Феноменот Филм
Полицаецот по погибијата на својот партнер, добива нов
кој е чиста спростивност од него.
Полицаецот е безстрашен при тепачката ама се тресе од
болка кога жена му ги чисти раните
Автомбилите при најмал судар екплодираат
Автомобилите редовно се превртуваат на некое градилиште
Автомобилите скоро секогаш слетуваат во море или напуштен
каменолом
При возење автомобил, полицаецот цело време го врти
воланот лево десно и на прав пат.
Најдобриот полицаец обично добива куршум на три дена пред
пензија
Шефот на полицијата (обично дебел црнец) или ќе го
суспендира или ќе му даде 48 часа на главниот јунак да го реше случајот.
Случајот кој не бил решен неколку години, ќе го реши
токму суспендираниот полицаец.
Ако полицаецот и жената се мразат премногу, крајот на
филмот е со нивна венчавка
Америка врие од меѓународни терористи со хемиско, биолошко
и нуклеарно оружје
И цел час да пука полицаецот ќе има доволно муниција со
себе
Некои магнуми можат да примат 30 куршуми
Доколку се 8, секогаш е прашање на последниот
Ако камерата следи големо стакло ,значи дека наскоро
некој или нешто ќе излета од него
Кога некој ќе се освести по неколку часа никогаш нема
потрес на мозок или слично
Во вентилацискиот систем на зградата може да одите каде
сакате
Секој јунак има некоја банална фобија
Скоро секој може да управува авион со инструкции од
искусен контролор
Борбата во авион завршува со истрел кој завршува во
стакло
Стаклото на авионот секогаш пука
Декомпресија сигурно ќе вшмука некој од негативните
ликови
Компјутерот секогаш го дочекува полицаецот со екран на
кој пишува enter
password
Полицаецот кој ќе
ја покажете сликата од саканите во новчаник обично загинува.
Тајмерот на бомбата застанува на 1 секунда освен кај Бонд
И секогаш таа вечна дилема црвена или плава
На вести секогаш е веста ,која го тангира главниот јунак
Секогаш има полн појадок со тост, пржени јајца и
сланина, цеден сок ама јунакот никогаш нема време да појадува
Обично зема парче тост во устата додека облекува сако
За секоја истрага мора да се посети стриптиз бар рано
наутро
Едно чкорче осветлува било колкава соба
Секогаш дури и во Њујорк има слободно место непосредно до
влезот во било која зграда
Скоро сите чуваат исечоци од весници во албум за некоја
несреќа
Од секој прозор во Париз се гледа Ајфелова кула
Европа е најромантичното место за Американците
Поздрав до сите филмофили