Friday, November 1, 2013

Твитер Прашалник @lea_arwen

Твитер Прашалник @lea_arwen 


1.Име (ник ово оно)?
За разлика од Лиса Симпсон по воз шо е крстена, има песна за мене од Hot chocolate. Никот од имињата на две  јаки жени заедно Леа (ок бе знам дека е правилно Leia) од Стар ворс, Арвен од LOTR. Тешки филмој.



2.Висина и тежина?
- Крило играв на кошарка порано и ако облечам штикла со симпатијата ќе сме француски пар. Уствари можи не сум јас висока колку шо е тој низок, зависи како гледаш на работите. Тежина? Нели жена не одговара на ова а а А???!!?!!!11  Нема ерор извадено вагата, шо значи можиш в раце да ме крениш.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Природна плавуша сум. Малку познати факти. Бојааа.. чекај сеа.. чоколадна. А ко ја видов Јукио во Вулверин си викам ееееее е е е ваква за мене треба.

4.Убав? (одговори со да или не)
Зелник не знам да месам, мајка ми рече ко ќе се мажиш тие работи, сега само рандом ручеци и десерти знам. Една е мајка! 

5.Зошто си на твитер?
За да читам интересни и паметни луѓе, особено ми оди насабајле со утринското кафе, цигари и Блек сабат. И ако си најдам некој шо делиме иста пасија за стрипчиња, Спартакус и митологија ќе го освојам и ќе си го љубам до крајот на светот. Сулиманович првите две ги исполнува, уште митологија го немам испрашано.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ши-Ра, алтер-его на Адора. Омилен лик од детството.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)
(остај празно ако си ќелаф). А за последната  другарот @gocets прашајте го дали беше карирана, него му се жалев и супер совети ми даде. Му плачев на биро в канцеларија. Среќа шо ме трпи и не ми откажал дружба уште.  


8.Вашето прво искуство?
Искуството е името шо му го даваме на грешките, така рече Оскар Вајлд. Многу фер прашање ова?

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Пелистерски очи на еден. Без телефони и интернети. Планинска идила, рај. На меден шо е важно, ионака од соба нема да излезиме со зетот. Да искористиме сами шо ќе сме, после пак тетки и стрини ќе ни идат на гости да гледаме дивиди и слики од свадбата дури не ни се смачи од и решиме да се преселиме Алјаска.
  
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?



11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Пиперка. Ама па така големи се шансите пак во Македонија да се родам. Не можи во сникерс да се реинкарнирам?

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Толкин. Да напиши уште милион книги, малку се овие. Му ја обожавам фантазијата.
И дедо ми сакам да го сретнам, уште еднаш да го гушнам и да му кажам дека најмногу ми фали.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Сега искршен пошто многу го пазам, Алкател не знам шо број. Доволно е шо кажав Алкател, значи кај и да е наскоро од дигитрон ќе се логирам.

Прашања од @WonderBallerina 
1. Кое место од книга ти оставило толкав впечаток што мораш да го посетиш?
Middle-earth, Ривендел кај самовилите да ги слушам кај шо пеат и Шајр да пиеме и да се веселиме со Хобитите. А ако треба да бирам од реалните- кај Хајди на планина сакам да одам.

2. Кој супер херој сакаш да си?

3. Кои четири работи би ги зела на пуст остров?
Нејќам работи, само него сакам да си го земам. Ќе кршиме кокоси. Можи и нешто за џез да нѝ свири.

4. Омилен лик од серија
Ганикус. Мислам види го. Совршеност.