Thursday, November 14, 2013

Твитер прашалник @mojokilington

Твитер прашалник @mojokilington



1.Име (ник ово оно)?
Моџо Килингтон. Моџо ми е даено од кумот. Моите имале три
фаворити за име Никола, Пеце и Атанаско. Тука бил и кумот, кој за игра на судбината имал лош трип од ајсид и успеал да напиши само Моџо пред да замини со Летечките мечиња да гушкаат виножито. Моите решиле да извлекуваат, по метод на елиминација и кога Натали го извлекла името Моџо, кое единствено останало во барабанот, настанал шок и неверица кај публиката. Дали ќе го одржат зборот? Како се појави Натали, а годината не е 1997? Сепак моите како поштени пролетери решиле да ме крстат Моџо.
Килингтон е инаку старо презиме од Мијачко-реканскиот регион.
2.Висина и тежина?
1.80 висина 75 +- 5% тежина.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
4.Убав? (одговори со да или не)
Зависи од промилите на алкохол во крвта на окото кое гледа.
5.Зошто си на твитер?
Зато шо на фб налето е досадно и има само слики од грди стапала на плажа.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас со двата од четирите есенцијални елементи за живот (цигара и пиво). Другите два елементи се рок и љубов, кои не се гледаат на сликата, а се во опкружувањето. Штета шо уште не е измислен апарат шо нив можи да ги фати на слика.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Моногамијата е неприродна и застарена ко концепт на живеење. А ова со карирана не го разбрав од ко дојдов на твитер. И уште не го разбирам.
8.Вашето прво искуство?
Репортажа на РТС (Телевизија Скопје, за помладите) за 14-тиот вонреден конгрес на СКЈ на кој си заминаа Словенците.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Лондон 67-ма, на меден месец во Лондон 67-ма после првиот поминат месец.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ништо страшно. Толку време живеев без твитер ќе преживеам и после него. Можи ќе почнам да се стрижам за да му досадвам на берберот ко шо досадвам на твитер.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Стивен Хокинг.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Многу пива и после да видиме кај заебавме шо е сегашноста ваква.
13.Шо мобилен телефон користиш?

Го чувам меѓу кожниот нотес и фикусот во канцеларијата. Има
долга жица па така да е мобилен до канцеларијата на секретарката за здружен труд.
14. Кој графит би го напишал?
Не би да пишам графити, вандализам е то.
Прашања од @meebesistemov
1. Шо сакаш да правиш во јавност доколку знаеш дека никој не те гледа?
Да палам цигари во затворено место, да си земам пиво од фрижидер колку сакам и да го пијам гол на шанкот.
2. Која песна од Битлси е ко за тебе пишувана?
Има три:
2.a. Демо од Џон Ленон шо после стана Jealous guy, пишувана во Индија во 68-ма.
2.б. Ја осеќам ко моја има некоја болка со која можам да се поврзам .

2.в. Насловот кажва се.
Бонус уште три:


3. Дали во животот си имал своја Јоко Оно?
Не.

Прашање од @yokoono
Зошто ме покаш на фб?

Оти не можам да те најдам во живо да те покнам со нож. 37 пати.