Елида, по
бивша девојка на татко ми. Значи „крилата“ или „возвишена“. Мајка ми му врати
со брат ми, Емил. Quid
pro quo. Ewi е надимак кој ми го
даде најдобриот другар кога првпат бевме во Виена и ми остана. Bach е среќна кратенка од презимево. Во принцип, избрав Ewi Bach зашто „Пржач на суџуци“ ко ник е предолг. Исто ко
одговоров.
2.Висина и тежина?
Спортски. Имам тренирано
ракомет шест години, а пливам цел живот.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Фарбана. Мед кој еволуирал во
костен.
4.Убав? (одговори со да или не)
Убав, да. #Животот_е
5.Зошто си на твитер?
Да читам личности зашто книги
може секој. При првата криза за откажување ме спаси Нола, а прашалникот од
Никсон ми беше пресуден за да ја пребродам втората и конечно да решам да
останам.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Среќен спој
на омилени активности: плажирање, едрење, пливање, читање („Конзервирани
импресии“) и лежење врз Киану Ривс на пешкир од „Матрикс“. Чејс ми рече да не
ја менувам, исто како јас што му реков да не го менува она „дечко од фамилија“.
Варијации се дозволени. Ете, можело и без илјада збора.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Јок.
8.Вашето прво искуство?
Четвртматура. Првиот заеднички настап во јавност со Нола. За жал,
не запревме тука.
We only got БЕТЕР. Првиот пат
кореографијата беше на The Circle of Life, втората
на Total Eclipse
of the Heart. Ете, така. Бетер.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Во детството. Месец јули нека
е. На меден, пак, по транс-сибирската рута.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Пак ќе затвораме кафани со
одредени прејаки твитерџии.
11.Ако се реинкарнирате во зеленчук, кој би
сакале да е?
Ако доматот
се реинкарнира во зеленчук, тогаш јас во него.
12.Ако би се сретнале со историска личност,
што би порачале?
Шекспир, a би да му бидам суфлерка на сите драми пошто целиот
текст од оригиналните драми го имале само двајца, авторот и суфлерот.
13.Шо
мобилен телефон користиш?
Од оние за кои татко ми би рекол: „Што телефон е тоа. Кажи, што телефон.
Види колкав е. Ако го носиш во десниот џеб, во левиот треба да дотуриш песок за
рамнотежа.“
Прашања од @bukalono
1.Со кој твој твит си посебно горда?
Да ни го мереа емотивниот багаж, никогаш немаше да полетаме.
— Ewi Bach (@ventilirachka) March 22, 2013
2.Која песна ти е guilty pleasure?
Поздрав со пеливаниве: стасити, грамадни, трокрилни, спремни да ви
покажат Вардар кај извира.
3.Те наоѓа магионичар и
ти кажува дека ќе ти оствари една желба ако му кажеш кој би го избрала меѓу 15
годишен тип и 50 годишен маж за интимни средби. Кој ќе ти биде изборот, а која
желбата?
Ме уби во поим. Не сум Набокова до толку. Уф. Докторот од 50 и кусур
години. По 3 години, Лолитот.
симпатиите најчесто ми се или од педијатрија, или од геријатрија.
— Ewi Bach (@ventilirachka) September 28, 2013
4.Како изгледа совршен
состанок за тебе? (без напомена дека треба да е со посебна личност ... )
По триесетина години. Јас и тој се поздравуваме со децата
и внуците, а бебето хаска љубомори на вниманието кон другите. Заминуваме на
аеродром, а дестинацијата ми е изненадување. По неколку часа, стапнувам на
тлото на Фиренца. Фиренца. Се смеам до солзи од радост, ама тоа воопшто не го
чуди. Топло му е на душата. Сме си приредувале бројни вакви изненадувања во
трите децении заеднички живот. Задоволно се смешка и ми ја бакнува раката. Не
може да е подобро од ова. Не може. И тогаш кажува некоја монтипајтоновска,
праисконска смешка и сфаќаме дека сме ко метузалеми и колабираме од смеење крај
Уфици. „Леле, праисториски сме,“ му велам. „Битно колковите ни се здрави и
полетни,“ и ме повлекува за еден танц. Музиката не се слуша, но тука е...