Friday, August 30, 2013

Т.П @Toshevska

Твитер Прашалник @Toshevska 


1.Име (ник ово оно)?
Злата, по баба ми Златка, дедо ми  (Василије) сакал некоја варијанта од неговото (Василка или Васка) ама доволно бабско било и ова. Никот си го оставив по презимето бидејќи не сакав да се кријам под никови ама затоа името на твитер си го менувам во зависност од опседнатоста со главната роља од операта што ја слушам тој период.

2.Висина и тежина?
Висина нормална а тежина доволна хахаха

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Сјајно кафеава со омбре на краевите (оноа ко оган да изгледа), ама си направив од минатото лето, меѓу првите бев.

4.Убав? (одговори со да или не)
На него сум му најубава.

5.Зошто си на твитер?
Уште од 2009 си решив да си отворам твитер, видов дека сите познати личности имаат и сакав да видам што всушност прават а и плус глупаво ми беше на фејсбук да пишувам се што мислам, ќе ме направеа ненормална. Генерално си твитам за музика, за опера, за љубов, за мене. Сакам да кажам, не пишува моете алтер его.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас, многу нашминкана (со контури со сите салтанати) еден час пред оперскиот концерт што го имав со колегите.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Карирана да ти кажам, ко кошулата за роденден што му ја земав.

8.Вашето прво искуство?
Се разочарав кога видов дека не ми порасна одма опашка а упорно пиев кафе и после тоа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би ја шетала Европа, би одела во сите оперски куќи, би се прикрадувала позади сцена, а на меден месец во Капри, Италија, така убаво е J

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
М па ништо страшно, во ноутс на мобилен или на таблет ќе си пишувам а може и дневник да отворам. Ама тешко би било, морам негде да ги пишувам експлозивниве чувства од музикава што ми ги доаѓаат.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Не верувам во реинкарнација, ама кога би, не знам, можеби смоква, црвена одвнатре сум секако.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Многу би сакала да се сретнам со Верди, да го прашам како точно ги замислувал своите хероини, без разлика на партитурата на операта, истото и со Вагнер, само него би го прашала што бил толку ненормален а, Чајковски би го гушнала и би му рекла да не се замара што во тоа време бил хомосексуалец и никој не го сакал. L

Прашања од @mashna_321

  1. Зошто баш оперско пеење?
Ако ви кажам како почна се нема да верувате. Бев второ одделение (целодневна настава) и имавме нешто како голем одмор, и јас како јас си се дерам низ училница и едно од другарчињата ме праша што ќе сум била кога ќе сум пораснела и јас саркастично му одговорив „Абе оперска пејачка!“ И ете, потсвеста си работела и еве ме сега, пресреќна со операва. Веќе кога зборувам за опера, мислам дека овде ќе ме разберат луѓето што сакаат да слушаат метал музика. За слична енергија се работи, само кај нас има и солзи J

  1. Бог или наука? И зошто?
Tough one, верниците ќе ме разберат.

  1. Што најлесно може да те извади од кожа ?
Бавни луѓе што ми го трошат времето, тоа може да ми извади од контакт.

  1. Веруваш ли во љубов на прв твит ап ?
Ех за малце мене ќе ме најдеше тоа. Не баш хаха.



Прашање од @RoleOvojDole:
1.    Ако вежбањето пеење го прави совршен гласот, а не постои ништо совршено, зашто ондак вежбање?
Вежбањето не го прави гласот совршен, само подобар, башка, убавината е во несовршеностите J

Прашањe од @Gas_maska:
  1. Од опера, која ти е омилена полициска операција и кој ви е омилен оператор? :D
„Дон Џовани“ од Моцарт, кога ќе го фатат Дон Џовани дека прца се живо и диво J

Прашања од @Dr_Koljo
1.    Дали се дешаа конфликт кој да пее додека се туширате заедно со дотичниот
Кај може он со мене, и башка фалш пее левел доџе ми да вриснем/зашто ме људи избегавају J))))
2.    Дал ќе ми запееш на свадба нешо од Цеца ако решам да се женам
Чим јас ти пеев во кола на првиот твитап без одбивање за свадба да не правиме муабет, само порано ќе ми кажеш да спремам и сценски настап. Сакаш од новиот албум? Или од тие постарите?
3.    Дали би сакала у дует со мене да ја испееш "Кад замиришу јорговани"?

Како да не сакам бе Кољо, срциња ми цртавте со дотичниот во 3 сабајле на хауба!