Tuesday, December 2, 2014

Твитер прашалник @_Rouzz

Твитер прашалник @_Rouzz 



1.Име (ник ово оно)?
-Мерилин. Шо знам, ваљда пошо името ми звучи некако секси.

2.Висина и тежина?
-Доволно висока да сменам сијалица...ако сум качена на триножно столче. А тежина? Имам на душата понекогаш, да, од разноразни причини.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
-Сва среќа шо не сум ќелава, па мојата коса ја има честа да ја има совршената нијанса на темно-црвена (бордо) боја.

4.Убав? (одговори со да или не)
-УбавА*. Третото зборче што ти стои во заградата. Три извичници.

5.Зошто си на твитер?
-За да има со шо да се замарам, кога нема со шо да се замарам.

6.Шо преставува вашиот аватар?
-Обожавам црни мачиња со зелени очиња и сум една од ретките кои не ги дискриминираат истите.

7.Идеална врска за Вас?
-Не носам врски, али ако бев машко идеални за во секоја прилика и ускладени со све би ми биле оние со цветен дезен.

8.Имаш можност за прв твит?
-"Ок, направив твитер. Давајте инструкциите за оправање на државава!"

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
-Некаде на Британските Острови. И не на еден месец, на СИТЕ месеци. Засекогаш.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
-Ќе умирам тивко полека во некоја ментална институција.

11.Верувате ли во реинкарнација?
-Да, верувам. Ќе се реинкарнирам во еднорог.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Курт Кобејн, друже, не се отепуј, треба да правиш уште песни за вени сечење за твоите верни фанови!

13.Шо мобилен телефон користиш?
-Едно црно сони иксперииче кое многу си го сакам и ја користам оваа прилика да му ја посветам "Не кочи" од Елитни одреди, хе хе <3

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Доколку се случи Големата преселба на 'и ќоро и сакато и све и свачега' на тл.

15.Што би сменил на себе?
-Засега ништо.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
-Ќе ги трошам надвор од Македонијава, а дел од нив ќе дадам во хуманитарни цели.
                

Прашања од @MRisafov

1. По фенг шуи, шо мислиш за Превалец?
-По фенг шуи, мислам дека Превалец си е приказна сама за себе.

2. Колку слики имаш направено со кафе и цигари во Скопје ?
-Да знаев дека ова ќе ме прашаш, ќе почнев да ги бројам совреме, а вака сега некако ми е тешко да ти одговарам на прашањето..

3. Имаше ли место за Ди Каприо да се спаси во Титаник ?
-Имаше! Ама коа си фаќа работа со селфиш бичез ко Кејт а.к.а. Роуз шо нејќеше да му напраи место, кој му е крив..

4. Шо мислиш за на Кире баба му и дедо му?
-Супер бабичка и супер дедичко исполнети со 'младалачки' дух.

5. Грав у петок или Секс наутро ?

-Грав јадам строго у недела пошо живеам опасно, а сексот го мачкам на леб и секое утро го појадувам со чај од јаболко и цимет или евентуално од брусница.