Monday, March 25, 2013

Твитер прашалник @Pavlovikj


Твитер прашалник @Pavlovikj

1. Име (ник, кој ти го стави)?
Сафет е името. Бивш/Ич- Е(б)вац(ч) е презимето. Името е одбрано пажљиво, едноставно се пронајдов во ликот и делото на овој големец. Нит него во политиката некој го ебава, нит мене општо некој ме ебава. А да, среќа сеа за сеа никој не ми го стаил. Али затоа па и ја кутриот не сум го стаил нигде. Circle of life.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Најголем комплимент шо ми го дале, дошол од мајка ми и гласи: "Симпатичен тој на мајка". И не ебам нели..

3. Зошто си на твитер?
На твитер-заедницата (ако постои такво нешо) и требаше утеха и спасение. Ја сум месијата на неебачите, бог на самокритиката и саркастичен тип шо не разбира иронија. Се на се, дојдов за да видат дека има и поочајни од нив.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот, да не кажам сликата (ок ај веќе чим кажав..) е направена на мојата инагурација, односно при моето прво излагање како "влијателен" (не верувам у вакви ствари али ај) каде иљадници луѓе чекаа долу на ТЛ јас да се обратам од терасата и да кажам Е СЕА БАР ИАМ ИЗГОВОР ЗАШО НЕ Е*АМ. MITKAV FALA BRATCHE! OK POZZ

Ова беше претходниот. Збунет, при првото појавување на твитерот.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Тука ме донесе едно другарче, можда беа и 2ца. Спамав по ФБ, па ми кажаа "Брат, дај дој на твитер таму бар ќе бираат дали да те читаат или не." Се понатаму е историја. И да се разбереме, никој не ме за*бал. Користиње на зборот "(за)е*ал" у мое опкружување би можело да доведе до пропаѓање на мојата твитер кариера.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ни тука нема да плеснам нишо така? Ок, вредеше да се потрудам.

7. Каде сте родени?
Во земја каде што сексот е табу тема, а апстинацијата своевидна религија. Викаат "Не е*е убавиот, е*е упорниот" Грешат, кај нас e*ат само политичарите. У здрав мозок. Иначе у Скопје. И верували или не, нема да го пуштам клише муабетот У болница.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец? У Скопје, пред проектот 2014. Па да зеам да ја искршам тоа временската машина и таму да останам засекогаш. А за меден, па видете.. не сум по благото. А и мал сум бе мме.


9. Брак?
Единствено ако некој ми загарантира дека тоа ќе биде идентичен со оној на баба ми и дедо ми. Тогаш би прифатил со двете раце. Во друг случај, Не фала.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Искрено, мислам дека тоа нема да биде избор туку е предодредено. Сигурен сум дека би реинкарнирал у Пацифички Саломон (Oncorhynchus spp.) (вид риба). Зошто? Зошто е риба шо умира откако ќе го изврши процесот на репродукција. Не ве потсеќа малку тоа на мене? Живеам за да имам се*с. Нели? А и ружни се. Абе пљукнати сме еден на друг.

Дополнителни прашања

1. Едно од старите прашања-вашето прво искуство?
Ова го глеав дури и на старите прашалници и искрено се израдував коа го тргнаа. Али еве го, пак назад. Мојот одговор ќе биде краток, треба "да имаш" за да биде "искуство". Гет ит? Гет ит?

2. Да не ја чуваш невиноста за прва брачна?
Невиноста не ја чувам, она се фатила за мене ко слеп за стап. Ако веќе ја чувам за нешо, пре би ја чувал за прва ванбрачна. (заинтересирани нека пишат во ДМ, ја подарувам бесплатно)

3. Ногу ли си пребирлив?
Пребирливоста е одлика на убавите и паметните, не за мене. Али па ја го побивам и она "Кој бира мастурбира." Нит бирам, нит она другоно.

4.Каде искачаш у Скопјето?
Моји другови, а и скоро цел ТЛ (едно време стварно напнав) ме знаат како дај-хард ( не она со Брус Вилис) фан на Хавана. Тоа е мојот втор дом, па ваљда затоа понекад знам да се занесам и заспијам на тоа шанкот. Имам и слика од тоа, so it did happen.

5.Зошто нема храна за мачки со вкус на глувци?
При една пријатна дискусија со мојата мачка, заклучивме дека да им дадеш нив храна со вкус на глувци, е исто ко на мене да ми дадеш да имам секс. Каде е интересното во тоа? Пусти људи нек се муче. А и мачке. Ма све.

Прашања од @Sheretoto за Сув(афет) Бише-вац
1.  Дали планираш во скоро време да имаш секс и конечно да здивне твитер заедницава?
Како што реков, тука сум за да давам утеха. Втора работа обожавам коа одземам здив, посебно коа е некој непријатен здив. И замисли да здивне ела твитер заедница.. Од толку луѓе сигурно бар 20-30 не мијат редовно заби. Ќе се испоотруеме бе. Седи вака, боље е.

2.  Со кого од твитерџиите си се видел во РЛ, и кој ти оставил најсилен впечаток?
Трик прашање? Сите ми се мили. Сите до еден. Ваљда зашо сум бирал со кој сум се упознавал. Имам уше неколку шо ми се у план да ги упознаам сепак.

3.  Со ова темпо ќе стигнеш до 50 000 твита за една година,  имаш ли намера да влезеш во твитер-Гинис?
Пази, у твитер-Гинис сигурно сум влезен за најдолго и најбезуспешно кукање од апстинација. За 50.000 твита, не ветувам но изгледа како остварливо нешто. Ќе видиме, go with the flow. ( Уау чоече какво клише, брао Сафет!)
4. Си се запознал ли со Сафет, и ако не, дали би сакал?
Со Сафет лично не сум се запознал, сепак ми е помил овој шо куца на тастатурава. Кога дојдов беа едно, се одзиваа на истото име али еве веќе некое време Сафет и дечкото на тастатурата (не девојчето со кибритчињата..) се 2 посебни битија. Поубаво е вака. И онака не твитам ништо паметно.

5. Дали ова Павловиќ, по истата логика, го одбра според новинарскиот маг и доктор на науки? 
Др. Мр. Сув(афет) Биш-евац. Лепо звучи, али ипак коа веќе би ја преземал оваа титула од дотичниот тоа би било за сасвим друго поле. Еве, докторат на тема "Како успешно да избегнете секс" e сасвим ок според мене и ептен и ми лежело.

Next to step on the scene, @MikiMladenov. ВЕ САКАМ СИТЕ!