Wednesday, March 20, 2013

Твитер прашалник @zorbital

Твитер прашалник @zorbital

1.Име (ник, кој ти го стави)?
5 минути зјапам во ова „кој ти го стави“ и пробам да избегнам хомо одговор. Никот си дојде сам, како логички спој на моето име и мојот омилен електронски состав од ’90-тите. Ете така.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Од 1 до 140 сум негде 135.

3.Зошто си на твитер?
Поради сега за мене успешен обид да најдам алтернативен поглед на размислувањето и неговото споделување.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Моменталниот аватар е насловната слика на компилацијата Silk Royal Showcase 02 (2012).

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сам си дојдов, си направив акаунт, а после фатив такси што го возеше @IceManAndov
.
6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Еве ме и мене во истата незавидна ситуација како вашата некогаш!

7. Каде сте родени?
Велес. И шо ќе ти е тоа, натална карта ќе ми пресметуваш за да откриеш во кој дел од денот мочам?

8.Со која историска личност би се менувале на 2дена?
Не би се менувал. Зошто тој некој да ми шета гол по дома?

9.Брак?
Да, од 03072010 (пасвордот ми е на WiFi-то, не смеам да го заборавам).

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Свиња дефинитивно, оргазмот и трае 30 минути.

Дополнителни прашања

1.Слушам ДиЏеј си бил, точно е тоа?
Сум бил и сум.

2.У контекст на претходно прашање дали треба да викате пушта во и трака?
„Настапува во“ и „нумера“ 


3.Омилена вечера(храна)?
Топол леб, путер, вегета, сирење и планински чај.

4.Колку заработуваат ДиЏеите?
Јас не гледам на диџејството како заработувачка, туку како подмитено хоби.

5.Возиш ли точок?
Возам за рекреација, не за транспорт.

6.Дали слушаш ерадио у понеделник?
Да бидам искрен, не. Ветувам ќе запалам свеќа за здравје и од понеделник на причесна.

Прашања од @bprodanov

1.Шо мислиш за ноќниот живот во Велес?
Шшшш, спие, ќе го разбудиш.

2.Ако не беше музиката, мислиш ли дека ќе успееше у кошарката?
Не, премногу повреди ме уназадуваа. Дополнително кон тоа ме следеше комбинација од несоодветна (за спортисти) исхрана, лош тренерски тим и обврски
.
3.Како ти се свиѓа турбофолкот, и зошто не?
Следниот Аушвиц ќе биде за турбофолкерите.

4.Омилена журка на која си бил/ си ја направил?
Terry Lee Brown Jr. во Poodlebar, Wiesbaden, Ѓерманија 2008, изместување.
А јас што сум направил е дефинитивно пена партито во Summer Club Pueblo, 2010.

5.Твоето мото?
Да имаш мото е да си ги ограничуваш видиците. Јоктур мото.

Следи @Plavaaa