Wednesday, March 20, 2013

Твитер прашалник @bprodanov

Твитер прашалник @bprodanov

1.Име (ник, кој ти го стави)?
- Лично и персонално, моите највероватно ама уште не сум сигурен.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
- Не би знаел, ама сигурно повеќе грешам него шо правам нешто како шо треба.

3.Зошто си на твитер?
-Па кога сакам си го користам, коа одев на психијатар по 1 саат малку ми беше и барав алтернатива. И башка поевфтин е од тој лудакот. И има ептен кул момци и девојки шо би сакал да ги запознаам и лично не само на ТЛ.

4.Шо преставува вашиот аватар?
-Мислам дека со ликот од филмот имаме многу заеднички работи, тие што ме познаваат добро знаат што мислам :)

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
-Никој не ме донесе, сам си дојдов. А сигурно не сум се заебал (читај точка 3)

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
-Еве дојдов драг мој докторе, ќе видиме кој кого ќе прати у лудница.

7. Каде сте родени?
-Роден сум како многу мал на Априлилили, у болница во еден индустриски град шо викаат дека е најзагаден у цел свет ама не е точно.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
-Еден месец у Ливерпул, па да гледам 4-5 утакмици, да ги поминам сите пабови таму. А меден би у Тајланд, имало добри масажерки слушнав.

9.Брак?
-Мал сум уште, кај ме дава мама волку мал она уште за цигарите ме кара.
10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
-Ако морам веќе, би сакал мечка па да се наспијам и ја еднаш ко чоек.

Дополнителни прашања
1.Каде доручкуваш?
- Најчесто у канцеларија, а може и на некое непознато место кај шо прв пат сум само ако е викенд.

2.Кобалт или Волфрам шо имате повеќе?
-Волфрам, не се топам така лесно.

3.Којник или Отспротива?
- Отспортива, дека на Којник коа одам треба со жичара да се качувам а ја нема.

4.Омилена пијачка?
-Ладно пиво,а не го отфрлам и црното вино.

5.Глеам скијаш, каде?
-Тоа ти е оптичка варка, се качив по долго време на скии у Маврово. Ако не мислеше на тоа постави го поубаво прашањето J

6.Што си по занимање?
Туризам завршив ама се мислам на кое брдо да го развивам, дали на Којник или на Вршник.

7.Дали би бил гинеколог рецимо?
-Би бил што да не, само многу учење е тоа медицината бе. Гледам мама шо книги има дома, само од бројот на страни мене главата ме фаќа а не па да почнам да ги учам.

8.Велес беше Титов?
- Бил едно време, најголем индустриски центар во државава. Ама веќе не е ! Титов го нема.

9.Омилена песна?
-Имам многу, ама оваа е една од нив 


10.Меѓу кои 3 твитерџии се думаш за наследник и кој го одбра?
@zorbital, @IceManAndov, @Saraginova.
Ама мислам дека @zorbital е правиот за следен прашалник.