Твитер прашалник @Kanarinkata
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Види, многу сакам папагали, ама @papagalkata не е ни оддалеку
толку кул како @kanarinkata.
Башка имплицира дека убаво пеам. Имплицира. За повеќе, прашај ги
комшииве.
2.Опишете се (макс 140 нели)?
Шлакната. Ако ги исположам испитиве, сè фино лепо -
докторка. Згодна, уба, the
whole package. Aj доста беше фалење, ќе се заљуби некој.
3.Зошто си на твитер?
Ја арчам тастатурата у мачни обиди да бидам интересна.
Затоа ќути и ритвитај. Добро де, и фејвови прифаќам.
4.Шо преставува вашиот аватар?
Дека сум максимално уфилмана дека сум принцеза #хехе. Башка и
двете имаме зелени очи и кафеава коса која никогаш не би ја офарбале во друга
боја (ако се офарба, и откажувам љубов!). Плус муж ѝ и дечко ми имаат иста
концентрација на коса на темето.
5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
I don’t want
to point any fingers, ама @spiinnoza е крива. Ако имате жалби и поплаки
од мене, обратате се кај неа. Она ви ја донесе бељата на врат.
Маааалкуцка.
Маааалкуцка.
6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Енибади хиар?
7. Каде сте родени?
У болница. До пред некое време се си мислев дека
штркот ме донесе, ама после увидов дека уствари немаме прооден оџак у станов.
8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во Големото Јаболко, сместена во Валдорф
Асторија. За меден месец може у Шкотска. Или обратно, сеедно.
9.Брак?
Јес плиз. Шо поскоро.
10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Зошто мислиш дека би сакала да се реинкарнирам, па уште и
во животно? Фала, ама не фала. Имам билет во еден правец за другиот свет.
Дополнителни прашања
1.Здраво,како си?
Здраво маче. Да ти кажам право, откако престанав да
ги пијам лековите, мојата шизофренија ми дозволува да го истражувам светот
околу мене, да ги гушкам дрвјата, да си правам снешковци иако нема паднато
снег, да шлапам у вирови дури не фатам пневмонија, да правам стој на раце и да
дубам на трепавици, да си поставувам прашања сама на себе и да си давам
генијални одговори... Екстра сум.
2.Дали си помисли кај мене ме најдоја за
прашалников?
Не бе, веќе се навикнав на прашалници, интервјуа и
давање автограми. Тешко е да си славен (пфффф).
3.На пуст остров,
со кој ?
Со Робинзон Крусо наравно.
4.Омилена музичка група?
Rammstein. Majтап, немам ништо против
дечките, али сепак би рекла Daughtry, особено
после
Прашања од @OvojOdAerodrom
1.Кој ти е омилен лик од турските серии и зошто?
Малечката невеста... oh wait…
Не гледам турски серии. Индиски - уште помалку. Ми фалат мексиканските
теленовели, барем јазик научив.
2.Каде се гледаш за 5 години и колку е саат?
Во подобра Македонија или некаде на Запад. Може и
во Африка, да лечам болни црнчиња.
Саатот е ко вчера ова време.
3.Имал ли Ное клукајдрвци на арката и каде ги
чувал?
Имал бе. Во кафез, многу логично.
4.Топлес на плажа или предавање во ладен амфитеатар?
Ааааа ладниот амфитеатар на гинекологија не го
мењам за ништо, дури ни за конференцискана сала у Холидеј Ин.
5.Да имаше златна рипка шо исполнува желби како ќе
ја крстеше?
Златка, нормално. Сигурно нема да биде Сребре.
Следеќи: @Buchk0