Твитер прашалник @TAtanasoska
1. Име (ник, кој ти го стави)?
Тамара Атанасоска или ТAтанасоска :)
2. Опишете се (макс 140 нели)?
За овие информации обратете се кај @MoniiikaA , @mila_la и @stefanijazip
3. Зошто си на твитер?
За да се информирам, пред се за македонската
daily политика. Така ми е избран тајмлајнот еден скрол надоле ми кажува што се случува
денеска околу нас.
4. Шо преставува вашиот аватар?
Ме фативте во фаза на ребрендирање :)) .
На сликата е Јessa, лик од серијата „Girls“. Сите порно асоцијации дечки,
dissmissed :). А тука е зошто знае кога е правиот момент за да се остави вакво писменце:
5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба
со тоа?
Пред малку повеќе од две години работев
во it.com.mk каде @ViktorDano ми беше колега и седеше до мене во канцеларија, па
ми рече нешто како „Еј супер е ова Twitter за пратење технички новости“. Јас како
права бубалица ичитав милиони написи за Twitter, одма му влегов and the rest is
history. Twitter како сервис ми е незаменлив, не ме оптеретуваат карактерите со
непотребни био информации и слики од одмори, не ми излегува кој што правел и кој
му се свиѓа, туку само ставови, кратки и концизни во 140 карактери. Кои информираат.
Absolutely amazing.
6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе
твитните)?
Еве ви го мојот вистински прв твит #самасосебесмешкипраела
My first twitter night :)! A silent night this one. Not even a tweet :)))— Jessa (@TAtanasoska) February 1, 2011
7. Каде сте родени?
Скопје, моето драго Скопје :)
8. Каде би сакале да отидете на еден месец?
А каде на меден?
На еден месец во Русија. Од секогаш сакам
да роварам по Русија и да ја откривам.
На меден негде каде ќе може да се тестира
таа врска до крај, да не бркаат лавови, да се криеме по ровови, жени ко Шарлиз Терон
и мажи како Џони Деп да се шетаат околу нас достапни и слично :))) Ако се вратиме
заедно може да се опуштиме наредните 50 години :)
9. Брак?
Брак е економска единица. Hence, зошто да
не ако анализите упатуваат на тоа дека е исплатливо да се инвестира во неа ;).
10. Ако реинкарнирате во животно, кое би
сакале да е?
Сакам кучиња малку повеќе од луѓе веројатно.
Може во следниот живот поинтензивно да се дружиме. Еве, нека е лабрадорче :).
Дополнителни прашања
1. Гледаш ли Вести ?
Ау не. На тотална диета од пропаганда сум.
Тотално имам блокирано се кое може да ми брцне било каква невистина или едностран
поглед. Зошто, колку и да се браниш од негде ќе ти влезе, нешто ќе зазвучи логично
во моментот и ќе ти остане во глава. Не гледам телевизија никогаш. Престанав да
читам печатени весници, со исклучок на „Граѓански“ кој го купував.
Сега ова ќе звучи можеби малку без врска,
ама сите информации политички ги добивам преку тајмлајнот ¨C вестите кои ги линкаат
оние кои ги следам ќе ги прочитам на онлајн порталите на весниците/телевизиите.
За било која информација која може да е контраверзна како на пример настаните на
24ти декември не се потпирам на никакви медиуми. Тој ден станав од спиење, се облеков,
се најавив дека ќе доцнам на работа и отидов до таму сама да видам што се случува.
Таква ни е ситуацијата, што да правиме.
R.I.P слободни медиуми.
2. Најскапиот подарок шо си го добила ?
Начинот на кој ме растеше мојата мајка која
ме научи на слобода. Фала и.
3. Дали си “коцкар” ?
Се потпираат на случајност само оние кои
не можат со своите раце сами да си ја створат иднината ;)
4. Си пеела ли на караоке?
Ау не. Не, не. Караоке, не. Не ме викајте
на караоке нема да дојдам.
5. Која песна те расплакала?
Редовно плачам на Idol, X-factor,
Britain's got tallent и слични аудиции. На било кои песни. Нив им се остварува сонот,
мене река од очи.
Прашања од @goxo
Мене ми се падна новинар да ми поставува вакви издржани и сериозни
прашања :).
1. Зошто вреди да се бориш за слобода и човекови права кога знаеш
дека борбата скоро и да нема никаков ефект?
Ееее. Зошто така. Борбата секогаш има ефект. И малите работи
како промената на светогледот на еден човек можат да имаат огромни последици и се
рачунаат како победи. Мора да се бориме за слобода зошто нема друг начин да живееме.
„Само слободните луѓе се убави“ велат Бернајс Пропаганда а јас тоа го толкувам како
само животот во слобода вреди да се живее. Ние сме навикнати да ја земаме нашата
слобода здраво за готово, и стануваме свесни за она што сме го имале и колку било
важно дури откако ќе ни го одземат (слободни медиуми, јавни простори, непартизирано
општество). За човековите права мора да се бориме заради солидарноста, најадените
да се борат за лебот на гладните зошто имаат сила, начитаните за да им донесат светло
на тие во темница. Зошто вреди и зошто мора.
2. Феминизмот стана еден вид отворена тема во последно време.
Можеш ли да нафрлиш неколку аргументи зошто македонската жена е дискриминирана?
За нафрлање е добра статистика:
Ние привилегираните, овде во Скопје, со високо образование, сите
скоро независни со колку-толку решени финансиски ситуации лесно забораваме дека
не сме Македонија. Македонската жена е е само белата, високо образована девојка
која се движи во либерални кругови. Доволна е посетата на некое село за да се забележи
дискриминираноста на нашите жени. Како и да е, тоа е само онаа, многу видлива, традиционална
дискриминација која е веднаш воочлива. Според мене посериозно и пострашни се денешните
маскирани дискриминации, лажната еманципација која тргнала наопачки и направила
девојките да се стремат да бидат „one of the boys“ наместо да продолжат по линијата
на фронтот на оние кои се бореле да ги ослободат до тука. Да не почнувам со шовинистичката
пропаганда на нашата влада маскирана во зборовите „традиционални вредности“ и легендарниот
говор на премиерот со “некои си таму женски права“. Но, работиме на случајот, секој
ден. Check out https://www.facebook.com/BoriSeZenski
3. Дали #protestiram беше успешно движење и зошто не?
Јас за #protestiram сум лично врзана и мислам дека уште не го
гледам објективно колку што би требало. #protestiram беше и мојата лична револуција,
целосно ми се промени животот, а верувам и на многу кои беа вклучени секојдневно.
Движењето не беше успешно во поглед да ги оствари барањата за
кои се залагаше ¨C не се направи промена во системот за да се превентираат ваквите
случаи во иднина, не го осуди ланецот на одговорности и не докажа дека оваа грешка
не е инцидентна. Движењето беше успешно со тоа што ја оствари целта со која тргнавме првата вечер, односно не остана на тоа дека на
Мартин му се слошило.
Власта одлично ја заврши својата работа употребувајќи ги механизмите
на игнорирање (исклучување од медиумите, не признавање на легитимност) и етикетирањето
(спинивањето на настанот, учесниците). Ние бевме неспремни и неискусни. Но од тоа
движење произлегоа многу идни, луѓето се вмрежија и охрабрија. Секој пат подобри,
нели? Еднаш ќе успее.
4. Навистина ли Македонија е единствената земја во светот во
која постои етничка заедница наречена Соросоиди?
Навистина! Ние сме злото на две нозе. Beware.
Хихихи ама стварно многу јако. Се надевам Грујо ќе му спомне
на Сорос на шега ова кога ќе се сретнат да преговараат за некои пари пак во иднина
;)
5. Програмирање и активизам, од каде и зошто баш таква комбинација?
Програмирање зошто нема појака професија. Многу си ја сакам работата.
Многу големо влијание на тоа имаа дечките од @2cmk и #skopjehacklab, ми покажаа
еден друг поглед на работите.
Активизам зошто од мала си имам проблем со авторитети и не знам
да ќутам. И зошто сум граѓанин и доследна на својата јавна функција :).
Комбинација ¨C случајна :).