Tuesday, November 19, 2013

Твитер прашалник @Viktor1302

Твитер прашалник @Viktor1302 


1.Име (ник ово оно)?
Вики,како мал некои така ми викаја иако го мразев тоа име,сега никој не ми вика Вики им реков ако ми викаш Вики купи ми едно Квики.

2.Висина и тежина?
Пијан сум секогаш понизок,на една нога сум 40кг,а на две 80кг.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)


Дрвена е,ако остани боја од Велигден ќе ја напрам црвена [                            ] доста е толку празно?

4.Убав? (одговори со да или не)
Во темница нема поубав од мене

5.Зошто си на твитер?
Пред се сакам насмевката во форма да си одржавам,кога врни дожд,на фб повеќе „врни“ дожд отколку на твитер,на твитер постои опција ретвит,на фб копирај и да си го најдам непознатото другарче дали стигна писмото имаше пари внатре,сакам и тој истото да го направи сега.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојата неостварена желба..извинете остварена ми е само аватарот ми е од иднината 2014 или 2015 заборајв.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Од лажниот профил да, лептир машна имам карирана.

8.Вашето прво искуство?
Правење чоечиња во снегот.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец тука 66,13степени севернагеографска ширина,21,93степени западногеографска должина,ќе направам повеќе свадби да не ми биди монотон медениот месец,првиот меден месец Куба.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Чувствително прашање,ни треба една твитер банка за чување на твитови за секој случај,дури јас работам во УЈП никогаш нема да го затворат твитер.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Морков,нели морковот е попортокалев од портокалот.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Со Елена од Троја..би порачал 10-ка со кромид,а и за неа истото па и по едно пиво не би било лошо..и фискалната ќе си ја земам.

13.Шо мобилен телефон користиш?


Само ми е многу незгодно кога сум на кафе и го оставам на маса,башка 2 имам.

14.Кој графит би го напишал и каде?
Јас ти ѕвонев со непознат,на ѕид.


Прашања од @lady__mish 
1. До која страна си со учење на грешките?
404.

2. Дозна ли која е таа фејвачицата од твитер?
Сеуште сум во потрага на фејвачицата на мојот живот.

3. Омилено мезе и омилен пијалак за со мезето?
Печени костени со домашно црвено вино

4. Ти пречи тоа дека Прилеп има катна гаража а Битола сеуште нема?
Во Битола важно е колата да е паркирана негде каде сите ке ја видат,и ние еден ден ќе имаме катна гаража.