Хипокризија
Денес сосема случајно , чепкајќи по интернет налетав на една песна ....Многу од Вас можеби и не ја чуле затоа што е од 1985 година.Песната беше обид да им се помогне на гладните во Африка.Тоа парче од Земјата ,најврелото парче беше гладно....
Не знам за финансискиот успех на кампањите, нити помошта собрана со истите, но го знам следново: Од тој момент натаму учесниците во гореспоменативе нумери, дел поради технолошкиот развој дел поради планетарниот успех на нумерите,станаа пребогати. Ексклузивни вили, автомобили,парчиња накит и што уште не....Да да јахти,Хемптон,Париз,Лондон,Санта Моника...Ова беше приказна за Африка...
Што се случи со Африка.Во Африка покрај постојната глад и суша, настана експлозија на болести Ебола,Сида, и како тоа да не беше доволно ,избувнаа и најкрвавите војни на тој црн континент.Сомалија,Конго,Руанда ,милиони жртви...Војни...Глад...Болест...
Денес кај нас се маршираше за мир.....