Monday, March 4, 2013

Твитер прашалник @spiinnoza

Твитер прашалник @spiinnoza

1.Име (ник, кој ти го стави)?
@spiinnoza затоа што многу јако ми звучи, а башка што сум фасцинирана од ликот и делото на Baruch Spinoza, иако не се спелувани исто :)

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Перспективно ориентирана, со ретро стил.

3.Зошто си на твитер?
Твитер го разбирам како издувен вентил, место кај што можеш да добиеш и споделиш информација, можеш да наидеш на критичко мислење, а во исто време да наидеш на луѓе што ќе ти ја стоплат душата.

4.Шо преставува вашиот аватар?
#Моментот и #Чувството на сликата ги нареков Empire state of mind.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На Твитер спонтано си дојдов без официјална покана, но морам да признаам дека @ElenkAIX беше таа што ми даде корисни упатства.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Let the journey begin!

7. Каде сте родени?
Во Скопје, градот на солидарноста.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Би сакала да патувам низ Африка, а за меден месец Long Island.

9.Брак?
Еден убав, сончев ден :)

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Не би се реинкарнирала, би се телепортирала на едно убаво место.

Дополнителни прашања
1.Кој го запали автобусот?
Шоферот од ЈСП и рече: Ајде вадете картите да не ви викнам контрола.

2.Омилен филм?
Уф тешко прашање... имам повеќе, ама ајде да го издвојам The Pianist.

3.У кој кафиќи искачаш?
У кафиќите кај што прават најубаво кафе и салеп, во комбинација со chill out музика и убав муабет.

4.Од што ти е страв?
Хм... од сиромаштијата и бедата на духот.


Од @Buchk0
1. Ако отидеш на пазарот за мозоци, дали би си го купила својот мозок и зошто не?
Секако дека ќе си го купам мојот, го пасам со години хахаха :)

2. Ако берберот ги бричи сите што не се бричат сами. Кој го бричи берберот?
Берберката?

3. Кога би била машко и во врска со спиноза, кои 3 работи најмногу би ти пречеле кај „неа“?
Го прашав дечко ми, рече нeма ни една ;)

4. Кажи една ситуација кога си се вцрвила до даске од срам?
Пред некое време беше тоа од еден незгоден, неочекуван муабет. Ама убаво се заврши на крај :)

5. У исто време добиваш френд риквест и смс порака. Што гледаш прво?
СМС секако. Тој/таа што ме бара на мобилен е поприоритетен од тој/таа што праќа френд риквест :)  

6. Супа од цреши или нескафе со соја сос?
Дефинитивно супа од цреши, тоа ќе биде одличен компот. А нескафето со соја сос ќе му го оставам на @Buchk0 тој да се почасти мухахаха :)
Следна е @ElenkAIX