Алкохолот не ти е пријател..ама па реално гледано, кој ти е?
— Бејтманолоџи (@hasawatermark) January 4, 2014
Мијалков поседува 14 од 16-те краци на Сонцето на Вергина. Исто така, се надевам дека поседува и смисла за хумор, за да не ме уапсат за ова.
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) January 15, 2014
Те имам на твитер.
Те имам на фејсбук.
Те имам на скајп.
Те имам на вајбер.
А те немам.
— Ljubiša (@Sulimanovic) January 21, 2014
Многу сакам кога ќе видам човек што се смее додека оди на улица,а не гледа во мобилен,знам дека се потсеќа на нешто убаво што му се случило.
— Маци (@ViktoryNik) January 23, 2014
џемпер у принцип има потапа резолуција од блуза
— Гижоки (@Shkottt) February 9, 2014
Да организираат игри на несреќа, сигурно ќе добијам.
— Катода (@khayteeb) February 13, 2014
Ако жената на порака ти одговори со ОК, читај 100 пораки наназад и пронајди ја грешката.
— Wraith Queen (@irenaxxxx) February 18, 2014
Логично е да гласа и дијаспора. #Јер и ја одлучувам што ќе јадат моите дома кога ручам во кафана.
— Ljubiša (@Sulimanovic) March 6, 2014
Толку пати ме имаат издадено што почнав да се осеќам како гарсоњера.
— Миле Паника (@Mile_Panika) March 18, 2014
Си купив апостолки ќе ги крстам Петар и Павле.
— Тутан Камон (@IvoCmon) March 29, 2014
Љубов е кога целосно си припаѓате, а и понатаму се освојувате.
— Тања (@Azhdaja) April 8, 2014
За некои чувства не се разговара, се пие.
— Moonlight (@LaLuna28mm) April 9, 2014
Да одиш се некој дечко 8 години, и пак за проблемите во врска да ти е крив бившиот! Епа не е возможно!
Исто и со власта наша.
— Мама Старк 2.0 (@MarincePink) August 26, 2014
Оние од средно што не знаеја да бекнат англиски,се преселија по светот.Ние што имавме петка,останавме да гледаме странски серии без превод.
— Man (@Goran_Man) April 28, 2014
ако не те сака, ѕвони и да ја зрачи
— Гижоки (@Shkottt) May 3, 2014
Денес у самопослуга едно дериште вриштеше затоа што мајка му неќеше да му купи Сникерс. Земав едно, го платив, и го изедов пред него.
— Beni (@Shushmula) May 6, 2014
Каков секс мори, сум го симињал филмот со 10 сидера едвај, има да го гледаш маму ти ибам !
— Gentlemanus Vulgaris (@NoLuckMakedonec) May 17, 2014
Со факултет си ништо, а без факултет си барем без факултет
— маиша де ла круз (@patapatae) June 12, 2014
Тестот за бременост го потврди нејзиниот најголем страв. Дебела е.
— Ц (@ceciliaa537) June 21, 2014
Татко ми на мои години бил заљубен и си истетовирал Лиле на рака. И ја сум сеа заљубен, ама не сум толку глуп. Иначе, мајка ми Весна се вика
— Хеликобактери (@Helicobacteri) June 26, 2014
Никако не сфатив, зашто родителите љубовта и бакнувањето го кријат пред децата, а кавгите и навредите ги сервираат пред нивни очи.
— Dikiღ (@BisernaSolza) July 10, 2014
Ќе му речеш да не те бара повеќе и стварно не те бара. Боже сачувај!
— Девојката (@YLUUUUUUU) July 23, 2014
Самоил имал 14.000 војници. Секој 100ти имал по едно око, тоа се 140 души. Ете зошто Твитер дозволуе 140 карактери, ние сме водиља за слепци
— Бапчо (@TheFitzzz) July 29, 2014
Не ми се емигрира у странство пошто после на одмор ќе треба да идам у Македонија.
— Jordan Geekov (@jocoska) August 14, 2014
Да го поздравиш и да ми го бациш.
— Дарјан Раденковиќ (@darjanr) August 29, 2014
Толку ми е спор компјутерот што струја да снема после 2 минути ќе се исклучи
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) September 1, 2014
Македонец е тој што не чита упатство за употреба пред да почне туку од кога ќе се заебе.
— Рибизла Ретардирана (@crvenakopriva) September 10, 2014
Ќе редефинираат јавен долг за да го намалат. Следно очекувам да сменат дефиниција за идиоти, да не ги опфаќа.
— Е. (@EStavrevska) September 17, 2014
Siri сестро, ако ја кажам „GODINA“ а ти не продужиш „MAAAVARALASIMEEEE...“ не си вештачка интелигенција, ништо не си!
— Jordan Geekov (@jocoska) October 8, 2014
Од инвестиции, сум инвестирал многу емоции во погрешни лучности.
— Деко (@Dreamcatcher985) October 21, 2014
Пишуваш симптоми на гугл и испаѓа дека си умрен веќе 48 саати.
— Ана Ресана (@AnaFiljana) October 30, 2014
Еве со години ја мачкаме Македонија со ракија и не поминува.
— Таше Стрезовски (@strezovski) November 7, 2014
Жена ми во телефонот ми нашла контакт "Бесплатен секс". Не издржала, завртила - ѕвонело кај неа.
Два дена не ми збореше...
— HAL9000 (@Microdonia) November 12, 2014
На групни слики секој се гледа себе си, исто и у животот
— Бакица (@BabamiTinka) November 30, 2014
Да знаев дека еден ден нема да те имам ќе те бакнував повеќе.
— Dragana Gunin (@DraganaGunin) December 7, 2014
Од маглава у Дром крст пред око не се глеа
— Д Зоро (@The__Zorro) December 14, 2014
да воведеш државен испит за да го подобриш квалитетот на образованието е ко да менуваш ќерамиди за да ги зацврстиш темелите на куќата.
— Е. (@EStavrevska) December 15, 2014
СРЕЌНА ВИ НОВА ГОДИНА