Нема покаурска работа од тоа да купиш 2кубици песок, да ги истуриш на улица пред порта и да стојат така 10год и треви да изникнат од песок. НЕМА.
— Вуди (@KarcheskiKZ) November 15, 2020
Плаќаш 30 години здравствено за на крај да нема една боца кислород за тебе. Како и покрај ова има луѓе што сакаат са живеат во МК?
— Иселена Панделка 🇩🇪🎀 (@ma6ni4ka) November 16, 2020
Никој не тапша по рамо боље од ЕУ
— i999y (@i999y) November 16, 2020
Кога не очекуваш ништо од никој .... животот е многу поубав.
— Bitna edna (@BitnaEdna) November 17, 2020
Знаеш кога те нашла среќата?
— Мимикрија (@MajaSpasovska1) November 17, 2020
Кога ќе можеш да заплачеш пред некого. Да се скршиш.
Да ти ги види сите несовршености.
И пак...
Во тие очи, да си херој.
А сте виделе металец шо е лош човек? Сите се еснаф луѓе, домаќини, изживеани, можеш муабет да си направиш за игрици. Технаџиите од друга страна се наркомани, циници и веруваат во некој аниме комунизам на интернет пошо у живо страглаат со реалноста.
— Шевалие ду Балибари 🏴 (@NoLuckMakedonec) November 17, 2020
Белград е за Софија Њу Јорк!
— Професор Др. Цветковиќ (@tome_corner) November 17, 2020
Facebook page "ЕУ за тебе!" changed its name to "Suze, nokti eftino 💅"
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) November 17, 2020
Како ли живеете без амбиција и без никаква желба за напредок, за утре да бидете подобра верзија од тоа што сте денес? Што мислите, зошто постоите, која е причината? Како да сте растенија, битно да помине уште еден ден, ако може да не мрднам со прст, супер.
— Брада (@legovski) November 17, 2020
Убава и паметна жена не е за секој ..
— Bitna edna (@BitnaEdna) November 17, 2020
Кој стигна ни се качи. Ова ли е тоа бугарски воз!?
— Man (@Goran_Man) November 17, 2020
Верувај во што сакаш, само едно запамти.
— Букет (@Bouqet100) November 17, 2020
МОЛИ СЕ ДА НЕ ЗАЛЕГНЕШ ВО БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ!
Скролајте си сега понатаму.
дај ми еден збор за да направам прикаска
— Ana Golejshka (@A_Golejska) November 17, 2020
не ви е срам бе да ви смета што дипломирани доктори со лиценца бараат да работат за плата и да имаат здравствено осигурување?
— Вакцинирана (@Maticnata) November 18, 2020
Сите ќе ти кажат како да бидеш среќен.
— Мимикрија (@MajaSpasovska1) November 18, 2020
А никој, не умее да те научи, да ја победиш тагата.
Тоа...мораш сам.
Уште чекам МПЦ да организира некоја помош за болните и сиромашните, нешто милосрдно и богоугодно.
— Chlamydia (@Schiffer_PG14) November 18, 2020
Бил Гејц ќе ја чипувал, а пржи јајца во ист зејтин од јануари.
— Забушант 🎛🎚🔊 (@batekiko) November 18, 2020
Уживај госпоѓо нема драјвери за тебе.
Што поголем лузер во рл, толку поголем влијателен твитерџија. 😂😂😂
— Scarlett O'Hara (@Scarlett_O_5) November 19, 2020
Зошто бе немаме нормален Премиер, кој ќе излезе и ќе каже:
— Aleksandar (@saltwatered) November 19, 2020
“Фала ви Еу за сите напори, направивме се што баравте, барањето на Бугарија се коси со меѓународното право и ние не можеме да преговараме за тие прашања. Во моментот кога ќе го решите проблемот со Бугарија, ние сме тука”
Нема поубаво чувство од кога си заљубен!
— complicatedSofi (@ComplicatedSofi) November 19, 2020
Да заврши коронава, ко ќе им се пуштите во Банско, Сандански и Боровец, има да видат кого они тоа не признаваат!
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) November 19, 2020
Само дрско!
Вирусот сфатете го ко' војна, со тоа што ние војска немаме.
— Nursе💉 (@SestraTi) November 20, 2020
Најстрашна професија како дете ми беше вулканизер. Како може човек со вулкани да работи?
— Протестантски Оџа (@galevski) November 20, 2020
Lokum so kanabis, ajde ja vrakjame Kruševskata Republika
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) November 20, 2020
И мечка јаде здраво, само риба црвено овошје и мед, и пости 3 месеци па види каква е у газот.
— Бебешка Седи Дома (@LeCaffeine) November 20, 2020
"ако дувате, дувајте не со еден џоинт да ми седите 4ца, 3 саати"
— The educated брада (@ViksaaSkool) November 20, 2020
- охрид 2021
Уште на банкомат стори да има останува.
— Нешо (@nesho_s) November 20, 2020
Marihuana is good for turisam
— Zaev internation oficial take-off (@OficialZaev) November 20, 2020
Еве предлог - 3,5 милиони евра пари кои партиите треба да ги земат од буџетот да се пренаменат за хонорари на здравствените работници кои 8 месеци се борат со ковид
— Зоран Кардула (@ZKardula) November 20, 2020
Мамабис- Првиот македонски ајвар со канабис.
— Сине (@Corner_43) November 20, 2020
Чиче, син ти лапа табли што се внесени у државава во нечиј ректум, ама тебе трева ти е проблем дека било отровно и штетно дур маваш асентра со чашка ракија.
— Ариел (@ProblemByMe) November 20, 2020
Никогаш не разбрав што ќе ви е од маж убавина, нека има мозок и потенција и толку.
— crvenokosata (@2eyeshadow) November 21, 2020
In Macedonia we don't say "close the door, it's cold", we say "алоо врататааа!! Во чамец да не си роден/а??" and I think it's beautiful.
— Милкс 👑 (@pancake_mama88) November 21, 2020
Ако некој каже дека Ковид 19 не постои, нека моментално ме отследи. Толку имам да кажам. Господ нека ми е напомош на мене и моето семејство, посебно на татко ми. Како и на сите луѓе што деноноќно се борат со вирусот 🙏🏻
— Ana (@ana_bez_mana888) November 21, 2020
Nие смε εδни оd retкиτε λuѓе шto μοжеме δα чиtame λατiniца, киριλιca и γρчка αζbuka исτοβρεμεno.
— Jas (@BrlaBrla) November 21, 2020
Изгледа само ние од Струга не се замараме со ова за марихуаната. Кај нас секако легална е одавна.
— МилаШила (@MilaShila9) November 20, 2020
Легендата вика дека еднаш у Македонија седеле 7 Македонци и 1 Србин и Македонците зборувале на македонски
— Чак На Ориз (@ChakNaOriz) November 21, 2020
Легализација на марихуана не значи дека сте обврзани да ја пушите. Добро?
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) November 21, 2020