Saturday, March 23, 2013

Твитер прашалник @Sheretoto

Твитер прашалник @Sheretoto


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Имам едно момченце дома што прави шеретлаци по цел ден, тој беше инспирацијата.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Спротивност од она на твитер – лесно избувлива и брзо запалива материја

3. Зошто си на твитер?
За да споделувам интересни нешта и (пожелно) да расположувам луѓе

4. Шо преставува вашиот аватар?
Го анимирав Дали да им намигнува на „убај“ луѓе кога ќе го кликнат ^_^

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@wanderlustich не донесе топтан со жена ми, не ми е криво воопшто бидејќи „запознав“ еден куп мега-екстра-супер-кул фаци

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ебате уметноста ако не разбуди некоја емоција во тебе #ретротвит

7. Каде сте родени?
Горд Дебармаалец, иако не сметам дека местото на раѓање и живеење само по себе те прави посебен


8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Јапонија (откако бев таму пред многу години не престанав да ја сонувам), на меден во Тоскана, романтика со женатами

9. Брак?
Институција од оние без шалтер, сепак со по некоја нервоза



10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Тигар – комплетно сум фасциниран од него и го обожавам

Дополнителни прашања

1. Колку години имаш?

Да речеме, постар сум од 90% од луѓево овде

2. А памтиш ли Југославија ?
Многу добро и по добро.


3. Има ли Скопје ноќен живот?
Ако мислиш на места за излегување – има, Ако мислиш на магијата од ‘90тите, никогаш нема да се врати тоа време јбг

4.Кој графит би го напишал?
Ти немаш душа, ти СИ душа и имаш тело

5.Ракија со мезе или може и на суво?
Со добро друштво и вака и така. Пожелно е да е ж’та, белата не ми е баш по ќеф.

Прашања за @sheretoto
1. Со која современа личност би се сменил ако си сигурен дека за една година во неговата кожа можеш да го смениш светот? Не смееш да го избереш Стивен Хокинг.
Не верувам дека кој било може да го смени светот, барем не до тој степен да видиме аир сите на планетава. Од друга страна пак, сите заедно можеме многу да промениме, ако сакаме, се разбира.

2. Би му дозволил ли на Вуди Ален да ја прераскаже твојата приказна со негови зборови? Или веќе постои тој филм?
Филмот е „Денот на мрмотот“. Инаку се пронаоѓам во многу од филмовите на Вуди, бидејќи се болно реални, силно филозофски, реално урнебесни и многу тажни во суштина.

3. Што си читаш себе си, а што на децата за мирен сон?

Не се врзувам жанровски, читам најчесто по препорака. Ако треба да издвојам тоа би биле класиците. На децата нарација и импровизација повеќе од читање книги (барем за сега)

4. Ако на жените им е дозволено кога сакаат и колку сакаат да плачат, што треба да им биде дозволено на мажите?
Забранетото е секогаш послатко нели? :-)

5. Дали доби кофеинско труење од толку многу договарање кафе со твитерџии?
Прашањево го сфаќам како критика, со право. Пролетта дојде, ќе пиеме кафе еден убав сончев ден, секако.



Неколкумина имав за избор, сепак се решив следен дс биде @Pavlovikj хиперпродуктивниот твитерџија кој направи р’шум на ТЛ :-)