Thursday, March 28, 2013

Твитер прашалник @SikiKikiriki

Твитер прашалник @SikiKikiriki

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Некои работи се поубави од позади па и имево Анномисс од назад ако го прочиташ е моето име. Има 2 „с“ пошо уште не сум имала прилика до матично да идам со некој момак. Сики ме викаат по надвор, а кикирики не јадам. Иначе ми го стави другар пред 10 години.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Хорни програмерка која знае да се смее со целото нејзино срце. Лав со подзнак скорпија и сијамска мачка по дома.

3.Зошто си на твитер?
Едно време пишував дневник. Имам напишано 9 дневници. Ту мач ми стана, па затоа твитер. Најверојатно водам евиденција на моите перверзни моменти.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Ги мењам ко ..чорапи беше? Да не се заебавам почесто мењам чорапи. Лажам. Аватарот и не е битен. Битен е коверот. Тоа се моите очи МАНИЈАЧКИ!

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Реално твитер не е кафич па некој да ве донесе. Јас сум радознало не толку мало. И сакам се да пробам што се нуди на нет. Само знам дека прв што го следев од МК беше @MedoDimoski, после него се’ тоа ми се прошири. И еве ме на ова ДЕРЕЏЕ.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Јас твитам зашто го сакам, а ти како си? #исповед

7.Каде сте родени?
Родена сум во Чаир, таму и живеам. А праена сум на кров од кулата во Карпош 1, од 28 октомври до 3 ноември таа недела, 1985. Најверојатно 2 ноември пошо сабота нели, тогаш смеело до покасно. Таму планирам да го праам моето прво бебе. #МалкуПознатиФакти

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец сакам до Gothenburg и да уживам со една моја најмила френдица со која ко мали по спаваќи пред дворој ги пеевме песните на Селин Дион. На меден...кога е тој со мене секаде. Добро ај, може Гран Канарија – Шпанија.
Песнава у позади ми свири додека се симнувам од такси и здогледувам шанк на плажа.  

9.Брак?
Брак е #онаКога ќе му родам двајца кошаркари и една балерина.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Птица, ем ќе летам ем ќе манијачам луѓе на раат.


Дополнителни прашања

1.ФЕИТ зошто побогу?
Затоа што нема факултет за сексуално образование и љубовни проблематики – СОЉП.

2.Како те гледаат колегите на Феит?
Ромбоидно.

3. Кога би бирала ајвар или кавијар?
Абе кога ќе го пробаш ајварот на баба ми, замижуваш и се осеќаш ко да си на нива широка пуна пипер, се вртиш ко чигра и среќен си левел конечно снема пипер за љупење.

4.Зебрата е бела со црни пруги или црна со бели пруги?
Какви зебра принт панталони си купив мх!


5.Имаш ли симпатија на ТЛ?
#Симпатија е кога ќе му дадеш лиз од сладоледот.


Прашања од :@TheFitzzz
1.Сики Кикирики ? Зашто 
Тоа ми е униформа. Го користам за мејл, скајп, фб, а твитер не сакам да остане покус, ќе почне да лаже, знаеш како е.

2. Дали го памтиш моментот коа се сретнаа Металот и Светлината 
За бакнежот меѓу металот и громот?! Ах, Петре мислам дека беше близу автобуската кај Судска палата. :-) :-)

3. Би била Министерка за ? 
Информатичко образование.


4. Со кој Твитерџија/Твитерџика би отишла у Мала Преспа на Викенд 
Би сакала со што е можно повеќе. Сакам многу да од твитерџииве да ги запознаам, многу ми станаа мили и драги.

5. Твитеров ... До коа ... ???
До денот кога ќе се пораѓам. Ќе твитнам гифче со порно хаштаг.

Следен го повикувам господарот на гифовите @mitkav