Monday, February 29, 2016

198ЦА






Monday, February 22, 2016

197ЦА






Thursday, February 18, 2016

Твитер прашалник @sonjatd

Твитер прашалник @sonjatd



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Само го избрав, како и се друго. Џејн Доу. Понекогаш ни ја не можам да се дефинирам.


2.Опишете се (макс 140 нели)?
Темперамент, директност, искреност, упорност, инает, новинарство, одбојка, ракомет, театар, книги, музика... Е добро, и многу зборам, да.

Еј се спикав у 139 карактери?! Немогуче.   


3.Зошто си на твитер?
Можам да бидам тоа што сум, со оние со кои сакам. Фантазија за рл.  


4.Шо преставува вашиот аватар?
Жена 30+. Јас.


5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сама дојдов. Сам ако не се за*ебеш...


6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Сакам мир во светот... ок не.

„Единствено што ми е криво сега е што не сум студент. #протестирам“

Многу им ја сакам храброста, пркосот...

 
7.Каде сте родени?
Во престолнината на гипсениот барок, северно од јужниот сосед. 


8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец, во Португалија. Мед ионака не сакам.  


9.Брак?
Не би сакала некого да разочарам. 


10.Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Ако кажам лав, нема погрешно да ме разберете?


Дополнителни прашања

1.Новинарството и социјалните мрежи?
Ланец на исхрана. Двете ги сакам. Многу.


2.Глупав ли е твитер прашалников?
Многу позабавен и поза*бан од кој било новинарски прашалник, признавам.


3.Каде се гледаш за 5 години?
Некаде на топло. На море. Мирно.


4.Омилено место во Македонија?
Скоро го открив Брајчино. Таму. Со моето друштво.   


5. Како би дефинирала твитерџија?
Intelligence is enormously sexy.

Monday, February 15, 2016

196КА






Tuesday, February 9, 2016

Твитер прашалник @nazziHitler

Твитер прашалник @nazziHitler



1.Име (ник ово оно)?
Хитлер, само Хитлер.

2.Висина и тежина?
Висина 1,84 а тежина некаде околу пеес кила со се кревет.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Чекај да ја прашам мајка ми за бојата на косава, единствена е она у семејствово шо не е далтонист... Ќе се вратам на ова подоцна.

4.Убав? (одговори со да или не)
Па според досегашните истражувања на баба ми и мајка ми докажано е дека сум убав, (читај најубав) башка и @TwinOfArabella ми има кажано дека личам на Alex Turner.

5.Зошто си на твитер?
Дел од луѓето твитер премногу сериозно го сфаќаат, се обврзуваат за никовите па дојдов да има кого да хејтаат затоа и Хитлер се пишав, а у принцип ми имаат кажано дека сум фин момак.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Омилена историска личност, пред се човек со голем МОЗОК, знам дека се прашувате дали го оправдувам тоа со убивањето, нема да кажам пошто сите го имате побарано Хитлер во тешки денови.

7.Вашиот прв твит?
Изгуглав го најдов!! *Како прв Tweet НЕЗНАМ шо да пишам..* ова ми е првиот твит и како шо може да видите не сум бил многу многу писмен тогаш..

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Лондон, а на меден не знам, не сум сигурен дали ќе се оженам..

9.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Идеме во ментална институција на масовен твитап.

10.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Млад драчевчанец, ради Manban фризурата.

11.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Преферирам да биде тоа Хитлер, а би му порачал два чикен бургера од Вили и литарипол Златен Даб.

12.Што би сменил на себе?
Премногу сум интровертна личност, единствено тоа би го сменил, и онака све друго на мене е перфектно хехене.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ова е прашањето каде шо сите глумат хуманитарци и донираат?
Епа ја ќе бидам искрен... Ќе патувам сам околу светот доека не си најдам идеално место за живеење.


Дополнителни Прашања

1.За што си нај(не) способен ?
За све ме бива бе, за све сум способен.

2.Си посакал ли некогаш на комшијата да му умре козата?
Козата не, ама коа буши, цепи дрва и усисава во недела.. Многу работи посакувам да му умрат..

3.Една од моите омилени изреки  е...?
Омилена изрека... ''If you don't like a rule just follow it, reach on the top and change the rule.''
-Хитлер.

4.Најчесто пијам....
Вино, дека нели боговите пиеле вино.

5.Веруваш ли во виртуелни пријателства ?
Зависи од убавината на девојката, некад верувам, некад не..