршено седиште во Југото?
Исто како во аква парк.

2.Слушам си почнала чочеци да играш?
Да, професионално пред странци, а  непрофесионално пред остали.

3.Каде имаш дипломирано и зошто не си вработена (нормално)?
ПМФ- биохемија, а невработена поради Рамковен договор и планот на #Ж за голема Македонија, башка не ме има удрено работно место по глава.Спиро е крив!

4.Зошто не можеш да намигнеш со едно око?
Природен хендикеп.Кај секој е застапен некаде, кај мене на окото.

5.Како е да живееш покрај Вардар и неговата пријатна миризба?
Покрај Вардар прекрасно.Резистентност на смрдеа на нивоу,ја мешам со лаванда.

6.Вистина ли е дека за да поминеш во твоето маало треба да совладаш посебна дисциплина Шахтинг?
Да, само чекаме да стане официјална спортска дисциплина.Златен медал за дечко ми.

7.Комшијата едно време ја шеташе правосмукалката за кабел,се оправи ли?

Бог да го прости, ја фрлаше низ прозор после секое чистење, не му требала више.