Saturday, November 2, 2013

Твитер прашалник @bukalono

Твитер прашалник @bukalono 


1.Име (ник ово оно)?
Нола, мајка ми сонувала букви ги напишала на лист и со татко ми ги избрале овие четири.
Bukalono, не можам да се сетам што ме натера така да му се обратам на еден другар и кога почнав да твитам ми рече дека добро ќе ми стои за ник и ете. Прво беше Лејди (зашто официјално имам титула од Шкотска #сефалам )

2.Висина и тежина?
Мало секогаш, тежина променлива.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Чоколадна.

4.Убав? (одговори со да или не)
ДА! (Најубав е кога го сакам. )

5.Зошто си на твитер?
За кога ќе станам славна да ја продадам архивата и да ги донирам парите во хуманитарни цели.
И зашто има луѓе кои обожавам да ги читам.
И зашто има луѓе кои ги запознав и се прекрасно разубавување на моето секојдневие.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас, среќна.
Штиклите кои обично седеа кајшто пишува аватар, страст за чевли.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)
Не сум. Нахнадно ќе пингам дали е карирана.

8.Вашето прво искуство?
29.06.2013 првпат ја гушнав. Вака после 4 месеци сфаќам дека не бев свесна колку убава одлука донесов. Леа ми се радува кога ќе ме види а на минутка сум била до балкон. Ретко кој човек е способен на таква љубов.
Еве ни ја првата заедничка слика (од фб) 

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец на планина и ќе ја најдам @lea_arwen за кога ќе нè нервираат симпатииве да си се тешиме уз вино и џез. Ќе земам и различни вкусни чоколади.
На меден месец прво во Лондон на Емирати, сакам да ги гледам Арсенал против Тотенхем а од таму има лет за секаде. Ќе оставам на него да избере.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Дружење во живо со оние што се погодивме. Не затварајте го пред да запознаам уште некои. Знаат.
 
11.Ако се реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Аспарагус.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Црвено суво вино за мене, а на Зигмунд Фројд ќе го легнам во кревет (не, не со мене) ќе се сместам удобно во стол и ќе ја анализирам сржта на неговите теории од позицијата која обично тој ја имал. Ќе му порачам: „Без тебе психоанализата немаше да е толку привлечно интересна.“

13.Шо мобилен телефон користиш? 



Прашања од @lea_arwen 
1. Опиши едно совршено утро за тебе во Мадрид J
Собата има големи прозори а е уредена во светли бои. Отварам очи рано, по навика. Овојпат не сум сама. На малата дрвена масичка со загасито портокалова боја стои флаша вино. До него две чаши. Едната со црвен отисок од мојот кармин. Задоволно се смешкам. Пред удобниот голем кревет лежат моите црвени штикли и нашата облека. Се вртам и му го галам челото. Полека станувам и отварам завеса за сонцето да влезе во соба. Од прозорец гледам накај Puerta del Sol и мирно уживам. Станува и со едната рака ми ја повлекува косата за да ме гушне а со другата ми ја подава чашата цеден цитрон која успеал да ја донесе додека сум миела лице. Отпивам малку и го љубам. Ноќ после Sala Clamores заслужува вакво утро. (После саат време ...) Ја закопчува лепршавата кошула а јас последното копче додека му се смешкам. Седнуваме во мало локално место да доручкуваме и одиме во Retiro park. Земаме кајче. Сега сме тивки. Само ние и целите поглавја кои погледите можат да ги кажат. Ми подава рака да излезам и чекориме еден до друг. Седнуваме на некоја од ливадите и легнувам на трева. Главата му е на мене. Ја отварам книгата која сме ја избрале по пат од локалните препродавачи во близина на паркот (тоа ми е омилено место). Прстите ни се преплетени.

Требаше да ме ограничиш во неколку реда.
^_^ (тебе ќе ти го опишам и „После саат време...“)

2. Осеќаме дека си заљубена. Ако можиш да смениш една работа кај личноста шо ја сакаш, која ќе ја смениш?
Relationship status.   

3. Ти си една од последните романтични души овде. Од каде инспирација за љубовните твитови (кои ние ги ретвитаме и фејваме верно)? J
Ако вниманието е романтика, guilty as charged. Муабетот ми е дека сум тип што повеќе сака да запаметиш кој ми е омилен пијалок отколку да ми купиш 101 ружа кога ми е роденден. Поводот го наоѓам во меракот да гледам среќни луѓе.
Кога сакам имам два стадиуми во љубовта.

4. Омилена песна за слушање со вино, чоколадо и љубов?  

И морам уште една (цедето на кое ја чув првпат го добив за подарок