Tuesday, March 26, 2013

Твитер прашалник @MikiMladenov

Твитер прашалник @MikiMladenov



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Името ми е од кумот (Вито мислам се викаше), исто име имам со најмалиот негов син и ме сака колку него. Би ми го ставил и Вито, али стар беше. Тоа беше периодот коа почна да мачка путер на леб.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Ја сум у принцип еден младич што има дебели нозе за да носи минич.

3.Зошто си на твитер?
За да најдам жена. Еден услов има: да знае да прави шкембе чорба како баба ми.

4.Шо преставува вашиот аватар?
На аватарот сум ја кога го постигнувам зенитот во мојата креативност и интелегенција. Или што би рекле постарите, какам.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Жанко и Ранко Рангелов ми пишаа на Instagram во inbox. Уште не сум сигурен дали ме заебале, 50-50 се шансите. Или ме заебале или не.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ги љетамо овде, сега за еден голуб да умира човек, подобро да дојдат сите голубари да гљедамо што е работата со голубите...

7.Каде сте родени?
Роден сум у Кукуш. Преку една куќа од куќата на Гоце. Од другата страна до мојата куќа има фабрика за семеринзи за Шкода.


8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би отишол на св. Елена, да видам што толку му се засвиѓала на Наполеон да седи 6 години таму. А на меден месец не планирам да идам, зошто сакам на свадбата Брегович да ми свири, така да тешко пари ќе ми останат.

9.Брак?
Само ако Брегович ми свири. Евентуално, ако не свири Брегович жена да ми биде Ивон Страховски.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Нилски коњ. Нема некоја посебна физичка промена, али барем ќе имам интересна опашка и јаки уши за пача.

Дополнителни прашања

1.Има ли живот после смрт?
Ништо чудо и да има. 21 век е. Се има.

2.Кај за Нова Година?
Местото за славење Нова Година се одлучува на 30 декември. Значи за 280 денови ќе ви кажам.

3. Колку ќебапи јадиш?
Обично јадам колку што има. Никогаш ни повеќе, ни помалце.

4.Дали Скопје е град?
Тони Зен има песна на темава и може да се налути, да облече кимоно и да ме истепа.

5.Зошто е стерилна иглата за еутаназија?
Ваљда дека секоја игла е стерилна. Исто ко Сафет што има пимпек, а не го користи.

Прашања за @MikiMladenov

1.Колку мачиња си заебал, за да испиеш 2 кафиња у денот у Лулу?
Немам ја мачиња за да ги заебам. Сите ми се другарки.

2.Дали си поборник на идејата "Внатрешната убавина пред надворешната" и зошто да?
20 години чекам мачињата да почнат да бркаат паметни, а не убави.

3.Имаш ли комплекс од величината?
Ја немам. Али кој мочал со мене писоар до писоар, му имам набиено комплекс.

4.Како се осеќаш вака со 1000+, дали е исто како 100+ у РЛ?
Не е исто. Порано во кафич ме служеа за 5 минути. Сеа за 300 секунди.

5.Поимот секс. Дискутирај го.
Не знам многу на темава. Имам прочитано една книга од д-р Сув(афет) Бише-вац и ништо не сфатив, многу беше апстрактно напишано.