Monday, March 5, 2012

Анти-хероите



  Анти-хероите
            Дека не е се така црно во Македонскиот спорт, ќе ве вратам назат 14-15 години.Ова се случки кои најголем дел од нас , ги имат заборавено, па еве да се потсетиме.
            Тројнхаим Норвешка Светско првенство во нордиски дисциплини.

            Шума.Ветер,Снег. Веселата публика го поздравува својот јунак, кој во тешка битка стана првак на 50 километри.Маратон во нордиското скијање или трчање како сакате. Официјалните лица се нервозни нешто се договараат, па се јавуваат во радиостаниците, нешто не е во ред, се растрчуваат до записничарите, до мерачите на време....Да, нешто не е во ред, прогласувањето да се одложи, никому не е јасно што се случува. Публиката е веќе нервозна , им студи, чекаат нивниот херој да се качи на пиедесталот. И тогаш....
            Кога веќе почна да се стемнува, од шумата се појави ТОЈ...Ѓоко....Техничарите на преносот ,го враќаат официјалниот тајминг на екран, трката не е завршена. Измрзнатата публика и покрај се, почнува одново да навива, овој пат за Ѓоко. Со крајни сили ја минува целната линија со само 100 минути задоцнување. На официјалните лица им олесна, ако ги прогласеа победниците на незавршена трка, истата ќе беше неважечка.
            Шампионот радосен за успешното натшреварување, го пречекува Ѓоко како свој брат, и го повлекува кон себе. Ѓоко е центар на внимание.....Денот завршува полека...
            Утредента Ѓоко е хит во Норвешка, тажната приказна за Македонскиот спорт е раскажана.Тој добива припреми и опрема, и голем пострек за идното големо натпреварување, Зимските олимписки игри во Нагано, за неколку месеци.


            Нагано ЗОИ , време идеално 10 километри слободно спринт. 92 натпреварувачи се борат за медаљи , освен двајца кои се борат да не бидат последни. Едниот е нашиот Ѓоко , другиот е Филип. Интересно за Филип е тоа што Philip Kimely Boit  е роден Кениец и е експеримент на Nike.


            Тоа беа времиња на анти-херои кои останаа во нашите срца, еве уште неколку од нив.
Ерик Јагулата  и Еди Орелот



             Нашите фудбалери не се тоа , тие се едноставно ДРВА.
А блогираме се најбољиот анти-агрегатор на блогови,ама ќе киниса работата ....осеќам 525