Sunday, April 21, 2013

Твитер прашалник @Architweetka


Твитер прашалник @Architweetka 
1.Име (ник, кој ти го стави)?  
Кум ин РЛ ми е брат ми. А за на твитер морав сама да се снаоѓам. Ников на почеток у about me ми стоеше ама после решив да го тргнам претходниот соу ту таузнт лејт и да си го ставам овој што е пресек од Архитекта + Твитерџика.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Што би рекол татко ми : Кога те видов кога искочи од болница, си реков го жалам син ми, ама богами го жалам и зет ми.

3. Зошто си на твитер?
На твитер сум, пошто ебано увек ми праи друштво за кафе кога немам со кого да го пијам. А и си наоѓам твитерџии за у диско, за да не искачам сама.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Април у Кавадарци, пошто Април у Београду е ту меинстрим.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Никој не ме донесе али имаше фаци што ми го збореа. Беше лето, бев сама дома и немав што да правам. Пополека, пополека се опседнав.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво. Досадно ми е. Кој сака да идеме на кафе?

7. Каде сте родени?
Родена во Скопје, порано од што требало. Али пошто мајка ми частела торта за роденден, јас да не останам покусо, одма сум се стрчала. 100% чоколадна торта била у прашање.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец сакам да одам во Фиренца. На меден месец сакам да одам во Индија пошто незнам кој друг би натерала да иде таму освен мажот ми. Јебига, во добро и во зло.

9. Брак?
Ако ме запроси јавно и се емитува низ целиот свет, може. Се шалам, само не би сакала да започне со трудна сум .

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачка. Дреме и факинг не се замара. Квичи за секс и за јадење. А тоа го праам и јас.

Дополнителни прашања
1.Шо би сменила на Вртелешката?  
Ништо не би сменила. Таква каква што е, би си ја заклучила у подрум и не ви ја давам.

2.Ситуација во која си се засрамила најмногу?
Кога си го твитнав мојот број.

3.Има ли забава на твитер?
Има. Поготово кога ќе џапнеш две – три ракии.

4.Си се заљубила ли на Велигден?  
Не. Премногу сум фокусирана на тоа дали моето јајце ќе победи.

5.Глуп ли е прашалникот ?
Секако дека не. Го чекав овој момент, како МЗТ што си ја чекаше титулата.

Прашања од @JumalaTuoni 
1.Според тебе, кој е најдобриот твит шо си го напишала?
Па незнам, највероватно Влагам во Аушвиц и дим да ме њама

2. Кој мислиш дека е најдобар твит? (општо)
Има еден твит од @MatrixOfHell, што никад нема да го заборавам                                             Од секс пози,омилена м е кога имам со кого

3. Колку време си издржала без твитер?
Па од кога се навлеков, секој ден сум на твитер. Кога немам време, се уклучувам барем на 5-10мин.

4. Си присуствувала ли на твит-ап?
Да, повеќе пати и ептен е добро J

5. Омилен познат лик на твитер?
Никогаш не ми одело со овие работи. Омилен пејач, пејачка, твитерџија, порно, јадење. Иц факинг тежок избор.

6. Дали мислиш дека возовите каснат и зошто е тоа така? #хехе #онака
Не ти каснело тебе менструација, да видиш што е каснење.

7. Неостварена амбиција?
Да станам актерка. Али ќе станам, ќе виите.

Следен : @BokoLoco