Исповедник
е нешто што ме следи со години. Многу сум прониклив диреткно во суштината на
нечиј проблем некогаш и повеќе од самиот страдалник.
2.Висина и тежина?
176-84-95-66-99-17-41-30.
Има тука по некој број за секого.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Наскоро ќе
оставам празно.
4.Убав? (одговори со да или не)
Да, како
античко грне сум извајан.
5.Зошто си на твитер?
Беше во
период кога морав креативноста некаде да ја истурам, па решив тука, нормално по
препорака на @ventilirachka.
Торнадо од емоции, идеи, чувства,
креативност. Има тука се’. А моја дефиниција би
била
Сечиј твит ми е како порака во шише. Фрлаш далеку и не знаеш кај ќе стигне. Некогаш на брод со 1500 пирати, а некогаш на пуст остров.
— ispovednik (@SeadVoice) July 12, 2013
6.Шо преставува вашиот аватар?
Како
одличен слушател мислам дека е дојдено време малку луѓето да застанат и да
слушнат што се случува наоколу. Clarice беше
одличен слушател на Dr Hannibal Lecter. Е
сега, некогаш сум Clarice а некогаш Dr Hannibal Lecter, само јагнето или чуварот да не сум.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Обично не е
карирана но е во тон, таа во розево јас со црвена кравата, фатална комбинација
но дури и Голум не успеа прстените да ни ги украде.
8.Вашето прво искуство?
Мај, мрачни
непроспиени ноќи и после девет минути се изроди моето првенче
Ноќта ми стана ден, денот ми остана ден, а сонот - илузија.
— ispovednik (@SeadVoice) May 5, 201
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец
во тајна лабораторија за ГМО ми е доволно за да ги уништам целосно и во неповрат
сите нивни производи и никогаш да не проработаат, никогаш.
На меден
месец имав контакти со вонземјани во Египетските Пирамиди.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Си имаме
ние приватен твитер со @ventilirachka и @bukalono и уште неколку слични па што и да се случи
мува не не’ лази. Ни мува ни комарец ни слон.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би
сакале да е?
Краставица,
локална, здрава и сочна, носи среќа во различни пригоди за различни потреби.
12.Ако би се сретнале со историска личност,
што би порачале?
Не е личност
ама - Тројански коњу мрш веќе од Македонија. Најди си друга занимација.
13.Шо мобилен телефон користиш?
Олд тајмер, најмногу сакам кога ќе го извадам на маса во кафиќ, фаќа чудни
погледи и чудни фреквенции на непознати јазици.
Прашања од @ventilirachka
1. Беате, кој момент од кој сме дел јас и
@bukalono ти оставил најдлабока трага во животот? Елаборирај.
Од каде да почнам? Од времето кога заедно растевме и секое утро се топлевме
на шпоретот од нашиот дедо? Од колибите кои ги правевме па расипувавме? Од
театарските претстави кои сами ги смислувавме а на кои и сега можат да ни
позавидат искусни автори. Вашите кореографии и бескрајната смеа? Првата
прочитана книга, учење англиски зборчиња. Ти текнува? Во забавиште отиде со
најбогат речник на англиски зборови, нешто што очигледно те прати цел живот J. Следуваа тинејџерски тајни и љубовни проблеми,
понекогаш и разочарувања, одлични филмови и нормално F.R.I.E.N.D.S и повторно смеа.
Е кога сме кај смеата, најдлабока трага мора да признаам дека ми остави моментот
кога учествувавме во еден квиз, вие две директно, јас телефонски од другата
просторија. Тогаш сите дознаа по што сум познат, а ти дозна дека
интерпункцискиот знак не треба да се објаснува со асоцијации. Не верувам дека
некој има доживеано три дена без престан и со солзи да се смее. Е тоа сме НИЕ.
2. Ти си бил муза на млади и талентирани музичари.
За тебе е испеана песна и е снимена на носач на звук. Кој стих ти е омилен?
Хаха. Знаев дека ова ќе го спомниш. Што да кажам а да останам нормален? Не беа толку талентирани „музичари“. Јас сум
вечна муза за правење глупости, машка верзија на оваа дама
И нормално дека моите тогашни силни тинејџерски емоции ќе инспирираат
лудаци да снимаат песна во тоа време на касета. BTW каде е истата? Многу ударен почеток имаше :
- Има еден дечко
од природна, втора година... Охо веќе ја израпував. Стоп.
3. Ако можеш да бидеш друг твитерџија на еден ден,
кој би бил? (не, не може да е роднина, зашто претеравме со Твитер непотизмот)
Интернационално би бил @God за да го одследам
Justin Bieber, а локално би сакал да ја
поседувам смислата за хумор на @profilot.
4. Кога планирате да ѝ подарите братче или
сестриче на Фиона?
Во иднина, уште
од сега го жалам кутрото како ќе се бори за внимание со Фиона.