Tuesday, March 26, 2013

Твитер прашалник @TomssonB

Твитер прашалник @TomssonB


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Лик од детствто, сам ми текна. На почетокот менував доста јузери и имиња. Јебига проблеми со идентитет (типичен Македонец).

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Не откривам тајни кажани во најголема доверба.

3.Зошто си на твитер?
Да си кажам што ми лежи на срце и ум. Во последно време и да му давам совети на Сафет у вези фаќање девојки. (ама не му иде сепак, изгледа се е џабе)

4.Шо преставува вашиот аватар?
Слика од убави моменти во Маврово со додадена глава на коза, која прилично блиску ја доловува мојата вистинска фаца на сликата. Пробувам да бидам интересен малку.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Таман работа да ме заебал некој, па тука има луѓе со значително поголема смисла за хумор од 70-80% од „стенд ап“ комичарите во Македонија.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Омилениот графит.Татковината не ја наследивме од нашите татковци, туку ја позајмивме од нашите деца.

7.Каде сте родени?
Скопје. Може е малку туѓ во последно време, ама па тоа е сепак нашиот град. Тука сум цел живот, тука ми е се и тука сакам да успеам.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец негде на село да тегнам ракија и да правам бесцелни муабети пред кооперација. На меден во Палермо фала на прашање
.
9.Брак?
Обавезно, со земање невеста од дома, натегање пред врата, играње оро пред зграда, фрлање 10 евра на циганчето пред матично, забава во Сопиште (Мулино нали), лепење пари на чело, со пирошка и со спонтани фотографии по најново.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Куче, еве златен ретривер, за кога ќе ме шетаат во парк  да ме застануваат девојки да ме чешкаат и да прашуваат како се викам. И плус ќе можам да му мочам на комшијата на гума.

Дополнителни прашања

1.Кога ќе има влијание твитер заедницата?
Кога врбите во Вардар ќе родат античко грозје.

2.Зошто Вардар се спои со Мирафци?
Бидејќи ако се споеше со Пелистер ќе немаа употребна вредност заебанциите за аеродромот и за шурата.

3. Победувате за градоначалник, со која песна ќе прославите?
Ма каква српска песна, славам со оваа и го најавувам со нејзиниот наслов текот на мојот мандат

4.Каде за мајот, здравје нека е?
Не знам еве тенко е со пари, чекам субвенции за твитовиве, рекоа после избори ама ќе видиме. Знаете како викаат не е битно каде си, туку со кој си. (лажам ми се оди во Лондон).

5.Би земал ли твитерџика за жена на невидено?
Би земал јас не дека не, ама ова ДМ-во знае да заебава и да не работи, како ќе и кажам да ми донесе пиво и да ми направи сендвич?

Прашања од @MikiMladenov

1.Северина или Сузана Манчич?
Под два. Види, Сузана Манчич за Северина е тоа што е Лила за нашиве помлади водителки. Стара школа.

2.Дали го почитуваш ликот и делото на Васко Форти?
Сликата кажува доволно за нашите убави моменти.


3.Каква форма има изметот на козите? (помош: благ продукт од Витаминка)
А што мислиш кој им ја даде идејата за формата на продуктот во Витаминка?

4.Дали би ја зел Аси за жена? А ако не ја дава татко и?
Аси би ја земал, ама се сомневам дека татко ќе сака свадба како горенаведената (во Сопиште со спонтани фотографии)

5.Дали при мокрење испушташ звук? Дали тој звук е воздишка или крик?
Од ова поучно и малку вознемирувачко видео може да се види дека не е вистина дека се испушта било каков крик  

следи @TheFitzzz