Wednesday, October 30, 2013

Твитер Прашалник @WonderBallerina

Твитер Прашалник @WonderBallerina 


1.Име (ник ово оно)?
Никот ми е WonderBallerina како комбинација од мојата омилена супер хероина и она што сакам да бидам кога ќе пораснам. Плус се римува со Марина.

2.Висина и тежина?
Задоволна од двете, иако можев барем до 170 cm да израснам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Според некои светло кафеава, според мене само кафеава која светка на сонце.

4.Убав? (одговори со да или не)
Убава, значи да.

5.Зошто си на твитер?
Зошто ми е убаво тука. Има убави луѓе со кои делиме слични интереси. Плус, доста се паметни и забавни.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Wonder Woman со тетоважи.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Разнобојна е, за карирана не сум баш сигурна. Понекогаш можеби е.

8.Вашето прво искуство?
Се сеќавам кога прв пат влегов во старата книжарница во охридската чаршија. Знам дека есен беше, а јас бев на најубавото место, со најубавиот мирис и со крцкав под. Штета што не постои повеќе.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец било каде, само да е топло и море да има. На меден не знам, ама ќе го викам Wonderland.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Не сум размислувала. Си викам нема да го затворат, а и да го, ќе му ја мислам тогаш.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Брокула

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Кафе за мене, чај за него и колачиња со цимет.

13.Шо мобилен телефон користиш?
iPhone 4S


Прашања од @elielche
1. Омилена песна.
Bohemian Rhapsody си ја потпевнувам секогаш, дури и сега.

2. Наброј пет места кои би ги посетила со љубениот по азбучен ред.
-Барселона, во книжарницата на господин Семпере
-Даблин, во најубавата библиотека на Trinity College
-Месечината
-Спело, за време на цветниот фестивал
-Токио, во есен

3. Дали има книга што те прогонувала во мислите долго време откако си ја прочитала, и која?
Сите книги ме прогонуваат. Тие што се поупорни ги препрочитувам.

4. Како суперхероина од кои три зла би го спасила човештвово?

Како прво, избирањето филм пред книга. Тактички скроз погрешно. Второ, ограниченоста во размислувањата. И трето, себичноста.

Monday, October 28, 2013

76КА

 76КА




Friday, October 25, 2013

Твитер Прашалник @ellielche

Твитер Прашалник @ellielche 


1.Име (ник ово оно)?
Бев само Елли, ама еден другар еднаш одамна (времето пред твитер) ми рече: „Ти си Елче, и навиваш за Елче.“ И така бидна.

2.Висина и тежина?
Задоволна сум од тежината, со висината си имам проблем, не многу голем, ама на концерти секогаш има некој висок пред мене.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Костен, див.

4.Убав? (одговори со да или не)
Тој ми вели да, му верувам.

5.Зошто си на твитер?
Убо ми е, има луѓе што ме инспирираат. Од некои учам како треба, од некои како не треба.
           
6.Шо преставува вашиот аватар?
Чадорите се за летање... приказничето е тука http://whatitisjustmyart.blogspot.com/2013/10/umbrellas-are-for-flying-brooch.html

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Сме, ја боиме.

8.Вашето прво искуство?
На 14 години, научив како е да живееш сам, во друг град, прво и највредно искуство.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Со воз од Москва до Владивосток, може да е и меден, не се бунам.
           
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Си имам мое место  (myspace)
  
11.Ако се реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?


12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?                                 
Топено сирење, лепче со сусам и по едно пиво.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Знам дека е елџи, за моделот не сум сигурна. Ама топ е.

  
Прашања од @Principessa_M 
1.Кога планираш да отидеш на концерт на Pearl Jam?
Секој ден планирам, до сега ги чекав да дојдат негде поблиску ама веќе не ги чекам, до година здравје, од европската им турнеја, бирам град (може и два) и одам.

2.Да можеш да одбереш две места за зима и лето,каде би живеела?
И во зима и во лето на сончевата страна од улицата.

3.Сирење во сите варијанти?
Во сите, знајни и незнајни, и уз сè.

4.Патување со љубениот каде?
Бразил, сп 2014 (желба) 

Thursday, October 24, 2013

Твитер Прашалник @Principessa_M

Tвитер Прашалник @Principessa_M 



1.Име (ник ово оно)?
Сакав да твитам со име и презиме.Ми кажаа дека тука сите се со прекарчиња.Професијата беше пресудна.Професор и преведувач по италијански јазик

2.Висина и тежина?
Во границите на нормалата.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Костенлива,со примеси на виолетово.(Оти имав мерак за нијанси,а со виолетово на сонце ми е прекрасна)

4.Убав? (одговори со да или не)
Ми имаат речено ciao bellezza.Си го сметам за најубав комплимент.

5.Зошто си на твитер?
Затоа што сметам дека има фантастични луѓе со интересни мислења.Го сметам како добар извор на информации и споделување на фини содржини.Има и брутално искрени личности кои не се плашат да ти кажат дека нешто не чини или чини. И да споделам по нешто за Италија,за културата,тамошната реалност,пиците итн.итн.итн.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Елеганција во движење.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не ме нашол тој вистинскиот уште и во оваа прилика сакам да му порачам:Еве бре,што чекаш!!!
Не сакам баш карирани работи,ама за комбинација се одлични.

8.Вашето прво искуство?
Пакетче за Нова година.Зелено со Дедо Мраз.Вриштев од среќа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Малку ми е еден месец за пат околу светот.За меден месец со тегла нутела и љубениот(ако се најде некој таков) на Капри.Во Италија постои изрека:Vedi Napoli e poi  muori(Види го Неапол и потоа умри)Јас велам види го Капри и продолжи кон Малта.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Скраја да е.Пу пу пу.Ако сепак тоа се случи Гугл +.Никако ЛинкедИн оти ми е троа глупичко за користење.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Јаболко

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Тешко прашање.Ваљда Тесла.Ќе дрпнеме проект од владиниве за да направиме машина за патување низ времето и сите ќе ги запознаам.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Алкател One touch Idol.Што и да зборите за Алкателиве,најубај се!


Прашања од @elena_tekinec
1.Ако треба да бираш кој би го одбрала за животен ментор?
Марија Монтезори или Ориана Фалачи.Инспиративни и енергични личности.

2.Вреди ли слика 1000 збора?
Апсолутно.Една слика доловува повеќе отколку што со збор може да се опише.Вреди зајдисонцето во Венеција гледано од мостот Риалто.Вреди сликата во Рим кога чекаш изгрејсонце на Шпанските скали.

3.Ако љубовта е слепа, како не наоѓа?
Да се надеваме дека има вграден навигатор.Ама на мојава или ѝ откажал апаратот или има трајно слепило.Да се надеваме дека ќе се излечи поскоро.
4.Каде во Италија би сакала да живееш?
3 месеци во Торино (секој ден ќе одам на стадионот на Јувентус и ќе навивам од срце) По 3 месеци во Фиренца и Рим,оти се одлични за шетање.3 месеци во Верона или Милано.

5.Пица или тестенини?
TuttoJ
Pizza: prosciutto e funghi.
Pasta:Tagliatelle golose con il prosciutto.
Gelato: Bacio
За крај мојата омилена со најубав текст:

Wednesday, October 23, 2013

Твитер Прашалник @elena_tekinec


Твитер Прашалник @elena_tekinec 


1.Име (ник ово оно)?
@elena_tekinec за фамилија, Џамбаз од секој можен аспект.

2.Висина и тежина?
Да, згодна сум.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Као какао..

4.Убав? (одговори со да или не)
Ако ја прашаш мајка ми - најубава, а и комшиката сакаше да ме земе за снаа.

5.Зошто си на твитер?
Малку чудно ама да, асистент на факултет ни постави ултиматум: Или ќе си отворите твитер или нема да го положите испитот. Положив! ...Еве сега и за да не ми биде досадно на работа. ;)

6.Шо преставува вашиот аватар?
Луди и бесни млади години.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?

8.Вашето прво искуство?
Негде на 5 години, еден чичко ме погали по коленото и ми рече дека нема да ме боли... и ми го изваде забот.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Франција, #наТочак со караванот на Тур де Франс. А на меден дефинитивно во Лондон.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Никому ништо, ќе преживееме некако... ваљда а?

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Зелка!

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Марија Терезија и не би и порачала ништо, туку само ќе и се поклонам.


Дополнителни Прашања

1.Твит врежан во главата?
Еј вака кога треба да бирам.. има многу добри што ми се моткаат низ глава, ама еве еден мој што никако не ми излегува J https://twitter.com/elena_tekinec/status/379925015740698624


2. Шо би те натерало да го напуштиш твитер?
Ако китот го изеде пиленцето.

3.Зошто пилето ја помина улицата?
Не знае кај тера.

4.Идеална интернет брзина?
Двоцифрена.

5.Одиш ли по се почестите твитапи?
Бев на неколку до сега, шта речи – убави луѓе на сите страни. J