Monday, March 11, 2013

Твитер прашалник @malaovca

Твитер прашалник @malaovca


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Немам на кој да се извадам, сама си си го наместив.  Дотогашните никови ми беа тазе здосадени. Зашто имам фасцинација со овци, пробав да бидам оvca, crnaovca, оfca и открив дека се сите зафатени од неактивни твитерџии. На крај останав со malaovca.



2.Опишете се (макс 140 нели)?
Дебатер, активист, џедај без lightsaber, F1 фан без ниту една изгледана трка IRL.
Ако ме опишуваат другарите ќе бидат пократки: мало момче со црвена коса. 



3.Зошто си на твитер?
За да ги следам @stephenfry @neiltyson @simonpegg @donttrythis и @greatdismal.
За да можам да #protestiram, #debatamk, #mladimk. За да следам дебатни турнири и настани на кои не можам да отидам. За да читам твитерџии, за да прашувам и  за да размислувам гласно.


4.Шо преставува вашиот аватар?
Слика од @mgalevski на настан на @MOFedu. Има easter egg на сликата што не се гледа на тамбнејлот. 


5.Кој ве донесе на твитер?
@zabrcanec, на една предновогодишна собиранка почна да зборува за твитер. Се вратив дома и си отворив.


6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
It’s dangerous to go alone. Tweet this.


7. Каде сте родени?
Географски: некаде во Скопје. На интернетот: на yahoo со dial-up.


8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На многу места, и на подолго од еден месец: Антарктик, полуостровот Кола или Јакутск во Русија, Окинава, Фиџи и Хараџуку во Јапонија, Фарое островите, Исланд, камените шуми во Мадагаскар, било каде во Ирак, Казахстан, Монголија.
А меден месец - Норвешка, да се шетам од Bjørnøya до Lysefjord.



10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Од фиктивни животни: Ниблер од Футурама, Norwegian Ridgeback змеј или Direwolf. Од изумрените: Велосираптор, или панда ако почекаме уште малку. Од постоечки: мунгос, волк, лемур.

  
Дополнителни прашања
1.Имаш ли милениче?
Имам 2 мачки: Molly Millions и Wintermute. Имам две кучиња: Алексеј (вдомен) и Хенри Индијана Џонс (подарок од
@perverzen). Ама редовно прибирам стада животни со себе како Радагаст од Хобит.


  
2.Водител на ТВ шоу ,кои ти се гости оваа недела ?
Сите овие: 



3.За кој фудбалски клуб навиваш?
За репрезентациите на Германија и Јапонија, ама гледам само светско.
Ама згрешено е прашањево, мене треба да ме прашаш: „За кого навиваш во Формула1 и како да го блокирам #f1mk да не ми се појавува во фид?“. Тогш одговорот е за Ред Бул Рејсинг и поддршка на Лотус. Кај возачи Фетел, Вебер, и поддршка за Раиконен, Гросжан и Перез.
Ми фалат Петров и Кобајаши сезонава, одма би ги продала Алонсо и Хамилтон за нив. 


4.Би заминала од Македонија засекогаш?
Јас сум граѓанин на Интернетот, само од таму не можам да си заминам.

5.Омилен актер?
Тука не може со еден. Шон Конери, Брус Вилис, Сајмон Пег, Џеки Чен, Харисон Форд, Николас Кејџ, Питер Динклиџ, Шон Бин, Вуди Харелсон, Даниел Брул.



Прашања од @Martincoo

1.Како би изгледал твој совршен ден ако би се движел наназад од полноќ кон утро?
Во кој универзум, и дали во универзумот постојат супер моќи?

2.На што најмногу му се радуваш од проектите што си ги направила/учествувала?
Од последните 2-3 години Конференцијата за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, целовечерните дебати Аругмент:Организирано изразување, основањето на Радио МОФ, МОФ Летните академии, Станица:Студентска, дебатниот турнир Macedonia Open, петиција за студентски парламент, истражувања, коментари на закони и младински политики. Од порано, дебатните турнири, и првата јавна дебата што ја организиравме сами со поддршка на предавачите од МОФ кога бевме дебатерчиња.

3.Бунтовник и активист во Македонија или човек со нормален, секојдневен живот во Швајцарија?
Нормален секојдневен живот треба да биде бунтовен и активистички, каде и да си.

4.Си успеала ли некогаш да му го смениш мислењето на некого, или да го доведеш да размислува и истражува дополнително на дадената тема?
„Никогаш не сум научил нешто од некој кој се согласил со мене“ е изјава на Карл Попер што дебатери обуично ја повторуваат кај стигнат. За тоа постои и дебата, за да мораш да ги гледаш темите од сите страни, да знаеш да направиш аргумент и да си донесеш личен став на основа на едуцираност, логика и дискусија.
Инаку периодов хит ми е сајт (www.yourlogicalfallacyis.com) кој посочува типови на логички грешки, и мислам дека почнавме на икнтернет со линкови од тука да си комуницираме наместо гиф реакции. 


5. Имаш омилена слика од вселената и која е таа?
Да, полно. J
Ама накратко:
Од фикција, сликата на веленската станица во 2001 Одисеја во вселената како ротира во совршено пресметана лекција по физика.
Од полокално ниво, сликата од ударот на коментата Шумејкер Леви 9 во Јупитер во ’94. Кај Јупитер не чува од астероиди и комети, го имавме и Хабл да ја фати сликата.





Од поважните, „создавањето на ѕвезди“ направена со Хабл. Сликата има препско име „Pillars of Creation“. Во суштина ова се огромни кластери (околу 40-60 светлосни години големи) на водороден гас кои се во процес на креирање на нови ѕвезди. Се збиваат под дејство на гравитација, и ако условите се добри може да се создадат ѕвезди. Светлината на сликава е стара отприлика 6000-7000 години.


Следи @Razvigor